Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Едно прашање , дали мислите дека понито е женски точак ?!
Прегледај го приврзокот 33504
точак ко точак......не е женски..100 %.....
--- надополнето: Sep 17, 2011 9:48 AM ---
32111_1318646569784_1339372524_30804171_6696900_n.jpg
аууууууууууу.......изгледа крејзи......ама како ќе се вози ова..........
 
се вози го направивме само сега пред некој ден ми кажа го растурил многу место му фаќал. а моето малото се возеше без потешкотии само многу остро вртат како шестар да возиш :D
 
Уште малце да ја прошират патеката на кеј и супер ќе биде за догодина, вака како што е многу се бутаме. :D
 
Уште малце да ја прошират патеката на кеј и супер ќе биде за догодина, вака како што е многу се бутаме. :D
Супер си е патеката, само ние не чиниме, кога ке научиме дека патеката е за велосипеди и ролери а не за пешачење и шетање деца тогаш ке биде Ок. Си има пешачка патека со клупи над неа или пак на земјената патека покрај самиот Вардар. Ама што да правиме кога таков ни е менталитетот. На пример на запад па и кај нашите соседи се знае што е за што и тоа се почитува.;)
 
Е ајде де, на кој да му кажеш. Дури и знаци да стават луѓето пак ќе пешачат по долната патека наместо таа горе. Имаш право таков ни е менталитетот.
 
Здраво, пред некој ден земав на старо колку да пробам BMX GT Zone бела боја со пластични бандажи.Но многу е изгребан.Сакам да го префарбам но за префарбување , расклопување,сјај,вклопување све вкупно ми викаат 2500ден со нивна боја...Но сите пари ги потрошив на точакот иам дома спрееви сјај такви ствари шмирдли тоа све може ли некој да ми каже чекор по чекор шо треба да користам и како да почнам. Фала однапред :D
 
Еве јас како го фарбав мојо, шмирглаш убаво додека ти паднат рацете, после уште малку ќе пошмирглаш, одиш до продавница за бои и лакови купуваш примарна боја, шознам 150 денари ти е некаде одприлика и ја нанесуваш ако имаш компресор ако не со четка, не е важно како ќе изгледа, ќе чекаш прилично долго време за да се исуши убаво, едно четири саати, инаку рамот и се што треба да фарбаш ќе си ги закачиш да ти висат на нешто и да не ти допираат на земја, а другите ствари шо не треба да се фарбаат обложи ги со трака некоја шотизнам, хартиена некоја, штом се исуши тоа примарната ја на пример со спреј фарбав, ренко, 180/200 се некаде, ќе си фарбаш, ќе глеаш да не претеруваш со нанесување зошто ќе ти познаваат нерамнини и немој од многу блиску.
Можеш да нанесеш неколку слоја ама прво првиот да се исуши, па вториот и така.

Хинтс! Пази да не влезеш со глаа у рамот додека фарбаш, тешко се вади бојата од коса.
Пази да не се потпреш на него од умор.
Немој да љупат твоите дома пиперки у во исто време да фарбаш, it sucks!
 
еми лакот ти е појше за заштита, ако сакаш да ти свети ќе си земиш металик боја.
Лакот не е само за заштита туку и дава длабочина на бојата многу подобро изгледа. Е сега има сјаен лак или мат лак зависи каков финиш сакаш да постигнеш.

Инаку за фарбање, од искуство, за стругање со шмиргла старата боја ич да не помислуваш, смрт за рацете е. Најпаметна варијанта е да се купи демол (околу 150,00 ден.), го мачкаш по рамот со четка, го оставаш да стои 5-10 минути и после ја вадиш бојата со шпатула или шпакла како путер, ништо не останува, на крај испери го рамот со вода и детергент. Внимавај да не намачкаш демол на некој пластичен дел зошто ја топи пластиката или пак на рацете зошто мноооогу пече. Потоа како што кажа Чен ставаш основна боја или прајмер, ама не со четка зошто ке има многу нерамнини и грубо ке изгледа откако ке исуши. Најубаво е ако можеш да најдеш прајмер во спреј или пак ако може некој да ти го испрска со ербраш. Кога ке исуши прајмерот ако има мали нерамнини се шмиргла со најситна водена шмиргла и се почнува со фарбање. Со првиот слој не мора сегде да покриеш со боја туку само онака колку да има, почекај 15-20 минути и удри го вториот слој и гледај се да покриеш. Гледај да не прскаш од многу блиску (25-30 cm е оптимално) или премногу да се задржуваш на едно исто место зошто ке се растече бојата и ке расипеш се. Значи кога прскаш нон-стоп раката да ти биде во движење лево-десно. Чекаш да се исуши втората рака и нанесуваш трет и последен слој боја. Откога се ке се исуши ставаш мат или сјаен лак по избор. Е тоа е тоа, вреди да пробаш :D
 
А дали има некој што фарба по професионално ,да речам како оригинал што е точакот ?
 
А дали има некој што фарба по професионално ,да речам како оригинал што е точакот ?
Секој професионален/попознат автолакер во државава може чуда да направи со airbrush-от, на крај се ставаат налепници и ги поминува со безбоен лак и ете ти нов велосипед.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom