Еве што најдов во Библијата за рајот и пеколот..
За Рајот:
2 Коринтјани 12:
2 Знам еден човек во Христа, кој пред четиринаесет години, не знам дали во телото, не знам дали вон телото, Бог знае, беше грабнат и издигнат до третото небо.
3 И за таквиот човек знам, не знам дали во телото, не знам дали вон телото, Бог знае -
4 дека беше грабнат и издигнат до рајот и дека чул неискажливи зборови, што човекот не смее да ги каже.
Лука: 23:43 А Тој му рече: „Вистина ти велам, денес ќе бидеш со Мене во рајот.”
Откровение: 2:7 Кој има уво, нека чуе, што им говори Духот на црквите: „На оној, кој победува, ќе му дадам да јаде од дрвото на животот, кое што е среде Божјиот рај!”
Јоил: 2:3 Пред нив огнот изедува, по нив пламенот голта. Земјата е како рајска градина пред него, а по него тажна пустина. Ништо не му бега.
За пеколот:
Матеј: 5:22 А Јас ви велам, дека секој, кој се гневи на брата си без причина, ќе биде виновен пред судот. А кој ќе му рече на брата си „празноглавец”, ќе биде виновен пред синедрионот. А кој ќе го нарече „безумник”, ќе биде виновен за во огнениот пекол.
Пословици: 7:27 Патиштата низ нејзината куќа водат во пеколот, долу во собите на смртта.
9:18 А тој не знае дека мртвите се таму, дека нејзините гости се во длабочините на пеколот.
15:11 И Пеколот и Гибелта стојат пред Господа, а колку повеќе срцата на човечките синови.
15:24 За разумниот човек патот на животот оди нагоре, за да се отстрани од пеколот, што е долу.
23:14 го биеш со прачка, ама му ја избавуваш душата од пеколот.
Осија: 13:14 Јас ќе ги избавам од власта на пеколот, ќе ги спасам од смртта! Смрт, каде е твоето осило? Гробу, каде е твојата победа? За тоа нема да се покајам.
Матеј: 5:29 Ако твоето десно око те соблазнува, извади го и фрли го од себе; зашто е подобро да ти пропадне еден од членовите, отколку целото твое тело да биде фрлено во пеколот.
5:30 И ако твојата десна рака те соблазнува, отсечи ја и фрли ја од себе; зашто ти е подобро да пропадне еден од твоите членови, отколку целото твое тело да отиде во пеколот.
10:28 И не бојте се од оние кои го убиваат телото, а душата не можат да ја убијат. Туку бојте се повеќе од Оној, Кој може да ги погуби и душата и телото во пеколот.
11:23 И ти, Капернауме, до небото ли ќе се воздигнеш? Ќе слезеш до пеколот. Зашто ако во Содом се случеа чудата, што се случија во тебе, ќе останеше до денешен ден.
16:18 И Јас ти велам, дека ти си Петар, и на тој Камен ќе ја изградам Мојата Црква, и портите на пеколот нема да надвладеат наспроти неа.
18:9 И ако те соблазнува твоето око, извади го и фрли го од себе; подобро е за тебе да влезеш во животот со едно око, отколку имајќи две очи да бидеш фрлен во пеколот огнен.”
23:15 ”Горко вам, книжници и фарисеи, лицемери, кои ги обиколувате морето и копното, за да придобиете еден прозелит, и кога ќе стане тоа, го правите син на пеколот, двапати полош од себе!”
23:33 Змии, змиски породи! како ќе побегнете од судот на пеколот?
Марко: 9:43 И ако твојата рака те соблазнува, отсечи ја. Подобро е да влезеш без рака во животот, отколку со двете раце да отидеш во пеколот, во неизгорлив оган,
9:45 Ако твојата нога те соблазнува, отсечи ја! Подобро е за тебе да влезеш во животот хром, отколку со двете нозе да бидеш фрлен во пеколот,
9:47 И ако и твоето око те соблазнува, извади го! Подобро е за тебе да влезеш во Божјото Царство со едно око, отколку да бидеш со двете очи фрлен во пеколот,
Лука: 10:15 И ти Капернауме, зар ќе се издигнеш до небо? Ќе бидеш разурнат до пеколот!
12:5 Но ќе ве предупредам од кого да се боите: бојте се од Оној, Кој - по убивањето - има власт да фрли во пеколот! Да, ви велам, бојте се од Него!
16:23 умре и богатиот и го погребаа. А во пеколот, во маката, ги поткрена своите очи и го виде оддалеку Авраама и Лазара во неговото крило,
Јаков: 3:6 И јазикот е оган, свет на неправда; јазикот се наоѓа меѓу нашите членови: го онечистува целото тело и, потпален од пеколот, го запалува текот на нашиот живот.
--- надополнето: Oct 6, 2011 8:24 AM ---
Дали некој од вистинските Христијани на форумов може да се препознае во овој слуга од Библискиот цитат:
Лука 14:
16Тој му рече: „Еден човек приготви голема вечера и повика мнозина.
17А кога беше време за вечера, го испрати својот слуга да им рече на повиканите: ‘Дојдете, зашто веќе сè е готово!’
18И сите, како договорени, почнаа да се извинуваат. Првиот рече: ‘Купив нива и треба да отидам да ја видам. Те молам, извини ме!’
19Другиот му рече: ‘Купив пет двојки волови и одам да ги пробам; те молам, извини ме!’
20И третиот рече: ‘Се оженив, затоа не можам да дојдам!’
21И слугата дојде и му го кажа тоа на својот господар. Тогаш домаќинот се разгневи и му рече на својот слуга: ‘Излези бргу на раскрсниците и градските улици и доведи ги ваму бедните, сакатите, слепите и хромите!’
22И слугата му рече: ‘Господаре, направено е како што заповеда, но уште има место.’
23И господарот му рече на слугата: ‘Излези по патиштата и по оградите и натерај ги да дојдат, за да се наполни мојот дом.
24 Зашто ви велам: ниеден од повиканите нема да вкуси од мојата вечера.’”
НЕКА НЕ ВЕ ЗАМОЛКНУВААТ САТАНИСТИТЕ, НИХИЛИСТИТЕ, АТЕИСТИТЕ, МЛАКИТЕ ХРИСТИЈАНИ.. на овој форум!
Матеј: 5:15 ниту се пали светило, за да се стави под житно мерило, туку на светилник, и им свети на сите кои се во куќата.
Лука: 11:33Никој не става запалено светило во сокриено место или под вршник, туку на светилник, за да ја видат светлината оние, кои влегуваат.
2 Петрово: 1:19 И така имаме поцврсто пророчко слово; а вие правите добро што внимавате на него, како на светило што свети во темно место, додека не осамне денот и Деница засвети во вашите срца.
НИЕ КОИ ВИСТИНСКИ ВЕРУВАМЕ ИМАМЕ ЗАДАЧА КОЈА ТРЕБА ДА ЈА ИЗВРШИМЕ!!!