Скопје 2014 (Генерална дискусија)

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?


  • Вкупно гласачи
    593
Член од
28 март 2006
Мислења
17.749
Поени од реакции
12.207
Не беше потребна толкава концентрација на институции на мал простор. Сигурно во Париз министерствата, агенциите, службите, единиците на службите, секторите на единиците на агенциите... не се наредени покрај Ајфеловата кула. А тек улиците како ќе издржат, паркинзите...затоа и по параметри (потрошувачка општини-централна власт од бдп) сме една од најцентрализираните земји.
ако сакате да зборите за економски параметри за проектот говорете
Ќе прашав за некои милиони од кирии...ама нели не може за економски показатели во овој подфорум.
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
Не беше потребна толкава концентрација на институции на мал простор. Сигурно во Париз министерствата, агенциите, службите, единиците на службите, секторите на единиците на агенциите... не се наредени покрај Ајфеловата кула. А тек улиците како ќе издржат, паркинзите...затоа и по параметри (потрошувачка општини-централна власт од бдп) сме една од најцентрализираните земји.
Ќе прашав за некои милиони од кирии...ама нели не може за економски показатели во овој подфорум.
не знам точно за париз (претпоставувам не е исклучок) но во секој главен град е токму таква концетрацијата, колку постар толку поголема концетрација, Лондон пр, или еве на Балканов Белград каде се е да не речам на една улица. - но не тврдам дека е ова е исправно

разликата е што овие објекти се прават сега, во 2011 по модерни стандарди и најважното имаат сопствен паркинг + соодветен пристап по сега проширените улици,

единствената работа е што повторно и почесто ке не замараат делегациите на тие министерства додека ние си чмаеме на семафорите.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Го подржувам да мн е убаво но имам една ГОООООООООООЛЕМА забелешка а тоа се 3 албански споменици од по 7 метри апсолутно не потребни и не битни за државава наша ...... ама коа си имаш работа со патриоти на власт тоа е тоа
A мислиш другиве патриоти да беа,немаше да им изградат o_O
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634

Локалните власти прво се расправаа кој е надлежен за тоа, потоа најавија дека ќе чекаат некој да ги направи облакодерите спроти „Холидеј ин“ и да го уреди кејот, а сега велат дека нема да го чепнат овој потег зашто в година планирале да ја градат подземната сообраќајница





Институциите со години смислуваат различни причини поради кои го избегнуваат уредувањето на овој потег
Оштетени клупи, подигнати и искршени плочки, нерамна и раскопана велосипедска патека. Накратко, ова е сликата за кејот 13 Ноември на потегот познат како „Дрводекор“, локација што со децении не е обновена.

- Ова е строгиот центар на градот, а сепак тука има многу малку минувачи. Иако лете се забележува поголемо раздвижување, сепак тоа не е доволно - ни посочи Благоја Ивановски, еден од продавачите на стари книги сместени во овој дел од градот.

Институциите со години смислуваат различни причини поради кои го избегнуваат уредувањето на овој потег. Од општината Центар велат дека грижата за изгледот на кејот 13 Ноември е во надлежност на градот. Во минатото од оваа локална самоуправа уверуваа дека подготвуваат проект за обнова, па потоа се откажаа со оправдување дека во близината на локацијата треба да никнат облакодерите што се предвидени со урбанистичкиот план, па за некоја година пак би се раскопувал кејот и парите би биле залудно потрошени.

Во меѓувреме, овој дел од кејот, кој има големи потенцијали, продолжува да пропаѓа. Потегот покрај Градскиот трговски центар засега останува единствениот дел од кејот во строгиот центар што бил уреден во изминативе две децении, во 2002 година, со проект на тогашниот градоначалник Ристо Пенов. Ниту тоа не се одржа, зашто плочките се разнишаа од возила, а таму сега е отворено и градилиште.

Што се однесува, пак, до потегот познат како „Дрводекор“ градот во скоро време нема да го реновира бидејќи за идната година ја планира изградбата на подземната сообраќајница.

- Таа ќе се протега од мостот „Гоце Делчев“ до булеварот Кузман Јосифовски Питу. Деталите за оваа сообраќајница ќе бидат познати по изработка на идејното и изведбеното решение - објаснуваат од градската администрација. Оттаму не прецизираат дали улицата што сега ја обновува општината Центар повторно ќе се раскопува и каде точно ќе излегуваат автомобилите од новата сообраќајница, ниту каков изглед ќе добие кејот откако ќе заврши изградбата на тунелот.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.479
Поени од реакции
7.947
Член од
4 септември 2011
Мислења
94
Поени од реакции
23

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
CNN povtorno protiv majka Makedonija. Znaeme koj gi kontrolira tie kopilina.... covekot na koj ne smee da mu se spomene IMETO :mad::mad::mad:
треба малце и тектот да се прочита а не само насловот

„Речиси 20 нови градби, сличен број на статуи, фонтани и споменици се градат во центарот на Скопје", се вели во текстот.
„Трансформацијата се прави како дел од проектот наречен Скопје 2014, чија цел е да го обнови градот и неговите знаменитости загубени во земјотресот во 1963 година. Централната точка, отворена на прославата на 8-ми септември, е 22-метарската статуа, наречена 'Воин на коњ'. Широко е прифатено дека потсетува на Александар Велики, но не беше официјално именуван така поради долгогодишниот спор со Грција, за кои античкиот крал е национален херој", пишува CNN.
Во текстот се пренесуваат и различни мислења околу потребата од проектот, но и околу неговото чинење, каде се споменуваат бројки од 80 до 500 милиони евра.
„Проектот ги дели луѓето, како што река дели брегови, некои од нив се за, други се против. Контроверзноста на проектот е најмногу поради тоа што Македонија припаѓа на група земји со висока стапка на невработеност", вели Горан Атанасовски од туристичкиот портал travel2macedonia.com.mk
„Скопје веќе има сосема нов изглед за разлика од пред две години и до 2014 година ќе има уште повеќе градби. Дури и во услови на глобална економска криза ние градиме не само згради, туку и инфраструктура, сместувачки капацитети, нови аеродроми, патишта и хотели", вели Зоран Николовски, од Секторот за туризам при владата.
Во текстот, според владините бројки, се наведува дека бројот на туристи во последните 10 години во Македонија е зголемен од 99.000 во 2001 година до 262.000 минатата година. Во голем дел, според соговорниците на CNN, тоа се должи и на промените во центарот на главниот град.
--- надополнето: Oct 4, 2011 10:37 AM ---
и повторно насловот не е е на Њујорк тајмс туку е извлечен од *Македонец* најверојатно рамковен или можеби југословенски

One Macedonian who asked not to be named said: "I try to avoid the city center now. It has turned into a theme park. Wherever you turn there are new bronze statues and sculptures. It's as if they're trying to create a national identity.
 
Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863
Имам едно прашање до вас. Не сум трол нит провокатор ама стварно ме интересира што се случи со тоа "Воин на коњ", нели требаше да се преименува во Александар кога ќе се постави фонтаната? Што се случи со тоа?
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
Имам едно прашање до вас. Не сум трол нит провокатор ама стварно ме интересира што се случи со тоа "Воин на коњ", нели требаше да се преименува во Александар кога ќе се постави фонтаната? Што се случи со тоа?
одлуката од хаг ја одовлекоа, место септември судот ке се изјасни на крај на ноември - после тоа но не веднаш би требало да се преименува и споменикот и да се докомплетираат зраците на штитовите!

театарот гори-греота, се надевам нема повредени.

 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.433
Поени од реакции
87.100
Сега некој се сити на ова со пожаров :eek:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom