Мексико Сити воведува „брак на одредено време“

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.167
Поени од реакции
704
Возраст
39
Со желба да им помогнат на идните младенци, кои гледајќи дека погрешиле би сакале што побргу да се разведат, советниците во главниот град на Мексико размислуваат да воведат брак на одредено време. Градското собрание на Мексико Сити, кое пред две години ги легализираше геј браковите, сега планира да донесе закон со кој на паровите ќе им биде овозможено самите да ја определат должината на бракот. Младите ќе мора да направат „договори“ на најмалку 2 години, и ако се задоволни од бракот, ќе може да ги продолжуваат колку пати и да сакаат. Повеќе - тука :)

Што мислите за предлогот на Мексиканците? :)
 
Не ми се допаѓа ова. Да се ожениш и после ти здосади, и бараш развод, ти поминало интересното со оваа девојка. Треба да се живее живот со една личност, да имате заеднички интереси и да се сакате, а не после 2месеци ви текне ајт сега ќе се разведеме, ќе барам некоја друга додека и таа не ми здосадила. Ова ти е исто како кога си во врска. Од досада бараш друга женска да тепаш време со неа. Но тоа не може да биде исто и со бракот. Се знае каков треба да биде брачниот живот. И плус имаш деца со жена и после една година ви здосадило и сега ќе се разведувате а децата? Ако не мислиш и не ја сакаш сериозно некоја женска, тогаш не и понудувај брак ;) А овие си направиле како јас сега шо имам постпејд договор со Вип. Помина една година и јас пак го продужив договорот, а сега ќе помине и втората и ја ќе го прекинам поради тоа што ми е досадно во оваа мрежа, ќе се вратам кај старите пријатели на т-мобиле или пак ќе склучам договор со one.
 
Со ова се поништува светоста на бракот, додека смртта не не раздели делот губи на значење...
Глупости.
 
Шо ќе биде следно?
Роди го детето, земи си го дома и ако плаче многу навечер имаш право да го оставиш во контејнер:tapp:
 
Катастрофа невидена! Значи колку ми оди некогаш светов и човештвото на живци! Шо сакаат нека прават, нека си кршат главата, нивна работа, ама од моја гледна точка, ова е огромна глупост!
Од кога љубовта има рок на траење? Од кога бракот е деловен договор кој го раскинуваш? Или штедна сметка која ја орочуваш??? Срамота, ми се гади од светов и правецот кон кој се насочил. За мене бракот е светост и кога ќе стапам во него ќе знам дека е од љубов и со личност која знам дека ми значи повеќе од се на светот. И нешто што е светост за мене да се вулгаризира на ваков кретенски начин? Како да е бизнис договор? Или договор за кирија? Па срамота е, мајку му, не мора све да отиде по ѓаволите! Не ја ни гледам потребата некој да стапува во брак, како би се развел по две или три години... Нека си седат у врска ако не се сигурни дека се еден за друг, не мора да си играат брак. Луѓево од што не знаат што да прават со себе збеснуваат, само жал ми е што на таа сметка страдаат благородни вредности како љубов, почитување и достоинство.
Па преку ... ми е!!!!
 
не можам да сватам на одредено време како , се венчаваш на пример за три години и потоа автоматски те разведуваат???
 
не можам да сватам на одредено време како , се венчаваш на пример за три години и потоа автоматски те разведуваат???
Да, ако не го продолжиш договорот. Иако може да прават ко нашиве оператори, договорот автоматски се продолжува доколку не побараш негово раскинување.
Инаку она погоре не е брак. Може да се нарече што сакате, брак не. Бракот е друго.
Патем, не ми е јасно, зошто за вакви работи не изнесат друг термин, зошто мора да се вика баш брак? Исто и за она што го бараат хомосексуалците. Не мора брак да биде побогу, бракот е света заедница, а бидејќи она што го правите не е свето (туку е несвето) дајте друг термин. Не може да биде брак (религиозност) при принципи кои се косат со религиозноста (помеѓу истополни суштества, на одредено време, итн).
 
Абе гледај ја позитивната страна на бракот со договор на две години:
За една деценија може да склучите пет бракови, парите од свадба 2000\3000 евра помножи ги пет пати . . . мммм
Е сега ако некој на свадба ти дојде пет пати со еден миксер :( ај нема врска ќе си отвориш дуќанче
 
Добар потег. Барем ќе се намали бројот на типките кои се во потрага по пари кои ги добиваат од разводите. Вака и да не ти се свиѓа бракот, истрпи си 2 год па немора пола богатство да даваш.
 
Јас сум ЗА!!! Додека смртта не не раздели, зборови кои некогаш имале значење а сега се сведени на прости зборови. Секојдневно сме сведоци на брзи бракови ,,од љубов,, ,бракови зашто им е време на малденците да се земат, разводи се почесто, неверства и што ли се не. Е тоа е вистинско газење на институцијата брак и газење на ,, додека смртта не не раздели,,.
Ниту тие зборови, ниту склучен брак мен денеска не ми значат многу. Можам да поминам без сето тоа, а сепак личноста што ја сакам, да биде максимално почитувана и сакана и да имаме одличен однос и одлична семејна заедница.
 
Навистина остана ли нешто свето или упорно се иде кон разнебитување на домот и семејството.Језиво
"
Друже се е масло на Американците, па ова се дешава во Мексико пошто таму им е блиску за експеримент, а Мексико е багра и сиромаштија, немаат леб да јадат :cool:
 
Јас сум ЗА!!! Додека смртта не не раздели, зборови кои некогаш имале значење а сега се сведени на прости зборови. Секојдневно сме сведоци на брзи бракови ,,од љубов,, ,бракови зашто им е време на малденците да се земат, разводи се почесто, неверства и што ли се не. Е тоа е вистинско газење на институцијата брак и газење на ,, додека смртта не не раздели,,.
Ниту тие зборови, ниту склучен брак мен денеска не ми значат многу. Можам да поминам без сето тоа, а сепак личноста што ја сакам, да биде максимално почитувана и сакана и да имаме одличен однос и одлична семејна заедница.
И сега имаат значење зборовите верност до гроб, додека смртта не не раздели, само со внимателно пренасочување (од т.н. сајнс лаборатории, википедија податоци, медиуми, ексклузив емисии...(медиумите страшно влијаат врз човечките животи) се пробува да се маргинализираат. Што се однесува до брзите бракови, користољубие постоело отсекогаш, денеска е можда поприсутно или позабележливо, точни бројки немам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom