Како се вовело обожувањето на дева Марија - Богородица

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Еве дел од текстот:
„Додека ги давала пред смртта овие упатства, одеднаш со голем татнеж се насобрале многу облаци и го опкружиле домот на Св. Јован Богослов; зашто по Божја заповед Светите Ангели ги собрале Светите Апостоли расеани по разните краишта на вселената за да го проповедаат Евангелието и неочекувано ги донесле на облаците и ги спуштиле пред вратата на куќата во која живеела Мајката Божја. “

Замислете, сите апостоли јавајќи на облаците дошле до куќата на Богородица. На крајот од текстот се вели и дека Богородица воскреснала на третиот ден (слично на Христос) и дури им рекла на апостолите: "Радувајте се, ќе бидам со вас навек.."(слично како што и Христос рекол)

Какво драматично и сензационално искуство на апостолите.
Замислете си ангели да во носат на облаци... мечтаење
Замислете да видете уште едно воскреснато тело...
Зарем не би го запишале ова во вашиот дневник? Зарем не би го напишале ова во вашето писмо до вашите браќа и сестри од другиот град?
Чудно, но апостолите, иако според наведеното житие, го доживеале сето ова тие сепак не изустиле ниту една буква во своите посланија? Никој ништо не напишал, никој ништо не спомнал за ова драматично и спектакуларно искуство во своите посланија.
Апостол Лука пишувајќи за делата на апостолите напишал 28 поглавја детални случки, патешествија, авантури, згоди и незгоди на апостолите, но заборавил да напише за нивното патување на облаците со ангелска придружба и за нивното сведоштво за УШТЕ ЕДНО воскресение и вознесение покрај Христовото?
Замислете, тоа го заборавил и апостол Јован, и апостол Јаков, и апостолот Петар, и апостолот Јуда. размислување
Па дури и Павле во своите 13 посланија до разните цркви заборавил и да го спомне пресветото и пречистото име на пресветата владичицата богородица, а камо ли да спомне за ова спектакуларно доживување на апостолите. Во своето писмо до христијаните во Коринт, тој на долго и широко зборува за воскресението на мртвите, но повторно, дури и во овој контекст, тој не го спомнува воскресението на пресветата и пречиста владичица богородица.

Што мислите вие, зошто? Зошто апостолите го изоставиле овој спекакуларен детал во нивните посланија? Зошто тие ни маргинално не го спомнале името на пресветата и пречиста владичица богородица - Марија?
ЗОШТО?
Библијата вели дека кога Исус воскреснал, живи мртовци шетале низ Ерусалим.

Ако е тоа така, а ти викаш дека е, тогаш:

„Замислете да видете уште многу воскреснати тела...
Зарем не би го запишале ова во вашиот дневник? Зарем не би го напишале ова во вашето писмо до вашите браќа и сестри од другиот град?

Чудно, но илјадниците очевидци на овој СПЕКТАКУЛАРЕН НАСТАН, иако според наведеното житие, го доживеале сето ова тие сепак не изустиле ниту една буква во своите посланија? Никој ништо не напишал, никој ништо не спомнал за ова драматично и спектакуларно искуство во своите посланија.
* * *
Што мислите вие, зошто? Зошто сите современици на Исус го изоставиле овој спекакуларен детал во своите хроники? Зошто тие ни маргинално не го спомнале
Шетањето на живите мртовци сред бел ден?
ЗОШТО?

Дали можеби затоа што ништо од ова не се случило и сето тоа е продукт на рекла-казала, бабини деветини што се кроеле низ годините додека се оформувал култот за ИСУС т.е. неговото обожување?„

Кажи, а, Чорба? Зошто, бе?

--- надополнето: Oct 7, 2011 4:37 PM ---

Чек сега, пошто многу групи се створија не можам да пратам кој е кој: Чорба е од повторно родените или...?

Да не сум оф-топик а осеќам дека ќе биде многу интересно: некој од католичките (па и од православните) пријатели да не просветли за крајот на животот на Дева Марија?
Чорбаџија е паметното дете, победник на натпревар во физика, со извонредни познавања на Книгата и одлично платен мисионерски повик за професија. Креационист по определба, наместо по убедување или разум, тој е несоменено најелоквентниот соговорник од другата тајфа. Поради некакво само-наметнато чувство на... благодарност, ваљда, или чисто суеверие, Чорба е еден од, за мене, најпосветените виртуелни воини на протестантството во нашава мала земја. Евангелист, во најбуквалната смисла на зборот.

Пошто е толку страсен во работата, најверојатно станува збор за некаква голема љубив или голема трагедија во минатото кога повторно се родил во верата.

Пааа, да, најверојатно е Born again.

Он-топик... шо знам... Мислам дека Марија е инсталирана за да има каков-таков gender balance у приказните. Сигурно е и Марија Магдалена затоа ставена.

Да не биде досадно ептен.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.423
Да се вратиме на приказната за Марија:на што православните ја базираат оваа приказна за смртта на Марија кога за тоа нема збор во библијата? Зошто ако апостолите биле присутни на чинот не го опишале истиот? Зошто апостол Павле во толку текстови кои ги има напишано, никаде не ја спомнува Марија и овој голем настан? Не го спомнува ни Исус многу-многу колку што знам. Се вели во приказната дека „невидлив ангел“ му ги исекол рацете на човекот па потоа му ги вратил. Од каде знаете дека бил невидлив ангел а не бил Невидливиот Розев Еднорог? И зошто час зборувате за метафори а час фронтално изнесувате вакви тврдења?

И прашање до католиците: дали и тие ја прифаќаат оваа приказна за Марија или имаат друга? Читав дека тие веруваат дека Марија уште жива се подигнала на небото.

Имате ли нешто да ги поткрепите овие приказни?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.198
Чорбаџија е паметното дете, победник на натпревар во физика, со извонредни познавања на Книгата и одлично платен мисионерски повик за професија. Креационист по определба, наместо по убедување или разум, тој е несоменено најелоквентниот соговорник од другата тајфа.
A Мики1?

:(
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Библијата вели дека кога Исус воскреснал, живи мртовци шетале низ Ерусалим.
1. Тоа не биле физички воскресенија, туку душите на упокоените свети луѓе (старозаветни верници) биле ослободени од шеолот (подземјето = местото каде што почивале душите на старозаветните луѓе) и тие духовно се појавиле на одредени луѓе во Ерусалим. Бидејќи немало откуп за гревовите на луѓето во стариот завет, затоа душите не можеле да одат во Небесното царство, туку морале да ја чекаат Христовата жртва со која биле откупени покриени нивните гревови.
Знам дека ти ова теолошко објаснување нема да го прифатиш и можеби ќе се потсмеваш на истото, но мое е да си пишам, ако не за тебе, барем за другите читатели кои веруваат во Христос.

Доказ дека не се работело за физичко воскресение е тоа што во Библијата јасно пишува дека Христос е првиот што воскреснал:
„дека Христос ќе пострада и дека - како прв воскреснат од мртвите - ќе им навести светлина и на народот и на народите.“ (Дела на апостолите 26:23, Библијата)

2. Душите на упокоените свети не се појавиле за време на воскресението на Исус, туку непосредно по Неговата смрт (петокот). Доколку тие навистина физички воскреснале во петокот, тоа би значело дека Исус не бил првиот воскреснат од мртвите затоа што Тој воскреснал дури во недела. Ова е уште една потврда дека не се работело за физички воскресенија, туку само за ослободувње на душите на светите луѓе од шеолот.

Се надевам сега е појасно. Поздрав!
--- надополнето: Oct 8, 2011 1:15 AM ---
Да се вратиме на приказната за Марија:на што православните ја базираат оваа приказна за смртта на Марија кога за тоа нема збор во библијата?
До Библијата и само до Библијата (Sola Scriptura) во однос на прашањата поврзани со верата се држат само протестантите. Додека католиците и православните покрај Библијата како репер за својата вера и пракса за боговдахновени ги сметаат и:
- Усните преданија (тука нема каноничност, нема објективна историска поткрепа)
- Писанијата на ткн. „свети отци“ (ранохристијански писатели, обично епископи на цркви)
- Житијата на некои ткн. „светци“ (ова исто така спаѓа во усното предание)
- Одлуките на вселенските и помесните собори.

Оттука, православните (и католиците) ги базираат овие приказни за смртта, воскресението и вознесението на Марија од нивното усно предание - кое како што забележа речиси и нема допирни точки со Библијата.

Зошто апостол Павле во толку текстови кои ги има напишано, никаде не ја спомнува Марија и овој голем настан? Не го спомнува ни Исус многу-многу колку што знам.
Точно така, апостол Павле воопшто не ја спомнува блажената Марија во ниту едно свое писмо, затоа што тој бил апостол на неевреите и неговата служба била да го проповеда евангелието за Исус Христос, а не да им раскажува на луѓето приказни за Христовите роднини по тело. Фокусот на Павловите писма бил Христос, изградба и поправање на христијанските заедници (поединци и цели заедници), опоменување до оние што почнале да застрануваат, охрабрување на христијанските водачи и сл.
Значи Павле доста често го спомнувал Исус. Тој Му бил неговиот фокус, централна тема во речиси секое писмо. Не постои ниту едно писмо од сите 12-13 писма на Павле во Новиот Завет каде што не е спомнат Исус по неколку пати.
Поздрав!
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
1. Тоа не биле физички воскресенија, туку душите на упокоените свети луѓе (старозаветни верници) биле ослободени од шеолот (подземјето = местото каде што почивале душите на старозаветните луѓе) и тие духовно се појавиле на одредени луѓе во Ерусалим. Бидејќи немало откуп за гревовите на луѓето во стариот завет, затоа душите не можеле да одат во Небесното царство, туку морале да ја чекаат Христовата жртва со која биле откупени покриени нивните гревови.
Знам дека ти ова теолошко објаснување нема да го прифатиш и можеби ќе се потсмеваш на истото, но мое е да си пишам, ако не за тебе, барем за другите читатели кои веруваат во Христос.

Доказ дека не се работело за физичко воскресение е тоа што во Библијата јасно пишува дека Христос е првиот што воскреснал:
„дека Христос ќе пострада и дека - како прв воскреснат од мртвите - ќе им навести светлина и на народот и на народите.“ (Дела на апостолите 26:23, Библијата)

2. Душите на упокоените свети не се појавиле за време на воскресението на Исус, туку непосредно по Неговата смрт (петокот). Доколку тие навистина физички воскреснале во петокот, тоа би значело дека Исус не бил првиот воскреснат од мртвите затоа што Тој воскреснал дури во недела. Ова е уште една потврда дека не се работело за физички воскресенија, туку само за ослободувње на душите на светите луѓе од шеолот.

Се надевам сега е појасно. Поздрав!
Не е појасно. Зошто се правиш со сила глупав.

Постот никаде не вика дека воскреснале луѓе. Постот ја исмејува твојата заслепеност. Им се потсмеваш на луѓе по форумов за идиотизми во какви и самиот веруваш и промовираш.

Поентата е дека Библијата тврди дека по смртта на Исус сред бел ден умрените шетале по корзо. НИКОЈ СОВРЕМЕНИК/СВЕДОК НИШТО НЕ ЗАПИШАЛ од овој настан.

Зошто, Чорба? Зошто никој ништо не запишал.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Библијата вели дека кога Исус воскреснал, живи мртовци шетале низ Ерусалим.
Поентата е дека Библијата тврди дека по смртта на Исус сред бел ден умрените шетале по корзо.
Прво велиш кога Исус воскреснал, сега велиш по смртта на Исус. Очигледно е дека длабински го немаш проучувано овој настан. Зошто едноставно не признаеш дека не ти е баш најјасно што и како тврди Библијата и понизно да дозволиш да ти објаснат оние кои подобро ја познаваат, оние кои го посветиле животот на нејзиното учење?
Јас погоре се обидов да ти објаснам, но уште пред да почнам да пишувам знаев дека тоа ќе биде залудно. И се покажа дека е така.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Прво велиш кога Исус воскреснал, сега велиш по смртта на Исус. Очигледно е дека длабински го немаш проучувано овој настан. Зошто едноставно не признаеш дека не ти е баш најјасно што и како тврди Библијата и понизно да дозволиш да ти објаснат оние кои подобро ја познаваат, оние кои го посветиле животот на нејзиното учење?
Јас погоре се обидов да ти објаснам, но уште пред да почнам да пишувам знаев дека тоа ќе биде залудно. И се покажа дека е така.
Sekako. Ednash glupost - sekogash glupost. Toa shto Marija ne ja zapishale kazuva deka e glupost. Toa shto zombite ne gi zapiisale kazuva isto. Ti veruvas vo vtorovo, a se potsmevas na prvoto.
Tolku od 'dlabinskoto' proucuvanje.

Manipulator.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
До Библијата и само до Библијата (Sola Scriptura) во однос на прашањата поврзани со верата се држат само протестантите.
До Библијата, познато како принцлип „сола скриптура„ уопште не се држат протестантите, туку протестантите безрезервно го „позајмија„ (неповратно) тој принцип од извесен професор Џон Вајклиф, од 11-от век, па така, протестантите се китат со туѓи перја, сметајќи дека токму тие го откриле наведениот принцип...

Значи, принципот „сола скриптура„ постои уште од времето кога протестантите и протестантизмот не беа ниту мисловна, а камо ли контретна категорија.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Значи, принципот „сола скриптура„ постои уште од времето кога протестантите и протестантизмот не беа ниту мисловна, а камо ли контретна категорија.
He's back 2! :cuc:
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ц, не се изгубив, троа сум на користење на деновите од одморот, а тековно сум надвор од Шкупи. А за другот пат, ќе се најавам пред моето отсуство...:)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.423
Успешно ја сврти дискусијата во друг правец :)
Ало, упокоение, кога, како, зошто, дали...? :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom