Лига на шампиони 2011/12

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Денес атмосферата беше одлична. И не зборете глупости околу знамето сепак имаше многу млади и постари луѓе па спонтано откако се пушташе новата Излези момче право на тераса се пушти и знамето. Навијачите на Металург беа во поголем број дури имаше и 15тина Словенци... Се на се 10/10 очекувам и даље на следните мечеви да биде фул салата..
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.251
Поени од реакции
19.536
Навивањето беше сосема солидно,пријатно сум изненаден...(не очекував нешто посебно,но публиката се покажа);)
Е сега,ЗАМЕРКА....
Јас не знам шо чекаат луѓето,па влегуваат в сала во 10,15 минута...:tapp:
Кај го има ова?
Разбирам да има гужва пред врата,да е работен ден нешто,ова она...ама во сабота....?:tapp:
И то во град од преку 500 илјади.....
Јасно е дека Металург нема навивачи зад себе,дека е маалски клуб,но сепак е ШАМПИОН на Македонија,и во моментот наш најсилен спортски колектив......
И заслужува некоја подршка од Скопјани....:sneaky:
Околу играта.....
Очекувана победа....прво полувреме одбраната беше камен...во второ малку попушти,но сепак беше доволно за лесна победа...
Кога Копер со оваа екипа е шампион на Словенија,то е показател дека ракометот во Словенија е во пад,на времето Цеље беше машина.....а Копер се само просечна европска екипа....ништо повеќе....
Победа која е многу значајна...пред се за самодовербата....
Групата е по мерка...да бираа немаше да одберат ваква група...
Освен Хамбург,со сите други тимови Металург има шанса,не само во Скопје туку и на гости...
Ете денес Висла Плок со триста маки,едвај победи со Констанца на Бранче Ангеловски 30-29,губеа 25-29 на неколку минути до крај:eek:
СТ Петерсбург не се ништо посебно,мислам дека Металург наредната недела пријатно ќе изненади во Русија....:)
Ако се врати Козлина шансите се зголемуваат....ќе се растерети Мојсо од таа лева бековска позиција,и судирот со противничката одбрана,ќе има повеќе простор за игра на среден бек.а и шутерските можности и потенцијали на екипата со Козлина се сосема други...
Не знам шо играч е овај Батиновиќ,ама со оглед дека Металург веќе ги има Мојсо и Миркуловски(секоја чест за играта денес на Миркуловски,доста напреднал оваа сезона)....тешко дека ќе добие некоја минутажа...
Како и да е,Металург има голема шанса добро да се претстави во оваа група,и мислам дека пласманот во 1/8 финалето е реалност...(иако е само почеток)....
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.005
Поени од реакции
5.651
Не ми се свиѓаше тоа што Червар не повика тајм-аут иако разликата од +8 падна на +3. Не ми се свиѓаше што го форсираше играчот со број 7 (знам дека на претходните мечеви беше најдобар) кога вчера играше ужасно. Станиќ бранеше феноменално, а и Диви имаше некои „диви“ одбрани. Ми се допадна како игравме во одбраната, а и во нападот имавме повеќе расположени играчи што досега ретко се случувало. За навивачите за ракометните тимови во Македонија, па ни Вардар во ЛШ немаше којзнае каква поддршка, само трибината позади голот. Што се однесува до Металург, Минчо требаше да си оформи нова ракометна екипа во Аеродром, да ги превземе МЗТ Скопје и ФК Скопје и ќе беше се подруго, сигурно на секој меч ќе имаше бар по 1.500 навивачи.
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
Денеска на сител пренос Корона Киелце - Веспрем.
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343

ФК Скопје знаеш уопште од која населба доаѓаат?! И што доколку оформеше ракометна екипа во Аеродром, демек сите ќе се потепаа за неговиот фамилијарен клуб да навиваат?
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.005
Поени од реакции
5.651
ФК Скопје знаеш уопште од која населба доаѓаат?! И што доколку оформеше ракометна екипа во Аеродром, демек сите ќе се потепаа за неговиот фамилијарен клуб да навиваат?
Знам од која населба е... ама и МЗТ Скопје првично бил во таа населба.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Металург има реални шанси да биде втор у групава!
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Честитки за победата на Металург..
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
Металург има реални шанси да биде втор у групава!
Па подобра група да им дадеа они да си правеа немаше да направат очекувам сите дома освен Хамбургер да ги тепаат а о гости бар 1-2.
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Ме интересира... Кометал на времето беше поддржуван од Комити нели !?
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.972
Поени од реакции
9.622
Cestitki za Metalurg.... Mora da se priznae deka ovoj klub pocna da raboti po evropski standardi, sto i se zabelezuva. Strplivo se napravi eden kostur na timot na celo so Cervar i od godina u godina se nadograduva. Za pofalba e i prodazbata na dresovi i razni drugi rekviziti sto pokazuva deka se odi po prav pat. Se forsiraat i pomladi igraci( Manaskov, Georgievski)koi vo idnina ke bidat stub na reprezentcija, a vo pravo vreme dobivaat sansa da igraat mnogu kvalitetni mecevi. Znaeme deka toa e praviot i edinstven nacin talentot da prerasne vo golem igrac. Ke bese jako ako ispeeja da go donesat Lazarov na desen bek:)... Se na se odlicen nacin na rabota i se nadevam deka vaka ke prodolzat, bidejki seto toa e za dobroto na Makedonskiot rakomet.
 
Кај се продаваат дресеви и која цена се?
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Екипата на Атлетико Мадрид (поранешен Сиудад Реал) денеска во рамките од првото коло од Лигата на шампионите во групата Б, славеше победа на гостувањето против данскиот тим на Бјерингбро со 30:27. Кај победникот Кире Лазаров беше втор стрелец со постигнати седум гола. Вчера исто така романската екипа на Констанца беше поразена на гостувањето од полскиот тим на Висла со 30:29. Кај поразениот тим Бранислав Ангеловски беше стрелец на еден гол. Да потсетиме, Констанца е во групата Ц каде што настапува и Металург.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom