Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
300636_258399417538042_100001039585769_818956_1666498781_a.jpg

The Man!
 
Со играта од прво полувреме сум ептен задоволен,ама во второ требаше барем до 6 гола да стигнеме..Да не примевме во второ одма гол немаше да им текне да напаѓаат..Покрај Лампард и Стариџ според мене денес најдобро изиграа и Тери и Давид Луиз..Вториов особено беше добар и во нападите.. Следува 2 неделна пауза поради квалификации за ЕП па играме дома со Евертон на 14 октомври..
 
Денес Челзи пружи одлична партија и покажа колку напредува нашата игра и реализација, задоволен сум од многу работи денес кои ги видов на теренот.
Сакам да потенцирам нешто, гледам сега сите сте задоволни со играта, со головите, општо се задоволни, а до вчера плукавте по играта, велевте дека не сме знаеле кај тераме, што е нашата цел и игра, сега викам дека треба озбилно да се запрашате дали сте нормални.
Во последните 4 утакмици нон стоп гледам енормно подобрување на играта во секој сегмент, играме се подобро и подобро но до денес реализацијата беше слаба, ептен слаба за играта што ја игравме, и затоа се чинеше дека Челзи не знае кај тера и дека стагнира, денес реализацијата се подобри, играта истотака и добива Челзи нова димензија, нова игра која многу ми се допаѓа и го почитувам стилот на игра на Боаш и воопшто неговата филозофија.

Истотака се надевам дека сфативе што мислеше Боаш кога изјави our defence will be our attack, денес го видовте тоа на дело, истотака денес се покажа и она неговото evolution, not a revolution, а на кого не му е јасно за кои сегменти на игра зборувам нека ја прегледа уште еднаш утакмицата на снимка.
Задоволен сум од одлуката на Боаш тотално да го изостави и изолира Калу, како што видовте не беше ни на клупа, така и заслужува, значи си ја знае тој грешката и еве ја поправа.
Истотака задоволен сум од замените и од храброста да повлече одредени потези со некои замени во текот на мечот, секоја чест.
Се на се јас сум презадоволен од правецот во кој се движиме, ветува многу, се надевам на добар крај во кој верувам многу.

Лампард како во своите најдобри денови денес, браво Френки паузата на клупа ти одлично влијаеше, тоа треба да му се направи и на Кол и се би било топ.
 
Лампард со овие 3 гола се доближува поблиску до првото место на листата на стрелци за Челзи (во историјата).
И пак ми е криво што челзи примија гол :( :@
 
Све е ова супер ама криво ми што Дрогба или Мата не дадоа гол ама добро не може секој да дава голови
А убеден сум дека ако играше Торес немаше 5 гола да дадеме
Истава постава треба да ја игра и против Евертон со една замена:Бане на место на Босингва.Така нема гол да примиме
 
Све е ова супер ама криво ми што Дрогба или Мата не дадоа гол ама добро не може секој да дава голови
А убеден сум дека ако играше Торес немаше 5 гола да дадеме
Истава постава треба да ја игра и против Евертон со една замена:Бане на место на Босингва.Така нема гол да примиме
Според денешното издание на Дидие со Торес моментално се тука некаде, можда малце подобар е Торес поради брзината, али бледо играат и двајцата.
 
супер победа. одлично изиграа
не знам што друго да кажам
 
Последниот твит на Вилшер
Lampard has just stuck his middle finger up to all his haters! Never write him off trust me,from a young midfielder he is top class trust me
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Al.
Гнидите Евертон сакам да ги здробиме ..
 
За вчерашната игра немам зборови се беше на свое место,ми се свигаше тоа шо Боаш ги ротираше играчите во секој сегмент,Напад,Среден ред.Одбрана.Пружи шанса на колку што е можно повеке играчи.Како прво нај веке ми се свигаше тоа шо го извади Босингва,го пушти Бане кој е физички одлично спреман.Второ,го повлече Рамирес рано, да го заштити од повреди,и да го одмори.Трето, го извади Мата му даде шанса и на Анелка.И само едно ме интересира да ве прашам.Дали само мене така ми се чини ,овој старидг многу ми е себичен.Баш вчера видов на утакмицата кога Дроба му се скара.Само шо му се отвори прилика одма шутира, другите джабе трчеле мене така ми се гледа,тука мислам дека треба да се поработи со старидг другото е се за пофалба.
 
Се сеќавате што зборев за Стариџ нели?
Реков одвреме навреме ќе сумираме, и наскоро ќе го направиме тоа ;)

(малку себичноста да ја намали нема да е лошо, океј)

Меирелеш кога дојде реков дека е добар играч и би ни бил од корист, иако имаме потреба од класичен плејмејкер, но ако продолжи да се подобрува, мислам дека би можеле да се држиме и со него.

Рамиреш да ги подобри завршниците од акциите, т.е. шутевите кон голот, верувајте ми дека би добиле везист од светска класа.

Добра игра, против деморализиран противник кој имаше и повеќе од лош ден. Боаш со измениве ми е во најмала рака чуден, ама тој најдобро знае што прави и зошто еден има предност пред друг (можда некому му е болна сестра брат мајка татко роднина... се си бидува нели )

Последните 2 сезони ги почнавме супер, на крај се испосравме.
Сеа е обратно, се надевам и крајот ќе е добар и среќен иако уште е рано да се зборува за тоа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom