Верба во Бог - страв, стравопочит, респект, спознание или нешто сосема друго?

  • Креатор на темата Креатор на темата Donald Sikert
  • Време на започнување Време на започнување
Pisatelot sakashe da kaze isto ona shto i otvarachot na temata sakashe da prasha.
Верба во Бог - страв, стравопочит, респект, спознание или нешто сосема друго?
 
Pisatelot sakashe da kaze isto ona shto i otvarachot na temata sakashe da prasha.
Верба во Бог - страв, стравопочит, респект, спознание или нешто сосема друго?

Чекај, јас ќе ти помогнам. Темата е јасна, зошто луѓето веруваат во Бог. Коректен одговор на темата би бил, затоа што бла,бла,бла...

Вака ти, коски, черепи, спратови, угоре, удолу...

Без метафори и параболи, тие се за сиромашните по дух...

:)
 
Индоктринација од мали нозе. Веруваме затоа што ни е всадено да веруваме, така ни го објасниле светот кога сме поставувале прашања за него, уште во домот. Моментот кога ќе ти го објаснат концептот на пеколот е одлучувачки. Има да веруваш во што год ти кажат после тоа.

Некој успева да се ослободи, големото мнозинство не.
 
Зар човек нема од што да учи,
какво осамено место но сепак бучи.
За човек да поверува во себе,
треба бог да верува во тебе.
Враќај се наназад, не следи книги
емоциите се тие што те водат, а не нечии бриги.
Отфрли се, се што си залепил за себе,
и месо и крв, откорни се од тебе.
До коски да стигнеш, од светот присвоени,
за срце и најмили во љубов обоени.
Извади го, проклето, веќе да не љуби,
важно да е жив, ништо не се губи.
Ако умреш за еден си умрел за сите (забелешка од авторот: мораше да ја копирам реченицата ме погоди :) )
И срцето камен ќе биде,
Ти незнаеш кој си, ни љубов ни омраза виде.
Другите ко во огледало ќе гледат,
какви се тие во тебе ќе следат,
но ти ќе бидеш непрепознаен, сам,
и мислите тогаш ќе ви доаѓаат вам.
Ни глава да потпреш, и мисли во летот,
па луд ќе те сметаат сите од светот.
Осаменоста твоја ќе е ден секој,
и ќе се движиш без да примети некој.
Жештина во чело, времето стои,
смртта во рака, ќе ги брои деновите твои.
Се чуствуваш празен, темнина празна,
сред оаза со вода, жеден, заради знаењето казна.
И се што ќе читаш во тебе не влегува,
во тебе не се задржува низ телото излегува.
Жив мртовец, избројани ти се дните
Дали е ова по кое трагаат сите?

(секогаш ваша, Неса)

П.С (појаснување) поезијата што сакаше да ја создаде Алф, сепак не се мои мисли....
 
Вие што досега не сте, прочитајте нешто за локус на контрола. Потоа и религиите и теориите на заговор ќе ви станат многу посфатливи.

Ништо нема да стане појасно, можно е само да запознаат уште еден концепт, начин на резонирање со кој се трудат да се објаснат некои работи. Моделот е премногу редуциран, симплифициран за да може да се прифати како конечно објаснување за, еве,конкретно да речеме, причините поради кои постојат Верници и Неверници.
 
Верба во бог-верба во себе, љубов,разбирање и почит кон се што постои...
--- надополнето: Oct 6, 2011 10:12 PM ---
Miki1976,
Нема што да се учи,празно и осамено место е тоа.
Човек може да верува во бог,но дали бог ќе поверува во тебе.
За да бидете едно и ти во него и тој во тебе.

Враќај се наназад,сега си оформена личност имаш одреден статус меѓу роднините и пријателите,емоциите се тие што ќе те водат,следи ги нив,а не некоја книга.
Врати се до моментот кога си се родил,отфрлај све од тебе она што си го залепил и за тебе сраснало како месо,корни све.
Дел по дел да ти отпаѓа месото(она од овој свет присвоено) додека не остане само скелетот и последното нешто е срцето,оној кого најмногу го сакаш.Извади го, заборави дека некогаш си сакал само тој да биде жив и здрав,не важно дали некогаш повторно ќе го видиш бидно е жив,а ти не си размислувал ниту за својот живот,ниту што ќе речат другите,ниту кариера,ниту иднина.
Ако умреш за еден,си умрел за сите други.
добиваш ново срце,КАМЕН.
Ниту љубов ниту омраза,ниту знаеш кој си.Делуваш како огледало на другите,какви се тие ќе се видат во тебе,а ти не се препознаваш со никого.
Мисли ќе ти доаѓаат сами иако книги нема да читаш.Глава ќе нема каде да потпреш,со кого мисли да споделиш,да не те помислат луд според критериумот на овој свет.
Осаменоста е твое секој ден.
Иако се движиш и функционираш меѓу лугето нормало без да приметат некаква разлика.

