Тоа се 5 години или среден рок па до сега требаше да се осетат позитивни ефекти ама очигледно парите се трошеа за анимации,дизајни скулптури епа чорба македонче
АЈДЕ НАРОДЕ СЕКОЈА СТРАНА КЕ ЗБОРИМЕ ЗА ЈАВНИОТ ДОЛГ И КЕ МУ ОБЈАСНУВАМЕ НА СЕКОЈ ПАДОБРАНЕЦ..Е ПА АЈДЕ
1. зградите се заштеда по основ на милионски кирии кој се слеваа во приватни џебови - така или не?
2.македонија е НАЈНИСКО ЗАДОЛЖЕНА ЗЕМЈА - е или не, ова е апсолутна вредност мерлива со бројкизголемувањето на задолженоста (за која лично сметам дека треба без пардон да се квадруплира по примерот на европските земји на кој уво не им чуе) се должи на инфраструктурни енергенстдки и стопнаски проекти - знаете ли кој?
3. допринесе ли СК14 во зголемувањето на БДПто?
ЗНАЧИ ИМА ЛИ НЕКОЈ ДА ГИ ПОБИЕ ОВИЕ ТРИ ТОЧКИУ И ДА ПРЕКИНЕ ПОЛИТИЧКИМОТИВИРАНО ДА ТРОЛА СЕКОЈА СТРАНА - крај краевва истиве работи ги дискутиравме поназад, што ви е проблемот што ја загадувате секоја нова страница????
Цел пост ти е офтопик по темава. Ако ме банираат за мешање на бизнис стратегии во подфорум за Архитектура и дизајн, нема ваљда само мене да ме банираат.
.
Македонија во 2010 година за прв пат откако стекна самостојност, влезе во групата на високо задолжени држави...
Според меѓународни критериуми, за високо задолжена држава се смета онаа држава чиј што Бруто надворешен долг е повеќе од 60% од БДП!
Да видиме како се движела таа стапка од 2006 година наваму...
2006 година ... 47,9%
2007 година ... 47,6%
2008 година ... 49,2%
2009 година ... 56,6%
2010 година ...
62,1%
2011 година ... ХХ,Х% (само Господ знае колку ќе биде, после најновите задолжувања)
Значи, единствено намалување имаме во 2007 година, кога оваа стапка беше намалена за 0,3%... Колку за потсетување, тоа беше оној момент кога Никола Груевски се појави пред камери (со цела влада позади себе, како што се сликавме секогаш на крај од школска година) и кога триумфално соопшти дека Македонија предвреме ги вратила долговите кон Светска банка и Европска инвестициона банка...
Тие кредити беа со 2 до 2,5% камата, ама затоа подоцна се задолживме со издавање на еврообврзници со неколкукратно поголема камата...
Уште една работа...
На тогашните апели од СДСМ за Владата да не се задолжува со издавање на еврообврзници (поради неповолните услови) и да прифати аранжман со ММФ, Владата дрско одговараше дека на тој начин се нарушува бонитетот на земјата и одлучи повторно да се задолжува со еврообврзници... Арно ама, откако Ставрески отиде на прошетка низ Европа и не успеа да обезбеди кредити какви што посакуваше, Владата конечно мораше да се ’понижи’ и со задоцнување од речиси една година да ги прифати советите на опозицијата... И тоа беше проследено со нови манипулации дека новиот кредит од ММФ е создаден само заради Македонија...
И за крај...
После потпишување на тој договор со ММФ, Владата излезе со соопштение дека парите би се повлекле само во непредвидени ризични околности... Меѓутоа, после кратко време, Владата без објаснување и без образложение повлече голем дел од тие пари
http://www.macedonians.tv/showpost.php?p=170501&postcount=1