Local government in England,
За оваа проблематика не сум стручен, не сум политиколог (мислам дека еден од модераторите има такво школо), ниту експерт за децентрализација...ниту темата е конкретно за погореспомнатото.
Се на што укажував овие 3-4 страни е дека со проектот Скопје 2014 се концентрира огромна моќ пари и перспектива во само 1-2 општини во Македонија, а за сметка на ова се запоставуваат сите други скопски и македонски општини. Следствено на ова, не може да ми се допаѓа градба на згради карши Бристол, ниту на црквата, ниту на десетиците објекти на јавни институции ни од аспект на архитектура и планирање на просторот пошто ми делува пренатрупано, насила изградено едно до друго скоро исклучиво во центарот. Навечер во разни бои можеби ќе делува восхитувачки, но тоа е само светлечка илузија, а не правото лице на Скопје 2014.
Затоа и не го нарекувам Скопје 2014 туку Центар 2014.