Мексико Сити воведува „брак на одредено време“

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
kako trgnala rabotava vike se se pravi so dogovor
moze i na dogovor ke ziveeme :)
И кај нас е капитализам, јас инаку сум ЗА да се воведе предбрачен договор зашто не го бидува вака: сите жени кај нас без исклучок се мажат за станчето а не за мажот, се мажат за колите, за парите, па после кукаат немало љубов и имало разводи. Јес да има пример таков и кај животните, знам, ластовичката слетува кај оној што ќе направи најдобро гнездо, па после се парат и прават семејство ама тоа е случај претерано овде, брате стана бетер од Молдавија, не те ебава никоја ако си голтар или што е полошо ти се лепат сите ако имаш малку повеќе од другите.
 
па супер...ќе се пробаат и ќе знаат после во која матна да се дават
 
И така бракот е договор, не гледам зошто не би имал и рок. Навистина интересна замисла секоја чест.
--- надополнето: Sep 30, 2011 9:36 PM ---
Со ова се поништува светоста на бракот, додека смртта не не раздели делот губи на значење...
Глупости.

А па до сега имаше значење. Колку да се каже нешто да не е досадно венчавањето.
 
Кога има нешто рок, значи дека истиот тој истекува. Тоа не би требало да е случај со бракот, затоа всушност и постои тоа, се додека смртта не не раздели. Вака испаѓа дека луѓето влегуваат во таа заедница со очекување дека истата ќе се распадне и затоа и поголеми се шансите навистина да се распадне.
 
Нема потреба од бракови и онака човекот по природа е полигамен.
Оргии и распаљотки на секој чекор.
 
Луѓето треба да знаат дека тоа се распаѓа уште пред да го потпишат документот. Приказната додека смртта не не раздели се продава заедно со приказната за Дедо Мраз. Ако порано останувале заедно поради комшиите што ќе речат, денес за 5 минути се разведуваат. Наместо да се замараат вака бракот си има рок на траење со можност за продолжување. Ако бидува арно, ако не секој по дома.
 
Чим се решиле на ваков брак значи знаат дека не се баш најсовршени еден за друг...+ како ќе иде запросувањето

- Сакаш ли да ми бидеш сопруга за 2 години? :pipi:
 
Има нешто повеќе од комшиите, барем во згради каде комшиите ќе се сретнат еднаш годишно, ни толку, а ниту се познаваат. Има и нешто повеќе од стан од сопругот и кола од свекорот...Бракот е многу повеќе од материјален договор за егзистенција и статус. Бракот е основа на семејството, кое е основа на...
Но во трката кој ќе е полиберален во ставовите...свенешто напредно, а ниту ги знаеме ниту ги согледуваме последиците од вакви експерименти.

Ова испадна само материјално обезбедување, договорни странки каде се гледа економска корист...арно велат, американските филмови лошо влијаат.

Разводот убива
Разведените луѓе живеат девет години помалку од оние кои останале во брак, покажа истражувањето на германскиот универзитет „Rostock“.
„Сметаме дека разводот значително влијае врз животниот стил. Се чини дека луѓето кои се во брак имаат многу посреден животен стил, отколку самците. Разведените се изложени на повеќе фактори кои водат кон порана смрт“, изјави Габриеле Доблхамер, раководител на истражувањето.

Резлутатите од истражувањето исто така покажуваат дека лицата во брачна заедница преживуваат повеќе отколку самците. Разведените, вдовиците и вдовците имаат помали шанси за преживување.
ваљда има нешто зашто во просек живеат повеќе. Посреден живот или позитивни мисли, ...
 
A откако ќе помине рокот на бракот можеш ли после да си го продолжиш да им речеш ај уште една година за десетче хахахахаха се е урнебес :pos:
 
Ја како корисник на Кејблтел, имам една нивна идеја која можат да ја аплицираат како анекс на договор. После тие две години, ако не си задоволен од бракот да можеш да склучиш договор на неопределено време кој можеш да го раскинеш кога сакаш.

Он: Глупост невидена. Од следни причини. А развод, а раскин на договор ќе му дојде исто. Ти во секој случај си свртел некое оро, си се облекол во бело, си пречекувал гости т. е си официјализирал врска. После две години, ако не ја бива, ќе го раскинеш договорот и Станко, вториот братучед од на мајка ти страната сигурно нема да помисли, "Абе на децава не им идело, па решиле да го раскинат договорот". Засекогаш ќе ги следи зборот "Разведени", па како сакаш ти наречи ја разврската. Е затоа е глупаво. И вака и онака можеш да му ставиш крај. Демек ова треба да ги олесни работиве при разделба?

Ако сакаш пробен живот, живеј заедно. Ако не сакаш формалности и парче хартија која официјализира, не потпишувај. Ако не сакаш цркви и она што го пропагираат кога станува збор за брак, не го применувај. Ама немој да ми кажеш дека двегодишен договор ќе го реши проблемот на разводи.
 
Јас целосно би го укинал бракот ама ај и овој предлог е океј..донекаде :)
 
И кај нас е капитализам, јас инаку сум ЗА да се воведе предбрачен договор зашто не го бидува вака: сите жени кај нас без исклучок се мажат за станчето а не за мажот, се мажат за колите, за парите, па после кукаат немало љубов и имало разводи. Јес да има пример таков и кај животните, знам, ластовичката слетува кај оној што ќе направи најдобро гнездо, па после се парат и прават семејство ама тоа е случај претерано овде, брате стана бетер од Молдавија, не те ебава никоја ако си голтар или што е полошо ти се лепат сите ако имаш малку повеќе од другите.

Не fucking генерализирај!!!!!!
Бидејќи кажа сите жени без исклучок, еве јас се јавувам како исклучок.
Со дечко ми бев кога беше рамно на голтар, и кога имаше повеќе од што му треба, и кога пак беше голтар и кога пак му тргна работата. И кога сме немале пари за бензин да ставиме, и кога ме носел по викенди, и кога сме дремеле на клупа и не сме имале каде да седиме, и кога сме трошеле ненормално многу по дискотеки.
Можеби повеќето жени, ама не сите без исклучок!!!!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom