- Член од
- 27 јуни 2008
- Мислења
- 151
- Поени од реакции
- 179
Бре мајката... Попис се правело само за да се види колку не има во Македонија. Епа ако е така тогаш што ќе се случи утре ако 50% од луѓето се на привремена работа во странство се вратат дома? Што ако кризата во Италија и европа предизвика бран на враќање на луѓето од тие држави? Тогаш ќе им кажеме дека ние не сме ги броеле нив и не сметавме дека во буџетот треба да се предвидат трошоци и за нив??? Уште еднаш ќе се обидам да ти појаснам-Пописот не се прави да се види колку се државјани на Република Макодонија, туку пописот се прави да се види колкаво е моменталното население и каква е демографската ситуација во државата. Убаво кажа HITCH пред некоја страна:
Еве и во Законот како е:
Закон за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија 2011 година
Член 6
Со Пописот ќе бидат опфатени:
1) лица кои имаат место на вообичаено живеење во Република Македонија, без оглед дали во моментот на Пописот се наоѓаат во местото на живеење или во друго место во Република Македонија;
2) лица кои имаат одобрение за постојан или привремен престој во Република Македонија со исклучок на лицата од точката 6 потточки а), б) и в) на овој член;
3) лица кои имаат место на вообичаено живеење во Република Македонија, а во времето на Пописот, но најдолго до 12 месеци (една година) пред неговото спроведување, се наоѓаат на работа во странство, како и членовите на нивните домаќинства.
Еве ја и дефиницијата во самиот закон, за што значи место на вообичаено живеење:
„Место на вообичаено живеење” е географско место, каде што лицето кое се попишува вообичаено живее, тоа може да биде исто или различно од местото каде што лицето фактички се наоѓа во времето на Пописот или тоа може да биде неговото официјално место на живеење. Место на вообичаено живеење се смета местото каде што лицето поминува најголем дел од својот дневен, односно ноќен одмор.
Што значи дека доколу брат ти повеќе од една година не живее во Македонија, нема зошто да бара да се попише, ама слободно нека гласа на избори.
Според законот не се попишуваат личности кои повеќе од 1 год. живеат во странство. Кога братми или било кој доаѓа од странство дома на еден или два месеци, тој се регистрира при влез и излез на граница. Ако тој е веќе дома, тоа значи и дека тој дошол да живее еден месец во македонија. ова автоматски му дава право да се попише. Ова е јасно како ден и тука нема што да се полемизира. Ако во моментов не е дома тогаш тој може да се попише со негова лична карта или друг валиден документ а податоците ќе ги даде некој од неговото потесно семејство. Е сега одговорими на ова прашање. Дали доколку сега во македонија влезат 150.000 македонски граѓани со привремен престој во странство, дали тие ќе бидат попишани. Еве замисли дека тие доаѓаат денес, тука се до 15ти септември и на 16ти си одат пак назад. Ако овие имаат право да се попишат тогаш одговорими зошто немаат право да се попишат граѓаните кои до пред еден месец или една недела биле во македонија и тука поминале повеќе од 1 месец???
Ако веќе не сакате да сватите поинаку тогаш морам вака пластично да ви објаснам за да ви стане јасно.