Здраво, пред некој ден земав на старо колку да пробам BMX GT Zone бела боја со пластични бандажи.Но многу е изгребан.Сакам да го префарбам но за префарбување , расклопување,сјај,вклопување све вкупно ми викаат 2500ден со нивна боја...Но сите пари ги потрошив на точакот иам дома спрееви сјај такви ствари шмирдли тоа све може ли некој да ми каже чекор по чекор шо треба да користам и како да почнам. Фала однапред
Еве јас како го фарбав мојо, шмирглаш убаво додека ти паднат рацете, после уште малку ќе пошмирглаш, одиш до продавница за бои и лакови купуваш примарна боја, шознам 150 денари ти е некаде одприлика и ја нанесуваш ако имаш компресор ако не со четка, не е важно како ќе изгледа, ќе чекаш прилично долго време за да се исуши убаво, едно четири саати, инаку рамот и се што треба да фарбаш ќе си ги закачиш да ти висат на нешто и да не ти допираат на земја, а другите ствари шо не треба да се фарбаат обложи ги со трака некоја шотизнам, хартиена некоја, штом се исуши тоа примарната ја на пример со спреј фарбав, ренко, 180/200 се некаде, ќе си фарбаш, ќе глеаш да не претеруваш со нанесување зошто ќе ти познаваат нерамнини и немој од многу блиску.
Можеш да нанесеш неколку слоја ама прво првиот да се исуши, па вториот и така.
Хинтс! Пази да не влезеш со глаа у рамот додека фарбаш, тешко се вади бојата од коса.
Пази да не се потпреш на него од умор.
Немој да љупат твоите дома пиперки у во исто време да фарбаш, it sucks!