Се изначитав на овој цел пост. Многу спротивности, од секаде Македонци, кој изнашетан, кој не, кој сфатил нешто во животот, кој се уште си ја тера, затоа што неговите го држат здраво во раце, како да е 5 години итн...
Се регистрирав пред 2 мин. за да напишам нешто, нешто што не го сретнав во овој пост, а гледам дека 90-95% од мислењата навистина се од луѓе што "можеби" никогаш не виделе некоја мака, и затоа не велам 100% затоа што никој овде не познавам лично, и не знам кај е во моментов, што работи, како живее, и дали уште е жив. Многу од вас, сигурен сум во тоа, поради она што го имате напишано, сте со дома, на топло, и уживате во она што ви е пружено од мама и тато.
Епа вака, имам 22 години, пред околу 10 години моите се разведоа, останав со мајка ми, таа крпеше ден со ден да ме школува, ме запиша на факултет, ми обезбеди да положам за кола, положив на прва, еве веќе сум последна година и на факултет, досега со стипендија, за оваа година ќе видиме, дај боже и оваа да земам. Сум работел по кафе барови, интернет кафиња, сум работел градежно, бев во Грција на работа, во Бугарија, во Италија, дури се снајдов да отидам и во САД оваа година, многу од вас и знаат колку е скапа целата програма за да се стигне до САД, и сето тоа заради моја заслуга што сам сум си ја обезбедил. Тоа што се случило таму, и не е за пофалба, и нема веза, она што сакам да кажам е дека многу од вас не знаат да го ценат животот и самите себе, а потоа другите околу вас, па и затоа и тие не ве ценат. Пријатели имам насекаде каде што сум одел, но многу добро знам дека 98% се само од корист. Оние 2% што ги оставив се оние што навистина се застанале зад мене кога ми е било најтешко. Не дојдов овде да пишувам за мојот живот којзнае што, и не велам дека некој треба да го интересира за мојот живот, само да кажам дека, ако мислите дека треба да останете во Македонија, останете, ама знајте дека и татко ви да ви оставил нешто големо во наследство, кога тогаш ќе се потроши, затоа што готовото многу брзо се троши. Секако дека веќе нема за што младите генерации да останат во Македонија. Лично знам безброј луѓе кои се вработени партиски. Мој другар пред 2 години влезе полицаец, значи на 20 години татко му веќе му обезбеди работа до пензија. Мој комшија со завршено основно училиште веќе неколку години е вработен во Шумска полиција, и држи кафе бар, во кој нема никакви закони, се работи до сабајле, се пуши внатре, нема ниеден осигуран работник. Можам да наведам уште сто вакви случаеви. Кога ќе завршам со факултетот, можам и јас да се вработам, имам луѓе кои се веќе одамна партиски поврзани, но зошто да го направам тоа? За да утре за секои партиски избори да лижам ј*јца и да собирам гласови?
Сегде каде што бев, сегде каде што работев, сретнав различни луѓе, различен менталитет, култура, однесување. Ни во САД не е златна ситуацијата, за времето што бев, заработив добро, но тоа како што веќе спомнав, се готови пари и брзо ќе се потрошат. Стекнав насекаде пријатели, затоа што сум дружељубив, и немој некој уште еднаш да ми каже, кај и да отидеш нема да имаш пријатели. Па секако, ако твоето однесување и култура се на 0 ниво, што можам јас да сторам за вас. Секако дека и тами сите не се цвекиња за мирисање, има и лоши и добри, како ќе ги погодиш, но таму повеќето си ја гледат работата, а не како кај нас само да озборуваат и да кажуваат трачеви. Како што вели старата поговорка " Подржи ми го копилето, да се посмејам на копилицата". Е тоа е во Македонија, тоа е нашиот изопачен народ, тоа им е најважно. Какви се тоа пријатели да те испрашуваат колку пари си заработил, да не се нивни? Да не ти помогнаа многу од нив? Дури и од роднини што парите не си ги знаат, бев одбиен за помош ова лето, но се разбира, не се заборава ништо, и секогаш сум велел, има Господ, Тој нека им суди на сите, ништо не преземам во свои раце.
Уште еден пример за нашата мила мајка Македонија. Не знам дали сте го гледале или не, триесет и неколку годишен невработен господин, кој како што помнам, е завршил факултет по Информатика. Бил во Италија неколку години и се вратил во Македонија за да се вработи. Веќе неколку години не може да најде работа, живее во една соба со својот лаптоп, масичка и кревет во една соба. Ја имаше хакирано интернет страницата на едно од министерствата во знак на протест затоа што не се почитува учениот кадар доволно во Македонија. И после ова што може една млада личност да ја задржи во Македонија?
И за крај, баталете се што напишав погоре. Мое е дека, кога ќе ја добијам вистинската ситуација, ќе ја искористам, и фаќам магла, а на сите што тато и мама им ја наредиле, и посакувам се најдобро во животот, не сум човек што пресудува за другите. Дали ќе пишувам пак на овој форум, кога некој ќе одговори на моето мислење, не знам, тогаш ќе преценам.
Бидете живи и здрави сите.
P.S. Ќе го следам постов, сакам да гледам уште од нашите македонци, кој и што има да каже.