Челото ќе те жежи постојано.

Времето стои,ја држиш смрта во рака,се потпираш на нејзината глава (почетокот)
Ќе се чуствуваш празен,темна празнина од која извира "вода" никогаш жеден нема да бидеш(за знаење).

Све што земеш да читаш,не допира до тебе како од едно уво влегува од друго излегува ништо не се задржува во тебе.

Жив мртовец.
Дали е ова по кое трагаат сите ?
Се зависи од пристапот.Истиот овој текст би го напишал поинаку
 
Верба во бог-верба во себе, љубов,разбирање и почит кон се што постои...
--- надополнето: Oct 6, 2011 10:12 PM ---

Се зависи од пристапот.Истиот овој текст би го напишал поинаку
Напиши тоа што чуствуваш.
Но,ако милуваш повели од твој страна напиши поинаку како гледаш.
--- надополнето: Oct 7, 2011 12:20 PM ---
Ако Бог е бесполов или двополов, а го создал човекот според својот „лик“, тогаш сите треба да или да немаме полови органи или да имаме по два полови органи; ако го создал по својот лик тогаш (бидејќи адам е прв создаден), тогаш само мажите можат да се божји суштества; ако имал „син“ кој го воскреснал, значи самиот себе се воскреснал (синот божји е самиот бог, така? Свето тројство ... и све остало). А бидејќи времето непостои значи ништо не е создадено и неможе да биде уништено....
Нешто така,ама не баш така.

Нетреба да се оди подалеку од она што ти е пред очи.
Набљудувај го човекот,но мораш со сите периоди од неговиот живот да ги ставиш во една целина(без временска) бебе,дете,пубертет,возрасен човек,родител и старец.Стави ги во едно.
Секој период различно однесување(различни глави) иако гледаш човек возрасен тој поминал низ период на растење додека стигнал тој момент.
Кој момент од неговиот живот не разликувал полови,кој период бил како теленце кога за рака го носеле други,кој период ја увидел половата разлика,после станал искусен и се соживеал со телото(полот) и оформил карактер со јасни ставови,после станал родител со обврска да носи дома храна за своето семејство(орел) све да зграби и последниот старецот искусен од животот кој мирно ја чека смрта.

Можели возрасен човек да го воскресне бебето кое некогаш бил и истовремено да ја вкуси смрта што ја чека старецот.
Во некој размислувања тоа значи повторно раѓање.
Нешто вака:)
 
Враќај се наназад,сега си оформена личност имаш одреден статус меѓу роднините и пријателите,емоциите се тие што ќе те водат,следи ги нив,а не некоја книга.
Врати се до моментот кога си се родил,отфрлај све од тебе она што си го залепил и за тебе сраснало како месо,корни све.
Корни се што те одалечило од себе, врати се на ниво на мало дете, кога не си знаел за норми, правила, ограничувања и страв од истите.

Дел по дел да ти отпаѓа месото(она од овој свет присвоено) додека не остане само скелетот и последното нешто е срцето,оној кого најмногу го сакаш.Извади го, заборави дека некогаш си сакал само тој да биде жив и здрав,не важно дали некогаш повторно ќе го видиш бидно е жив,а ти не си размислувал ниту за својот живот,ниту што ќе речат другите,ниту кариера,ниту иднина.
Ако умреш за еден,си умрел за сите други.
добиваш ново срце,КАМЕН.
Срцето сочувај го и отвори го најмногу што можеш...
Не размислувај за тоа што ке речат другите, прави го тоа што го сакаш, не живеј во минатото или иднината, живеј во овој момент-сега.
Никого не сожалувај и на никому не му суди, за се има оправдување
Сите ние сме едно исто
Ако умреш цел свет те губи, а не само еден или...

Ниту љубов ниту омраза,ниту знаеш кој си.Делуваш како огледало на другите,какви се тие ќе се видат во тебе,а ти не се препознаваш со никого.
Мисли ќе ти доаѓаат сами иако книги нема да читаш.Глава ќе нема каде да потпреш,со кого мисли да споделиш,да не те помислат луд според критериумот на овој свет.
Осаменоста е твое секој ден.
Иако се движиш и функционираш меѓу лугето нормало без да приметат некаква разлика.
Огледало... како беше она- не постојат односи кои треба да се поправаат, постојат само огледала, ние во лугето околу нас гледаме огледала, во нашиот партнер, во нашите родители, другари... се се тоа само огледала, односно секој наш потег, збор, мисла... се се одразува во огледалото
А ако не ти е важно што мислат другите, од каде сега ова што го болдирав погоре?
Ако си едно со сите, како можеш да бидеш осамен?
 
Корни се што те одалечило од себе, врати се на ниво на мало дете, кога не си знаел за норми, правила, ограничувања и страв од истите.

Пишуваш по лично искуство?
Си бил и си се вратил,онаму кај што сум сега.
Срцето сочувај го и отвори го најмногу што можеш...
Не размислувај за тоа што ке речат другите, прави го тоа што го сакаш, не живеј во минатото или иднината, живеј во овој момент-сега.
Никого не сожалувај и на никому не му суди, за се има оправдување
Сите ние сме едно исто
Ако умреш цел свет те губи, а не само еден или...
Да ти дадам да ја пиеш мојата чаша,вака напишано изгледа добро ,но јас не произлегов од вас, мислиш дека треба да ги доближуваме разликите за да се сретнеме на средина?
Јас ќе тргнам,но треба и ти да тргнеш накај мене.За да се прегрнеме како браќа на половина пат.
Како да знам дека не сакаш постигнеш нешто друго?Волку ...зошто имаш големи заби:)
Вие го барате тоа,а јас го барам тоа што го имате вие.Споразум нема,само средина.ОК

Огледало... како беше она- не постојат односи кои треба да се поправаат, постојат само огледала, ние во лугето околу нас гледаме огледала, во нашиот партнер, во нашите родители, другари... се се тоа само огледала, односно секој наш потег, збор, мисла... се се одразува во огледалото
А ако не ти е важно што мислат другите, од каде сега ова што го болдирав погоре?
Ако си едно со сите, како можеш да бидеш осамен?

Не те разбрав кое погоре?
 
Изразот "Деви" претставува Божествената сила која ги презела Rajasic (моќните) форми за сузбивање на силите на злото и за да се заштити Sathwic (доброто). Секогаш кога силите на неправдата, неморалот и невистината растат со монструозни пропорции и се препуштаат во танцот на смртта, кога себичноста и личниот интерес се нескротливи, кога луѓето ги губат сите чувства на добрина и милост, на Атмичкиот принцип, под формата на Shakthi, Бог ќе ги уништи злите елементи. Ова е внатрешното значење на фестивалот Dasara. Развивање на добри квалитети. Култивирајте љубов меѓу сите луѓе. Сите фестивали се дизајнирани за да се промовира Божествената љубов меѓу сите, и за да се предаде таа љубов на луѓето, поради која Бог се инкарнира на земјата. Тој самиот покажува како љубовта треба да биде изразена. Тој не опсипува со Неговата љубов и не учи сите како да сакаме. Затоа, искусете ја оваа љубов и радост во вашиот живот и живејте во мир. -Баба
--- надополнето: Oct 7, 2011 5:25 PM ---
http://www.youtube.com/watch?v=1L87eq09kx8&feature=player_embedded
 
Една мала поправка: Богот се спознава, не се верува во него!
Ако сретнете некој по улица кој ви вели: Верувајте, и ќе бидете спасени, плукнете го во лице, ставете му земја на очите како доказ на негоавата слепост и продолжете по својот пат!
 
Една мала поправка: Богот се спознава, не се верува во него! Ако сретнете некој по улица кој ви вели: Верувајте, и ќе бидете спасени, плукнете го во лице, ставете му земја на очите како доказ на негоавата слепост и продолжете по својот пат!
Nemoze da se spoznae,toa e sebichna misla i ako taka razmisluva chovek nikogash nema nishto da spoznae. Ljubovta e pochetok,ljubov koja postepeno ke raste. Kako taa ke raste,tolku i pogolema praznina vo srceto ke imash,bidejki nikoj ne moze da ti vozvrati so isto tolku golema ljubov kako tvojata,. Zena,moze da ti vozvrati,no koja kje te zasaka so tolku grdo lice-zver . Ako nikoj ne moze da te zasaka,togash zasakaj vodata.Taa e postojano so tebe ,shto pravi zena toa go pravi i vodata. Taa kje ti ja gasi zedta,te pere,ti dava zivot. Samo taa moze da ti vozvrati na tvojata ljubov koj e tolku golema i da ja popolni prazninata vo tvoeto srce. Taa ke bide tvoja zivona sopatnichka,te ti zboruva za toa shto ima gore na neboto,shto ima dole na zemjata i shto ima pod zemjata.Taa ke ti pomaga da odgatnuvash zagatki shto chovechki um nemoze da gi odgatne. Vo nejze e celata mudrost od pochetokot na svetot.Oko koe gleda sve,vrv na koj im nedostasuva na nekoj,a tebe kje ti nedostasuva cela planina. Nemozesh da go osoznaesh bog,mozesh ako si dostoen za toa vzaemno da deluvate,kako maz i zena;,nevesta i mladozenec. Za ova treba vera.
 
Затоа јас се водам по овој закон: Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот закон! Љубов е законот, љубов под волја! :)
Љубовта не е вера, пракса е! Ако веруваш, си застранил од патот!
И неможат само неспособните и мрзливите! Неосознаен Бог е мртва идеа. Лажен духовен идеал...
Човекот само мери и премерува што е достојно за ова или она. Работи, и ќе го осознаш што е достојно за тебе и Богот! И не премерувај што е достојно за другите...

П.С. Ако ја засакаш водата,а заборавиш на огнот кој што тлее во сечие срце, пак си застранил од патот.
 
Индоктринација од мали нозе. Веруваме затоа што ни е всадено да веруваме, така ни го објасниле светот кога сме поставувале прашања за него, уште во домот. Моментот кога ќе ти го објаснат концептот на пеколот е одлучувачки. Има да веруваш во што год ти кажат после тоа.

Некој успева да се ослободи, големото мнозинство не.
Не дека и тие што на нас ни кажувале знаат, туку и на нив им било кажано некогаш кога биле мали. И работава испаѓа дека си играме расипан телефон 2011 години, па и подолго . Претходно биле многубошци дака да и они си играле некое време расипан телефон.
Јас полека се ослободувам од тие зборови кои се пренесуваат со векови а никој не дознал дека се вистинити.
Мислам дека треба да се застане како трета особа, на пример се замислуваш дека си марсовец и си паднал од марс, ништо не знаеш, прв пат си тука, и така го посматраш проблемот помеѓу човекот и религијата. Се откриваат многу завеси кога ке се ставиш во таа улога, кога ке имаш улога на публика и само ја гледаш претставата што се случува пред тебе.
Јас успеав да се ставам во таа улога иако бев на сцената од како се родив до пред скоро време, и ја играв улогата "човек", и од публика представата вака ја видов:
Го гледам попот со кандилото го мафта лево десно лево десно лево десно и човекот полека го хипнотизира со своите зборови, со самото мафтање и со мирисот на кандилото.
И толку. Тоа е целата претстрава, нема прашања нема акција нема спротивни мислења ништо.
Воглавно тоа се случува, и така попот го држи хипнотизиран човекот едно 2011 години. Претходно некакви си свештеници го држеле хипнотизиран, ама кога дошла 0 година до денешната 2011 година попот ја игра главната улога, негативецот кој сеуште не е фатен од правдата. Релативно досадна е претставава нели?
 
Затоа јас се водам по овој закон: Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот закон! Љубов е законот, љубов под волја! :)
Љубовта не е вера, пракса е! Ако веруваш, си застранил од патот!
И неможат само неспособните и мрзливите! Неосознаен Бог е мртва идеа. Лажен духовен идеал...
Човекот само мери и премерува што е достојно за ова или она. Работи, и ќе го осознаш што е достојно за тебе и Богот! И не премерувај што е достојно за другите...

П.С. Ако ја засакаш водата,а заборавиш на огнот кој што тлее во сечие срце, пак си застранил од патот.
Грешка си
вербата во љјубовта ти овозможува да ја примиш истата, ако не веруваш во нешто, значи дека истото за тебе и не постои
ако не веруваш во љубов, како можеш да ја чувствуваш истата, како можеш да ја шириш понатаму?
А водата... таа е само еден од 5те елементи
--- надополнето: Oct 8, 2011 5:55 PM ---
Една мала поправка: Богот се спознава, не се верува во него!
Ако сретнете некој по улица кој ви вели: Верувајте, и ќе бидете спасени, плукнете го во лице, ставете му земја на очите како доказ на негоавата слепост и продолжете по својот пат!
Бог се спознава, ама џабе ти е ако го спознаеш а не веруваш во него, а и дали е можно да се спознае бог без верба во него?
Верувајте и ке бидете спасени
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom