Македонски Stand-Up комичари

Член од
2 октомври 2008
Мислења
3.434
Поени од реакции
7.286
Жаре ми е тапа. Вештачки ми се форите и користи финти за да биде интересен од други влогери.
Што подразбираш под тие финти? Шегите, ефектите или начинот на кажување на шегите?
 
Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Жаре ми е тапа. Вештачки ми се форите и користи финти за да биде интересен од други влогери.

Статусче, сааш на некоја собиранка да си праиме дисои со стенд ап фори?
Како се прават „дисои со стенд ап фори“ жити се !? Или овоа е она „мајка ти е толку дебела... р`чки“ !?
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Како се прават „дисои со стенд ап фори“ жити се !? Или овоа е она „мајка ти е толку дебела... р`чки“ !?
Неам појма. Си треснав онака, без везе. Прајвет конверзејшн повеќе беше.

Иначе најмногу начинот на искажување на шалите му е вештачки а монтираното е користени фори. Знам дека повеќето влогери се такви али ете...
 
Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Неам појма. Си треснав онака, без везе. Прајвет конверзејшн повеќе беше.

Иначе најмногу начинот на искажување на шалите му е вештачки а монтираното е користени фори. Знам дека повеќето влогери се такви али ете...
Ова што го прават на јутјуб благе везе нема со вистински настап, ама барем се трудат нешто да направат. ;)
 
С

сашенко

Гостин
Неам појма. Си треснав онака, без везе. Прајвет конверзејшн повеќе беше.

Иначе најмногу начинот на искажување на шалите му е вештачки а монтираното е користени фори. Знам дека повеќето влогери се такви али ете...
Можда ама во тоа е далеку подобар од тие двајцата (битола, охрид) на клипчињава први.Колку на некого му се свиѓа вблогингот е прашање на вкус.Ама ако споредуваш Жаре е поим за вблогер за нив...
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.826
Поени од реакции
10.189
По изгледаниве клипови...лошо. Не само што не успеваат да ме насмеат, повеќе ме иритираат. Треба да учат од странциве, и тоа многу.

Lux

Inglourious
Член од
25 октомври 2010
Мислења
1.189
Поени од реакции
888
Три чисти немаат овие на клипчинава , та и жаре едноставно не ги бидува.Сашко е најдобар на балканов според мене.
Вродена особина е тоа и не се учи во никој случај, би изгледало вештачки и глупаво.
погледнете го пабло франциско незаменлив е
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.060
Поени од реакции
15.032
Се е ок ,ама еден голем промашај.Слушни му го 'охридскиот' дијалект од 6:00.Ко во Прилеп да учел охридски :pos:
тоа да...прилепски дијалект и битолски....
ние викаме чоек......битолски е зборваш
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Глеам погоре сте го коментирале Жаре, он можеби е добар влогер, и откако ќе искомбинира, намонтира добро звучи. Многу нормално кога снима по 50 пати дур да му излезе вистинското, ама кој беше у Хард Рок на овие екс-ју комичариве сигурно запазил дека Жаре проба да биде смешен ама не му успеваше, не е за у живо едноставно :)
 
Хумор-wise е најдобар. Можеби не е ист начинот на кој ги кажува шегите irl и на влогот, но на влогот се подобри баш заради тоа што има повеќе обиди.
И еден на еден се снимаше во живо, без едитирања па го користеше истиот хумор и беше смешен. На други емисии го имам приметено користи референци од игри (мортал комбат), интернет, поп-култура и.т.н. Теми за млади.
Сите влогови го имаат истиот начин на кажување на шеги (delivery). Тоа што го прави Жаре на влогот не е копирање.

Кога е прашање смисла за хумор и општо колку е смешен, за мене Жаре е најдобар.
 
~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
Марјан е јак, а Никола е досаден......
а хуморов на Сашко е како на 10год. дете:
-Јане Сандански бе, кромид, лук, ракија иде зад грмушка врши голема нужда и зема мало мече се брише и го фрла (n)
 
В

Вори

Гостин
Ништо не ви чини.Се што е странско е подобро за вас.Ништо наше не можете да прифатите.
Аман..

Пабло Франциско е најдобриот и најпознатиот можеби стенд ап комичар во светот.Тој има 10 и повеќе години искуство и го работи тоа.Не заебавајте.Нашиве се релативно млади во оваа работа,ова е само почеток.Не се трескајте.
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.484
Поени од реакции
7.969
И плус тоа немаме култура на стенд-ап комедија. Додека во америка тоа е редовна пракса веќе со децении. Пабло Франциско имал од кого и каде да учи. Нашиве сам па како знам :)

Еве Таруно имал и од лошите искуства.
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.826
Поени од реакции
10.189
Што има врска каде си роден, живееш, одиш по нужда итн? Ако си смешен си смешен, ако не си - епа не си. Она што треба да се научи од другите е начинот на кој се зборува на сцена. Но ако немаш основна замисла, нешто со смисол што ќе натера некого да се насмее, џабе ти е начинот на зборување. Еве рандом видео од нашиве - зошто сум сингл? Затоа што сум невработен хурр дурр смех хахаха...ова и 200 Луис СиКејовци да ми го кажат нема да се насмеам. Кој к е финтата во оваа "шега"? Најпрво треба да си вградат смисол за хумор па потоа да се посветат на стилот на зборување на сцена.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom