^
Значи сепак се разбравме, проблемот е во нашата држава, а не во PayPal.
Прифаќам дека проблемот е во безбедноста, но кога сме кај електронската трговија, државава би можела да си најде решение, како што Кина го условува работењето на Гугл со цензурирање на одредени содржини, така и Македонија може да го условува работењето на PayPal со забрана за внесување на пари од странство преку PayPal.
Но, во право си Ljupco Meljata, ова е себична држава која иако е независна, со слободна и отворена економија, а наводно и демократска, сепак не е подготвена да се откаже од бенефициите кои доаѓаат со даноците и казните, наводно соработува со странските служби, но очигледно не и кога се во прашање перењето на пари и финансирањето на тероризам, па затоа полесно им е да го држат PayPal надвор од Македонија, отколку да се реформираат.
Работава, исто како тутунарите, монопол, и да сакаш, сепак не можеш да го продадеш тутунот во странство, таа привилегија ја ужива тутунскиот комбинат, односно монополот.
Исто и со електронската трговија, имаш пари и сакаш да купиш нешто од странство со тие пари, но државата ништо нема да добие од тоа, бидејќи парите од продажба, даноци, поштарина и испорака ќе ги собере државата од која купуваш, а не државата во која пристигнуваат нарачаните производи, па затоа, ако државата нема ќар од твојот бизнис, тогаш единственото решение е - да го забрани твојот бизнис, да го направи нелегален.
Работава, на хартија - слободна пазарна економија, во реалност - затворен пазар, до некаде дури и ги има задржано социјалистичките навики од поранешна Југославија.