Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.
G

galaxy

Гостин
Мики, се сметам себеси за просечно интелигентно суштество, кое има желба да стане попаметно.. Рецептот за тоа како да станам попаметна и да го распознавам доброто од злото го најдов во Библијата, која вели:

2 Тимотеј 3:
16Целото Писмо е од Бога вдахновено и е полезно за поука, за изобличување, за поправање и за воспитување во правдата,
17 за да биде Божјиот човек совршено подготвен за секое добро дело.

Инаку, Библијата ја читам доста интензивно, неколку години,- од време-на време, колку што тоа ми го овозможуваат улогите кои ги имам во животот: мажена и вработена жена, со еден куп семејни обврски и со ова сурово брзо темпо на живеење..За среќа, син ми кој се разбира во компјутери ми ја најде Библијата на интернет во Аудио формат (на англиски додуша), па кога наутро пешачам на работа ги ставам слушалките и ... впивам мудрост.. :)
И така секое утро по едно пола саат, секој (работен) ден!
А ефектот е неверојатно добар:-во гледањето на работите, во менувањето на вредностите, приоритетите во животот.. И така, промените, кои не можеа, а да не бидат забележани од другите околу мене (мислам на своето однесување, кое го ускладувам со мојот поинаков начин на размислување, кој го темелам на Библијата) ме направија сосема поинаква личност, од онаа која бев пред едно - 10 години..
Ова има и свои негативни страни, - не можам да најдам соистомисленици. Се чувствувам осамена и неразбрана (да не речам луда, како што веројатно им заличувам на другите), од време на време.. Заради тоа и се зачленив на форумов, ама за беља - и тука не можам баш да ги најдам..(соистомислениците)
А зошто наместо книга напишана пред 2000 години, која не е совршена, за да станеш попаметна не читаш нешто напишано во овој век?
 
Член од
12 јули 2011
Мислења
89
Поени од реакции
25
Волшебно е кога ваков вистински верник е на чисто околу тоа што е, а што не е работа на Јахве!

Девино, мислам дека можеш да се сметаш за апсолвент по христијанство.

Се знае чија работа се масакрите и линчувањата! Наше е да блееме, да пасеме и да раѓаме други овци.

Јахве си го држи сатарот остар.
Далеку сум од апсолвент..Има уште многу работи кои не ги знам и на кои сакам да добијам одговор.. А во меѓувреме, ми останува самот тоа - да си „блејам“, како што велиш, а ако некој ме слушне - ОК, ако не - пак ОК ..
Секој за себе ќе си одговара на крајот..

1 Самуил: 26:23 А Господ ќе му врати секому според неговата правда и според неговата верност...
Исаија: 59:18 Ќе му врати секому според неговите дела: Својот гнев на противниците, одмазда на непријателите.
Езекиел: 18:30 Затоа доме Израелев, Јас ќе му судам секому според неговите патишта - говори Господ Бог. И така, покајте се и обратете се од сите свои престапи и вашиот грев не ќе ви биде гибел!
Матеј: 25:29 Зашто секому, кој има, ќе му се даде уште и ќе има во изобилство, а оној, кој нема, ќе му се одземе и она што го има.
Римјаните: 2:6 Кој ќе му даде секому според неговите дела:
Откровение: 2:23 И ќе и ги погубам децата, и сите цркви ќе знаат дека Јас Сум Тој, Кој ги испитува бубрезите и срцата, и ќе му дадам секому од вас, според неговите дела.
22:18 Јас му сведочам секому, кој ги слуша пророчките зборови на оваа книга. Ако некој им додаде нешто, Бог ќе му додаде од злата опишани во оваа книга.
--- надополнето: Oct 6, 2011 11:21 AM ---
А зошто наместо книга напишана пред 2000 години, која не е совршена, за да станеш попаметна не читаш нешто напишано во овој век?
За мене таа Книга е совршена. Точка.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Мики, се сметам себеси за просечно интелигентно суштество, кое има желба да стане попаметно.. Рецептот за тоа како да станам попаметна и да го распознавам доброто од злото го најдов во Библијата, која вели:

2 Тимотеј 3:
16Целото Писмо е од Бога вдахновено и е полезно за поука, за изобличување, за поправање и за воспитување во правдата,
17 за да биде Божјиот човек совршено подготвен за секое добро дело.

Инаку, Библијата ја читам доста интензивно, неколку години,- од време-на време, колку што тоа ми го овозможуваат улогите кои ги имам во животот: мажена и вработена жена, со еден куп семејни обврски и со ова сурово брзо темпо на живеење..За среќа, син ми кој се разбира во компјутери ми ја најде Библијата на интернет во Аудио формат (на англиски додуша), па кога наутро пешачам на работа ги ставам слушалките и ... впивам мудрост.. :)
И така секое утро по едно пола саат, секој (работен) ден!
А ефектот е неверојатно добар:-во гледањето на работите, во менувањето на вредностите, приоритетите во животот.. И така, промените, кои не можеа, а да не бидат забележани од другите околу мене (мислам на своето однесување, кое го ускладувам со мојот поинаков начин на размислување, кој го темелам на Библијата) ме направија сосема поинаква личност, од онаа која бев пред едно - 10 години..
Ова има и свои негативни страни, - не можам да најдам соистомисленици. Се чувствувам осамена и неразбрана (да не речам луда, како што веројатно им заличувам на другите), од време на време.. Заради тоа и се зачленив на форумов, ама за беља - и тука не можам баш да ги најдам..(соистомислениците)
Претпоставувам неможеш да најдеш соистомисленици само во некои погледи кон светот:)

Јас би ти рекол повели некојпат надвор од форумов, ќе се видиме во живо и ќе видиш дека си истомисленик со многумина за кои мислиш дека се различни од тебе.

И би те запрашал ја читаш велиш библијата секогаш кога имаш време. ТОа значи ја читаш по неколкупати ?
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Далеку сум од апсолвент..Има уште многу работи кои не ги знам и на кои сакам да добијам одговор.. А во меѓувреме, ми останува самот тоа - да си „блејам“, како што велиш, а ако некој ме слушне - ОК, ако не - пак ОК ..
Секој за себе ќе си одговара на крајот..

1 Самуил: 26:23 А Господ ќе му врати секому според неговата правда и според неговата верност...
Исаија: 59:18 Ќе му врати секому според неговите дела: Својот гнев на противниците, одмазда на непријателите.
Езекиел: 18:30 Затоа доме Израелев, Јас ќе му судам секому според неговите патишта - говори Господ Бог. И така, покајте се и обратете се од сите свои престапи и вашиот грев не ќе ви биде гибел!
Матеј: 25:29 Зашто секому, кој има, ќе му се даде уште и ќе има во изобилство, а оној, кој нема, ќе му се одземе и она што го има.
Римјаните: 2:6 Кој ќе му даде секому според неговите дела:
Откровение: 2:23 И ќе и ги погубам децата, и сите цркви ќе знаат дека Јас Сум Тој, Кој ги испитува бубрезите и срцата, и ќе му дадам секому од вас, според неговите дела.
22:18 Јас му сведочам секому, кој ги слуша пророчките зборови на оваа книга. Ако некој им додаде нешто, Бог ќе му додаде од злата опишани во оваа книга.
--- надополнето: Oct 6, 2011 11:21 AM ---

За мене таа Книга е совршена. Точка.
Никој воопшто не го оспорува твоето уставно (а и морално) право да сметаш дека одредене книга е одлична или не. Проблемот секојпат настанува кога некоја институција (читај црква) ќе се обиде да ја наметне со сила содржината од истата таа книга на многумина кои немаат високо мислење за истата таа книга.
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Секој ја наоѓа смислата на животот на сопствен начин. Ако за некој тоа значи книга од пред 2000 години, за друг ќе биде соочување со реалноста и проблемите. Ако Девина наоѓа душевен мир читајќи ја Библијата и со тоа станува подобар човек за себе (а после и за сите околу неа), тогаш нека ја чита. Јас на пример не ги наоѓам одговорите во Библијата, туку јас се обидувам сама да се снајдам во животот. Мене не ми требаат зборови испишани на страници, туку доволно ми се самоконтрола и разбирање на тоа што чуствувам.
Но сепак, не треба да мислиме дека начинот на кој ние живееме е прав или крив, бидејќи некој друг не живее така. Во оваа дискусија гледам дека тоа се случува. Девина, убаво што успеваш да најдеш мир читајќи, но исто обиди се да најдеш и толеранција, разбирање и соочување со чуствата....
 
G

galaxy

Гостин
За мене таа Книга е совршена. Точка.
OK, kako go tolkuvas ova:

Deuteronomy 21:18- 21
18 If a man has a stubborn and
rebellious son who does not obey his
father and mother and will not listen
to them when they discipline him, 19
his father and mother shall take hold
of him and bring him to the elders at
the gate of his town. 20 They shall say
to the elders, "This son of ours is
stubborn and rebellious. He will not
obey us. He is a profligate and a
drunkard." 21 Then all the men of his
town shall stone him to death. You
must purge the evil from among you.
All Israel will hear of it and be afraid.

Дали доколку твојот син почне да пие, да се дрогира ќе го однесеш во Советот на град Скопје или во судот за да го каменуваат. Дали е грев што кај нас, во нашите судови нема таков оддел за каменување на деца кои не ги слушаат родителите? Дали сме заведени од ѓаволот што ги поштедуваме палавите деца и ги оставаме да живеат?
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Мене ми се хитови Левит и Второзаконие.

Левит 21:
9 Ако свештеничка ќерка се обесчестила со блудствување, таа го бесчести татка си; нека биде изгорена на оган.

или малку подолу каде Јахве, звани Љубав, вика:

16 Господ му рече на Мојсеја:
17 „Речи му на Арона: ‘Никој од твоите потомци, во нивните родови, кои ќе имаат некаков телесен недостаток не смее да се доближи да го принесува лебот на својот Бог.
18 Ниеден на кого има недостаток не смее да пристапува: ни слеп, ни хром, ни со обезличен нос, ни со излишен член;
19 ни таков кој има скршена рака или нога;
20 ни подгрбавен, ни со сув член, ни со болни очи, ни лишав, ни јадежлив, ни килав.

од 24:
44 А ако сакаш да имаш робови и робинки, можете да ги купите, и машки и женски, од народите што се околу вас.
45 Можете да ги купувате и од придојдениците, кои се населени меѓу вас; од нивните семејства што живеат со вас и што се родени во вашата земја. Таквите можат да станат ваша сопственост.

* * *

Иако е речиси невозможно да се одбере најомилен стих помеѓу најизвонредните, еве по некој од Второзаконие:

од 28:
53 Во притеснувањето и во јадот, со кои ќе те притисне твојот непријател, ќе го јадеш плодот на твојата утроба - месото на своите синови и своите ќерки, што ќе ти ги даде Господ, твојот Бог.

или
Ова е малце долгичко, ама е ептен поучно!
од 13:
6 „Кога твојот брат, синот на мајка ти, или твојот сопствен син, твојата ќерка, жената во твојата прегратка, или твојот пријател кој ти е како и животот, би те заведувал потајно, велејќи: ‘Ајде да им служиме на други богови,’ кои не ги познаваш ни ти ниту ги познаваа твоите татковци,
7 на боговите на оние народи што ќе бидат околу вас, било близу до тебе, било далеку од тебе, од едниот до другиот крај на земјата,
8 немој да се согласиш ниту го слушај! Твоето око нека не го сожалува; не штеди го и не сокривај го,
9 но уби го! Твојата рака нека се дигне прва за да го умртвиш, а потоа раката на целиот народ.
10 Затрупај го со камења додека не умре, зашто се обидуваше да те одврати од Господа, твојот Бог, Кој те изведе од Египетската Земја, од домот на ропството.

* * * * *

И, за крај, Девино, моме, еден евергрин за местото на жената у животов овој христијански:

1 Тимотеј 2:

11 Жената да се учи во тишина и во секаква покорност!
12 А на жената не и дозволувам да поучува, ниту да господари над мажот, туку да биде мирна!
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Откровение: 2:23 И ќе и ги погубам децата, и сите цркви ќе знаат дека Јас Сум Тој, Кој ги испитува бубрезите и срцата, и ќе му дадам секому од вас, според неговите дела.
За мене таа Книга е совршена. Точка.
Абе алал да ти е!
Кажи ми само ова. Во библијата се вели дека секој што ги сака мајка му или татко му повеќе од Исус, не е достоен за него, а сите знаеме каде завршуваат таквите нели?
Дали ти го сакаш твојот син повеќе од Исус? Дали ако син ти те сака повеќе од Исус и заврши во пеколот, ти и понатаму ќе го сакаш твојот бог и ќе уживаш во рајот?
 
Член од
26 декември 2008
Мислења
608
Поени од реакции
236

Исписимус знаеш дека човештвото наскоро ќе се преобрази
целосно во она што денес во суштина е а тоа е Љубов биди
и ти тоа, не му служи на ѓаволот во него нема ништо
освен лицемерие страв омраза и лажни ветувања,
зарем на тоа да ми служиме кога можеме
да бидеме слободни во Љубовта која не условува на
ниту еден начин,
гревот е само спречување на природниот тек на енергијата,
нема ништо вредно во гревот тоа.
Затоа не се обидувај да заведуваш луѓе во
тоа пустило.
Затоа што знаеш дека поголема сила од Љубовта нема
сатаната е како лага пред вистината таа ќе избели.
СЛАВА НА БОГА.
 
Ovaa informacija od prva raka li ja dobi? I koga e datumot se znae li?
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
21
Поени од реакции
5
Прочитав дека постои реченица во Евангелието каде што Исус вели:''Ќе дојде Божји Пратеник, арап после мене по име Ахмед.'' Сакам да знам дали христијаните обрнале внимание на ова и дали е вистина? И доколку е така, сакам објансување, анализа на самата реченица. Дали Исус го најавил доаѓањето на Мохамед а.с. ? ( btw Мохамед,Ахмед, мислам дека и девте имиња имаат исто терминолошко значење. )
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Прочитав дека постои реченица во Евангелието каде што Исус вели:''Ќе дојде Божји Пратеник, арап после мене по име Ахмед.'' Сакам да знам дали христијаните обрнале внимание на ова и дали е вистина? И доколку е така, сакам објансување, анализа на самата реченица. Дали Исус го најавил доаѓањето на Мохамед а.с. ? ( btw Мохамед,Ахмед, мислам дека и девте имиња имаат исто терминолошко значење. )
Не знам од кај си го прочитал тоа но такво нешто нема никаде во Евангелијата. Исус го најавува Светиот Дух:

Јован: 14:26 А Утешителот, пак, Духот Свети, Кого што Отецот ќе Го испрати во Мое име, Он ќе ве научи на се и ќе ви напомни за се што сум ви зборувал.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom