Се бориме да ги надминеме предрасудите ама не секој успева во тоа...штета
Бракот е изградба на своја куќа, дом, каде сопружниците се архитектите. Лоши искуства од комшиките или блиските роднини не се правило за вообичаен брак.
Друга работа...Пуштив линкови за за предрасудите за религиозно потекло на бракот, за предрасудите за невиноста као христијанска измислица... потеклото на бракот и семејството, нивната општествена улога...
Во мојот муабет нигде не е поврзана религијата (ко да се молиме пред секој чин или активност, бабини муабети...)...феминизмот (прикаски за мали благонадежни госпоѓици кои без Џејн Фонда немаше да се пробијат ниту до Холивуд...која патем од феминистка се престори во добра домаќинка со богат дебел старец како сопружник) ...подобар живот во СФРЈ со бракот како институција...ги мешаш темите и лончињата, религии и подобар живот со темата за брак.
Појавата на брак од интерес и со купување на младата биле многу поизразени во изминатите илјадници години...што покажува дека токму бракот од интерес и за пари е нешто назадно и треба да се надмине.
Секој има право на мислење...прилично бесцелно е да мешаш други теми кога нема што да кажеш. ...патем, заборави да ми ги споменеш и годините
од твое лично искуство со бракот...ок, така нека биде
И еден офтопик
тоа наудрен да им го кажеш дома. Често користиш вакви изрази па колку и да не сакам, ќе мора да ги пријавувам за бришење...или ако си за вакво ниво на муабет, кажи.
Сеуште се надевам дека моеш да дискутираш и без да навредиш некого и без да спомињаш други теми.
Јас ти кажав уште во првиот дел од постот - имам голем проблем со моралните вредности на религиозните луѓе, имаме сосема различна перцепција на светот и можам да разберам дека е тоа нивен избор на живот, но кога убедуваат дека е тоа така за сите, и дека другите грешат... да, тоа ме иритира.
И тоа со феминизмот го спомнав во контекст на бракот, сосема му е местото тука, околу тежината на бракот. Јас се заложувам за поделба на обврските рамноправно, додека ти застапуваш традиционални принципи. Со тоа го застапуваш и традиционалното гледање на бракот, а јас не го гледам на ист начин. Ти ме убедуваш дека грешам, а јас ти викам дека можеш да зборуваш само за твојот брак а не за тоа како е општо прифатено меѓу луѓето.
Бракот како институција е партнерска и државата не ја интересираат субјективните чувства на партнерите. Тие потпишуваат договор пред овластено лице. Како тие ќе го уредуваат и зошто стапуваат, е нивен проблем.
Од аспект на законот, бракот е договор.
Секој друг аспект е субјективен.
Тоа што не сум во брак не значи дека не знам што е тоа, и дојде ти просветлениот да ми кажеш. Или оние кои тврдат дека е тоа докажување на вечна љубов, тие ти одговараат, а кога некој не мисли како тебе, тој веднаш не го бидува, не знае, зборува на памет.
За разлика од тебе, кој има позитивни искуства со својот брак, мене ми е професија да гледам секакви бракови, и секакви семејства и семејни структури. Мојата професија ме натера да сфатам дека традиционалните стеги кои вие ги нарекувате љубов и така треба, едноставно потфрлуваат во поголемиот број на случаеви. Според тоа, мора да се менуваат, зошто токму така, семејството како основна клетка на општеството, мора да ги задоволува неговите членови.
А според бројот на разводи, не кај другите, ете кај луѓето кои ги познавам и ги познаваат моите родители, доаѓам на мислење дека од погрешни причини потпишале. Дека погрешни работи бараме кај партнерот.
И бидејќи не сум ти на ниво за дискусија, те молам не ме цитирај. Нема да го прифатам твоето мислење, ниту пак ќе ме убедиш дека грешам.
--- надополнето: Oct 6, 2011 8:05 AM ---
Ова е една многу тешка тема и не верувам дека некој со некој ќе се убеди. Како што јас верувам во институцијата брак, така некој не верува и тоа е сосем за разбирање. Барем од моја страна.
Мене сосем сигурно никој не може да ме убеди дека нема тежина во постапката да застанеш
пред Бога и да се заколнеш на вечна љубов. И сосем сигурно никој нема да ги увери тие што не веруваат во овој чин во спротивното. И со луѓе што сум зборела се обидувале да ми објаснат зошто не веруваат во бракот како институција, зошто го сметаат како нешто непотребно, ама јас кога верувам џабе им е се, нема тука разубедување, не се работи за вкус во музика, за книги, филмови или сл., се работи за нешто што е вкоренето во нас и тоа е тоа. Барем според мое мислење
Ми се допаѓа твоето мислење, зошто си разбрала, барем ти, дека бракот се подразбира дека е застанување ,,пред Бога,,. И ако тоа ти е причина за стапување во брак, а не некоја секундарна (годините ми дојдоа, малце трудна) тогаш верувам дека таа причина е основана и предуслов за добар соживот со партнерот.