Ако морам да одберам: татковината или парите, што би одбрал?

Кој е вашиот избор?


  • Вкупно гласачи
    360

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Абе добри луѓе во душа се Македонците ама во куќа да не ти стапнат.
На пописов ќе се пишам Шваба !
 

LGBT

Weird
Член од
20 јули 2011
Мислења
329
Поени од реакции
157
Сега за сега ми е добро во Македонија. Платата не е кој знае што но си имам друштво овде либерално. А немам баш средства да се иселам од овде.
 
П

Пепси_

Гостин
Па добро љонкарите нормално би отишле што им е гајле за Македонија,јас лично не би.
Ова некој шпански ли збор е патриоте ?
Не дека не ми е гајле за државата,ама кога од 100 луѓе само 10 сакат да биде на подобро а другите си идат по олд скул "лева рака,десен џеб" зошто па да ме боле главата со такви пешијари ?!

И како шо забележувам само вие патриотите вреѓате по оние што сакат да ја напуштат државата и тоа со шпански зборови како твоите. Е од такви ни се бега оти не може секој да прави тоа што сака да го прави туку мора некој да му наредува т.е. диктира со кое темпо да трча.
 

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
абе брат не дека вреѓаат т.н. патриоти по тие што сакаат да се селат ама им е криво им е криво што сите к** ги боли бе за државата бе толку себични створења на едно место само у македонија и нигде на др место
п.с. Dr.chase не биди бе толку самобендисано створење бе мајката , ако не ти се свиѓа толку државава наша иди си и така не ве сакаме
 
Член од
1 октомври 2011
Мислења
3
Поени од реакции
4
Се изначитав на овој цел пост. Многу спротивности, од секаде Македонци, кој изнашетан, кој не, кој сфатил нешто во животот, кој се уште си ја тера, затоа што неговите го држат здраво во раце, како да е 5 години итн...
Се регистрирав пред 2 мин. за да напишам нешто, нешто што не го сретнав во овој пост, а гледам дека 90-95% од мислењата навистина се од луѓе што "можеби" никогаш не виделе некоја мака, и затоа не велам 100% затоа што никој овде не познавам лично, и не знам кај е во моментов, што работи, како живее, и дали уште е жив. Многу од вас, сигурен сум во тоа, поради она што го имате напишано, сте со дома, на топло, и уживате во она што ви е пружено од мама и тато.
Епа вака, имам 22 години, пред околу 10 години моите се разведоа, останав со мајка ми, таа крпеше ден со ден да ме школува, ме запиша на факултет, ми обезбеди да положам за кола, положив на прва, еве веќе сум последна година и на факултет, досега со стипендија, за оваа година ќе видиме, дај боже и оваа да земам. Сум работел по кафе барови, интернет кафиња, сум работел градежно, бев во Грција на работа, во Бугарија, во Италија, дури се снајдов да отидам и во САД оваа година, многу од вас и знаат колку е скапа целата програма за да се стигне до САД, и сето тоа заради моја заслуга што сам сум си ја обезбедил. Тоа што се случило таму, и не е за пофалба, и нема веза, она што сакам да кажам е дека многу од вас не знаат да го ценат животот и самите себе, а потоа другите околу вас, па и затоа и тие не ве ценат. Пријатели имам насекаде каде што сум одел, но многу добро знам дека 98% се само од корист. Оние 2% што ги оставив се оние што навистина се застанале зад мене кога ми е било најтешко. Не дојдов овде да пишувам за мојот живот којзнае што, и не велам дека некој треба да го интересира за мојот живот, само да кажам дека, ако мислите дека треба да останете во Македонија, останете, ама знајте дека и татко ви да ви оставил нешто големо во наследство, кога тогаш ќе се потроши, затоа што готовото многу брзо се троши. Секако дека веќе нема за што младите генерации да останат во Македонија. Лично знам безброј луѓе кои се вработени партиски. Мој другар пред 2 години влезе полицаец, значи на 20 години татко му веќе му обезбеди работа до пензија. Мој комшија со завршено основно училиште веќе неколку години е вработен во Шумска полиција, и држи кафе бар, во кој нема никакви закони, се работи до сабајле, се пуши внатре, нема ниеден осигуран работник. Можам да наведам уште сто вакви случаеви. Кога ќе завршам со факултетот, можам и јас да се вработам, имам луѓе кои се веќе одамна партиски поврзани, но зошто да го направам тоа? За да утре за секои партиски избори да лижам ј*јца и да собирам гласови?

Сегде каде што бев, сегде каде што работев, сретнав различни луѓе, различен менталитет, култура, однесување. Ни во САД не е златна ситуацијата, за времето што бев, заработив добро, но тоа како што веќе спомнав, се готови пари и брзо ќе се потрошат. Стекнав насекаде пријатели, затоа што сум дружељубив, и немој некој уште еднаш да ми каже, кај и да отидеш нема да имаш пријатели. Па секако, ако твоето однесување и култура се на 0 ниво, што можам јас да сторам за вас. Секако дека и тами сите не се цвекиња за мирисање, има и лоши и добри, како ќе ги погодиш, но таму повеќето си ја гледат работата, а не како кај нас само да озборуваат и да кажуваат трачеви. Како што вели старата поговорка " Подржи ми го копилето, да се посмејам на копилицата". Е тоа е во Македонија, тоа е нашиот изопачен народ, тоа им е најважно. Какви се тоа пријатели да те испрашуваат колку пари си заработил, да не се нивни? Да не ти помогнаа многу од нив? Дури и од роднини што парите не си ги знаат, бев одбиен за помош ова лето, но се разбира, не се заборава ништо, и секогаш сум велел, има Господ, Тој нека им суди на сите, ништо не преземам во свои раце.
Уште еден пример за нашата мила мајка Македонија. Не знам дали сте го гледале или не, триесет и неколку годишен невработен господин, кој како што помнам, е завршил факултет по Информатика. Бил во Италија неколку години и се вратил во Македонија за да се вработи. Веќе неколку години не може да најде работа, живее во една соба со својот лаптоп, масичка и кревет во една соба. Ја имаше хакирано интернет страницата на едно од министерствата во знак на протест затоа што не се почитува учениот кадар доволно во Македонија. И после ова што може една млада личност да ја задржи во Македонија?
И за крај, баталете се што напишав погоре. Мое е дека, кога ќе ја добијам вистинската ситуација, ќе ја искористам, и фаќам магла, а на сите што тато и мама им ја наредиле, и посакувам се најдобро во животот, не сум човек што пресудува за другите. Дали ќе пишувам пак на овој форум, кога некој ќе одговори на моето мислење, не знам, тогаш ќе преценам.
Бидете живи и здрави сите.
P.S. Ќе го следам постов, сакам да гледам уште од нашите македонци, кој и што има да каже.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.893
^^^^^^^^^^^^^^^^

Браво,точно е се од А до Ш..младичу,вакви луѓе и требаат на Македонија и штета ако ги изгуби..
 
P

Princ

Гостин
@PainKilleR[_]
Заеба работа кога запна 2 пати со она дека тие што остануваат тука, мама и тато им ја наредиле. Значи во суштина добар пост, ама во тие два детали (кои многу ми значат) заеба работа кај мене.
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Уште еден пример за нашата мила мајка Македонија. Не знам дали сте го гледале или не, триесет и неколку годишен невработен господин, кој како што помнам, е завршил факултет по Информатика. Бил во Италија неколку години и се вратил во Македонија за да се вработи. Веќе неколку години не може да најде работа, живее во една соба со својот лаптоп, масичка и кревет во една соба. Ја имаше хакирано интернет страницата на едно од министерствата во знак на протест затоа што не се почитува учениот кадар доволно во Македонија. И после ова што може една млада личност да ја задржи во Македонија?
Член е на форумов Дедо Ное го викаме.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Не велам дека во другите земји тече " Мед и Млеко", ама причината која би заминал странство не се парите туку друго нешто.
 
Член од
27 септември 2011
Мислења
185
Поени од реакции
96
PainKiller не паламуди,голем дел си работат и си живеат пристојно,ни партиски ниту тато им нашол работа, меѓу кој сум и јас.Јас со сите што сум зборел, што отишле во белосветскиот ни запад се жалат,едноставно не е така се црно-бело,ниту МК е дну-дна ниту запад е рајот ветен.Не зборам за старине гастебајтери што на времето ја здувнаа па сега убо живееле.Зборам за сега.
Ако си работољубив,енергичен, ќе се снајде човек и тука за пристојна живееачка,ама ако си мрза ни исток ни запад не те крепи.
Поголемиот дел што ги знам, што плачат колку било тука лошо,се со средна(и тоа заборавил у кое школо учел),без јазик,без работно искуство,од компјутери само мозила знае да упали, и нејќе келнер,нејќе на каса,нејќе пракса,за амал да не збориме, епа брат што сакаш,директор без ресор...
У странство ќе иде , ќе најде работа што тука упорно ја одбивал(пр.келнер) ќе ја работи за фала богу поголема плата од тука,од сутра до мрак,за да му остане нешто ќе се стиска ко евреин у зима(пошо трошоци таму високи),без никаков живот ко робот и ќе си се прибере пак тука и ќе свати дека си изгубил драгоцено време.
Зборам за поголемиот дел,секако си има и успешни приказни кои се снаоѓаат и остануваат ама се малку.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom