Сеедно ми е, дали се ебат со грци или со пакистанци, нивна работа.
Тоа се само факти, а фактите се разликуваат од мислење или став за некоја работа со нивната проверливост од неутрална страна.
Е сега, кога тоа го расчистивме, неколку прашања...
Зарем Гоце, кога умираше во агонија и во смртни болки, сметаше дека еден ден некои кои ќе го изговараат името негово - ќе им ги продадат аеродромите во неговата домовина за која го дал животот - на Турчинот!? На оние кои го убија Гоцета, кои го изгореа Крушево и ги земаа синовите првородени од мајка за да ги прават јаничари?
Плачот и лелекот низ егејот, напалмите и прогонот уште живеат во паметењето на постари луѓе кои страдале...а патријоти им ги продаваат Скопско, цементара, Окта, текстилот на грците?
На ред е приказна...

Еден ден во животот на патријотот.
Си дојде Митре дома од работа во маркетот грчки, со корејската кола во која тукушто ставил грчки безнин, си седна пред кинески телевизор со грчко скопско во рака, српски чипс за мезе, си направил троа муабет преку грчки мобилен оператор за најновата епизода на турската серија која ја гледал на кинескиот телевизор и се мислел дали грчката банка со домашно име работи до шест или до седум за да оди да плати сметки за австриската струја...
И така пиејќи и одмарајќи се думаше како е можно да постојат такви предавници кои земаат бг пасоши...