Serie A 2011/2012

Кој ќе биде шампион?

  • Вкупно гласачи
    463
Статус
Затворена за нови мислења.

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Јуве не си ги користел шансите во лига на шампиони а има доста финалиња играно.Многу повеќе од Интер на пример.Значи Јуве играл одлично во лига на шампиони ама јбг понекогаш треба и среќа да се има.Така да Јуве е далеку од неуспешен во лига на шампиони.Си имале тим и си играле на сите фронтови еднакво, точно е дека шампионот се памти ама овде треба да земеш во предвид дека играле многу финалиња и полуфиналиња.

Статистиката кажува дека последните 15 години Јувентус и Ман.Ј се тимовите кои успеале најмногу пати да се пласираат во финалето на лигата на шампионите.Обично до 10 се брои ама пишав 15 зошто овој Јуве што се мачи последниве 5 години е жртва на глупоста на Моџи или на не фер судењето (секој со своето мислење).Значи статистиката вели дека Јуве тие години од 2006 па 10 години наназад бил многу поуспешен од другите италијански екипи во ЛШ.Значи во времето на Моџи Јуве играл одлично и на двата фронта не само во Серија а каде "местел".Како ке го искоментираш успехов во лш? За тоа нема докази за местење така?
Ај вака да не не се разбереме уште на почетокот. Немам ништо против Јувентус иако не сум негов симпатизер. Напротив. Љубител сум на итлаијанскиот фудбал и Серија А веќе добри 20 ина години. Симпатизер сум на Милан, но не и навивач. Во секоја лига имам клуб кој го симпатизирам, како што верувам имаш и ти. Навивав и сеушт енавивам за Вардар.

20 години следејќи ја Серија А како неутрален љубител на фудбалот секојпат бев за послабите тимови - Каљари, Удинезе, Виченца итн... Милан го симпатизирам во Европски рамки.

Познавам многумина како мене, а верувам и ит познаваш. Секогаш преовладуваше мислењето дека Јувентус не може да загуби по никоја цена дома, дека судиите се за него и слично. Како долгогодишен играч на тогашната спортска прогноза многу добро се сеќавам на еден куп голови на ЈУвентус за победи од еден гол разлика во последнит енеколку минути. Многу од нив беа пенали. Како сега пред очи ми се моментите кога се чека фиксот Јувентус а дошло веќе 16 и 45 и тече 90 минута и секојпат истиот коментар еве сега ќе "титне" на тогашно Бус радио. И најчесто титкаше.

Арно ама не титакше така во европските купови за Јуве.

Немам намерам да го негирам успехот на Јувентус. Јас сум лично да Јувентус повторно биде оној стариот од времето на Зидан, па и Недвед, кога можеше да освои титула со леснотија. Одличен Јувентус, ќе повлече одличен Инте ри одличен Милан и одличен фудбал во Серија А.

Но секојпат ќе остане дамката за Моџи и размислувањата дека Јувентус имаше потполна контрола врз целата лига. Секогаш ќе останат мислењата на пример дека Перуџа после победата на "базенот" и селењето на титулата во Рим , бел ден нема видено. Моќниот Моџи го направи своето.

Јувентус имаше солиден тим во најголем период од овие 20 ина години и веројатно 90% од титулите се заслужени, а Моџи самиот допринесе да биде сомнителен целиот тој период.

Тоа е моето мислење, субјективно е , непоткрепено со реални докази за местење, базирано само на интуиција, но се совпаѓа со мислењата на многумина, така да држи и те како вода.
 
Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.938
Поени од реакции
8.837
Види сеа Де Роси е класа играч,моментално еден од најдобрите Италијански фудбалери и еден од најдобрите играчи во свет на неговата позиција.Маркисио е 3 години помлад,од кога се врати од Емполи е стандарден првотимец во Јувентус и тоа јасно говори за неговите квалитети.Сеуште се оформува како играч али има огромен потенцијал да стане предводник на Јувентус и Италијанската репрезентација.

Воопшто немам намера да го споредувам со никого,али не можам да се сложам со тебе дека е 2-3 класи послаб од Де Роси :confused:,сепак не е праиме муабет за Алмирон или Скули.
Ма ОК си е ;) малку провоцирачки го напишав тоа, чекав некој "падобранец" "соодветно" да ми врати :D
 
С

сашенко

Гостин
Ма ОК си е ;) малку провоцирачки го напишав тоа, чекав некој "падобранец" "соодветно" да ми врати :D
А реално колку е подобар Де Роси од Маркизио? Д.Р е подобар ама не е којзане каква разлика
 
Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.938
Поени од реакции
8.837
А реално колку е подобар Де Роси од Маркизио? Д.Р е подобар ама не е којзане каква разлика
па што знам .. доколку ти дадам реален одговор, каков таков, за тебе ќе биде субјективен, доколку ти ми дадеш одговор, веројатно за мене ќе претставува субјективен, да ги прашаме миланезите ќе кажат се најлошо за него :pos::pos:
 
HULK

Black & White Fighter
Член од
12 август 2008
Мислења
1.897
Поени од реакции
1.212
Јас би им одземал и се што освоија со помош на допинг, но за жал се тоа влезе во „застарено дело“

Не знам како е јасно дека Интер со Морати местел. Можете колку сакате сега да ми пишувате реферати за субјективност, а не морам ни да одговорам, ќе остане еден и единствен факт: има суд, и има докази. И многу е јасно.
Ако тоа за тебе се докази и суд ок , не за џабе после процесот секој учесник во истиот изјавуваше дека сето ова е хајка против Јуве, ако не се лажам еден човек дури и се самоуби. Точно е дека судски Јуве беше исфрлен, е сега колку е тој суд релевантен тоа е знак прашалник. Во случај Јуве да го добие споров што моментално се води Серија А би требало да оди во банкрот, на никој не му одговара тоа и затоа се тапка во место, колку докази изнесе Моџи сите беа одбиени дури и уште толку беше казнет човекот. Сеа со уклучување на уефа во процесот ќе се пее друга песна :). Без калчополи интер ќе си останеше просек тим кој секогаш бил а и ќе остане позади Милан и Јувентус.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.674
Поени од реакции
59.789

ОК тоа е тоа, на различна фрекфенција сме, не заради тимовите туку за начинот на размислување.

Само за последната реченица: секогаш и никогаш се големи зборови, фудбал не се игра од 90-та наваму. Без калчополи Интер ќе беше и понатаму жртва. Тоа просек не знам што ти значи, ако е просек екипа со имиња како Роналдо, Заморано, Баџо, Виери, Бергоми, Занети, Џоркаеф, Адриано... тогаш ок, сакам пак да бидеме „просек“. Вие сите алудирате на еден многу мал дел од историјата на Интер во кој играа слаби играчи но и таа екипа со Емре, Далма и слични играчи не е ништо послаба од денешен Јувентус. Во секој случај, и тоа е последица на кражбите кои го чинеа клубот финансиски и заради кои дошол во ситуација да има таква екипа.
 
Нормално, секој си има различен став и различно мислење, тоа просек не го мислев за играчите кои играле во клубот, тоа го мислев на слабата организираност, на слабата управа, далеку од тоа дека алаудирав на играчите, интер секогаш имал играчи на исто рамниште како милан и Јуве но и факт е дека до калчополи немавте некој позабележителен резултат, ти вината ја наоѓаш во ''местењето'', јас пак ја гледам во слабата организираност на клубот, со доведување на слаби тренери, нешто што стана Јуве после калчополи за еве полека да почнат да се средуваат работиве. Точно е дека Јуве не е чист, но никој во Италија не е чист, ако веќе имаше калчополи требаше да се отстрани се од корен и да се почне ко што треба а не сега да излегуваат над 500 разговори на Факети (лесна му земја) и на Меани со делегати и со судии, и не само овие којзнае уште колку местенки има, таков е системот, тој не паѓа само еволуира.
 
JUVE_Ultras

Ragazzo della piazza
Член од
22 септември 2010
Мислења
2.451
Поени од реакции
3.968
ОК тоа е тоа, на различна фрекфенција сме, не заради тимовите туку за начинот на размислување.

Само за последната реченица: секогаш и никогаш се големи зборови, фудбал не се игра од 90-та наваму. Без калчополи Интер ќе беше и понатаму жртва. Тоа просек не знам што ти значи, ако е просек екипа со имиња како Роналдо, Заморано, Баџо, Виери, Бергоми, Занети, Џоркаеф, Адриано... тогаш ок, сакам пак да бидеме „просек“. Вие сите алудирате на еден многу мал дел од историјата на Интер во кој играа слаби играчи но и таа екипа со Емре, Далма и слични играчи не е ништо послаба од денешен Јувентус. Во секој случај, и тоа е последица на кражбите кои го чинеа клубот финансиски и заради кои дошол во ситуација да има таква екипа.
Сакаш да кажеш дека тоа што Интер 20 години немаа титула е поради "местењата" на Моџи? Ја колку што знам релевантниот суд на кој толку се повикувате за спорни сезони ги земаа 2004-2005 и 2005-2006.Едната титула беше поништена,а другата доделена на Интер.Ако имало и други спорни сезони во кои Јувентус освојувал титули,ФИГЦ сигурно немаше да пропушти шанса да ги одземе истите
Или ај Јувентус се местачите па местат утакмици од нивното постоење.Која жртва биле Интер?
Во тие сезони 2004-2005,2005-2006 главни конкуренти за титулата беа Милан и Јувентус,така да ако некој бил жртва од наводното "местење" тоа е Милан не Интер.

Точно низ Интер поминале сите ови големи имиња,али тоа што не освоиле титула не е затоа што Моџи местел,туку заради тоа што некој друг бил подобар од вас.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.674
Поени од реакции
59.789
Сакаш да кажеш дека тоа што Интер 20 години немаа титула е поради "местењата" на Моџи? Ја колку што знам релевантниот суд на кој толку се повикувате за спорни сезони ги земаа 2004-2005 и 2005-2006.Едната титула беше поништена,а другата доделена на Интер.Ако имало и други спорни сезони во кои Јувентус освојувал титули,ФИГЦ сигурно немаше да пропушти шанса да ги одземе истите
Или ај Јувентус се местачите па местат утакмици од нивното постоење.Која жртва биле Интер?
Во тие сезони 2004-2005,2005-2006 главни конкуренти за титулата беа Милан и Јувентус,така да ако некој бил жртва од наводното "местење" тоа е Милан не Интер.

Точно низ Интер поминале сите ови големи имиња,али тоа што не освоиле титула не е затоа што Моџи местел,туку заради тоа што некој друг бил подобар од вас.
Друже дај бе престанете да ја откривате Америка. Ебено е смешно колку ви се нејасни работите си нафрлате од памет теории. Да те внесам малку во системот:

1. Докази се обезбедени за тие години. Затоа сте казнети за тие години.
2. Докази почнаа да се прибираат од едноставна причина што и врапчињата во Италија знаеја што се случува подолго време.
3. Спорни сезони има. 1998 е кардинален пример кога судиите го решија скудетото во директниот дуел помеѓу Јувентус и Интер.
4. Во четири скудета кои Јувентус ги освои од 90-тите наваму, втор е секогаш Интер, не Милан. И сите сезони поминуваа со контроверзии, да речам индиции за местење, по што се пристапи кон прибирање докази, по што се докажа на суд. Тоа се годините во кои наводно Интер бил просечна екипа.
5. Докажано е допингување на фудбалери на Јувентус во 90-ите а тие титули, вклучително и онаа од ЛШ, ви останаа само заради тоа што делото е застарено, т.е. се откри предоцна. Нам не ни е од никакво значење тоа што не ви ги одземале, затоа не плачеме секој ден како Моџи и Ањели.
6. Никој не вика дека ако се било во ред во Италијанскиот фдбал само Интер ќе победувал или само Милан ќе победувал или само Јувентус ќе победувал. Фактите велат дека една екипа беше фаворизирана долго време што придонесе да избие аферата која ја знаеме како Калчополи и која ги донесе работите во каква-таква нормала.

Сега, престанете да плачете и направете екипа па да има за што да збориме.
 
Ивица ЈМК

Forza Juve Per Sempre!!!!
Член од
28 март 2010
Мислења
1.399
Поени од реакции
270
пред некој ден моџи изјави:"Додека Јувентус купуваше шампиони (зидан,турам,канаваро,емерсон....)сите капитени на своите селекции,интер купуваше играчи како Франческо Коко и Вратислав грешко"!!!!!
сватете кој е виновен за титулите на Јувентус.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.674
Поени од реакции
59.789
пред некој ден моџи изјави:"Додека Јувентус купуваше шампиони (зидан,турам,канаваро,емерсон....)сите капитени на своите селекции,интер купуваше играчи како Франческо Коко и Вратислав грешко"!!!!!
сватете кој е виновен за титулите на Јувентус.
Драг Моџи, заборави го Тарибо Вест
 
Ивица ЈМК

Forza Juve Per Sempre!!!!
Член од
28 март 2010
Мислења
1.399
Поени од реакции
270
само што тие споменатите во јуве во вашиот посран сајт никогаш не биле носители на игра,додека грешко беше главен у одбрана кај вас,а коко у средина.и шо ги спомињаш заморано курци палци,коа тие у 2005 и 2006 година веќе одамна беа во пензија.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom