Зонското паркирање и злоупотребата на пајак возилата е најсрамен облик на дискриминација и незаконско казнување. Едни граѓани плаќаат, повластено, 200 денари месечно. Други граѓани плаќаат, илјада пати повеќе, 45, 35 или 25 денари за еден час паркирање. И не само тоа, граѓаните кои плаќаат поскапо се изложени на незаконско и прекумерно казнување. Ако не платат веднаш, ќе им бидат поставени блокатори на тркала - лисици, за што се наплатува 1300 денари. Ако за 60 минути, не ги платат овие 1300 денари, возилото ќе им биде, привремено одземено и со пајак-возило однесено во депото под новата железничка станица, за што се наплатува 2000 денари. Таму, возилото, односно бесправно одземениот имот на граѓанинот, ќе се „ чува “, за што се наплатува 500 денари на ден. Ако во рок на 30 дена граѓанинот, не ги плати трошоците за ова „ чување “ и другите трошоци, возилото трајно му се одзема и се продава да во корист на ЈП. Основ за ова дискриминација е што тие граѓани не живеат во Центарот на Скопје, туку во Радишани, Драчево или некое друго место во Македонија
Со која морална или правна норма може да се оправда ваква крвничка дискриминација и незаконско и прекумерно казнување? За долг од половина евро, без судска постапка, се одзема имот вреден много илјади пати повеќе. Вакво нешто досега не било видено кај цивилизираните народи ниту во минатото ниту денес, а го нема и кај сицилијанската и колумбиската мафија.
Во Правото постои изреката - Ако молчиш, значи се сложуваш -Qui tacet consentire videtur. Мене ме интересира мислењето на учесниците на овој Форум, како да се искаже неслагањето со оваа дискриминација и незаконско и прекумерно казнување.