Вашите пари не отидоа за Државата, туку за платите на зонашите, рампаџиите и нивните директори. Кога судовите или полицијата казнува со парични казни, парите што се наплатуваат, не се приход на судовите или полицијата. Конкретно средствата од паричните казни што ги наплатуваат судовите се распоредуваат според Законот за извршување на санкции и тоа 50% се трошат наменски, а 50% се приход на буџетот. Никој ниту кај нас, ниту во Европа, не се издржава од наплатување на казни, освен овие од ЈП каде што казнувањето им е главна ставка во приходот.
Тоа што сте ги пцуеле и вреѓале е одлично и јас тоа го правам штом ќе ги видам и без да ме казнуваат. Ако уште еднаш ова Ви се случи, Ви препорачувам, да одбиете да платите, да речете дека немате пари и да побарате да ве тужат на суд. Побарајте интервенција на полицијата, бидејќи Ве спречуваат да го користите сопствениот имот и исто речете дека моментално не носите пари, можат да го запишат регистаркиот број и да Ве тужат. Или, ако имате можност, повикајте некој пријател да ја исече лисицата или да го замени тркалото. Судовите, мораат да судат според закони, а во ниеден закон е предвидено да на тој што неплатил за паркирање, му се стават лисици па и за нив да плаќа. Колку што јас знам, ЈП досега нема никого тужено, бидејќи нема на основа на што.
Уште би Ве замолил, ако Ви дале некаква потврда за извршенето плаќање, да ја сочувате и да направите фотокопија од неа. Можете да напишете и кратка изјава, во која ќе го опишете настанот. Ако се согласувате, јас таа потврда, со поднесок, ќе ја доставам до Судот во Стразбур и ќе ја користам како доказ во доказната постапка. Кога ќе ги подготвите фотокопиите, јавете ми на ист начин. Јас живеам во Центар но ќе дојдам до Бисер или каде ќе ми речете да ги земам.