затоа што таа друга држава ми обезбедила да работам и заработам за парче леб а оваа не ми го дозволува истото... како приколица на прашањево е зашто таа друга држава која иако ти наплатува данок не ти дозволува да лгасаш... освен во нов зеланд... за 30 дена работење ми стигна покана да гласам на следните избори...
и уште по нормално е дека кога се враќаш дома во мк си ги носиш парите со себе... а сметките не ги затворив... ваљда онака празни банката сама си ги затвара по некое време...
Малку отидов надвор од темата со прашањето, па ти си ми одговорил баш на оваа моја мини-провокација

, па ајде уште овој круг и да прекинеме.
Значи: ако таа друга држава ти е толку подобра од Македонија (таа ти обезбедила да работиш и да заработиш за парче леб), се оди во МВР и се прави ИСПИС од државјанство.
Ако е тоа екстремно, тогаш барем да не бараат да гласат (и да ни поставуваат пратеници кои не само што нашата држава ќе ги плаќа, туку и ќе одлучуваат за неа и со тоа за нас).
Инаку за тие со слаба меморија: Македонија им дала гинеколошки преглед на мајката, пораѓање, здравствено осгурување (кое беше многу подобро од сега), градинка, основно, средно и високо бесплатно образование. И многу друго.
--- надополнето ---
Ехеее ибати процедурата.... како можеја да ја смислат само не ми е јасно.
Закон е.
Македонија не е во Е.У. ама европските банки ги поседуваат најголемите банки во Македонија. Исто е дали имам сметка во sosite general или охридска банка. Секаде сметката е валидна.
Не е исто. Охридска банка е банка во Македонија и работи по македонски закони (на пример еден од нив вика дека ако пропадне некоја македонска банка, Македонија ќе ти исплати до 20.000 евра отштета, кај други држави е повеќе, кај трети помалку. на балканов сме број 1 најдобро за штедачите).
Кога чуваш пари во Охридска, таа е многу веројатно да ги пласира кај македонските граѓани и фирми (или македонската влада во форма на државни обврзници). Но ако ги чуваш во Франција, тие ќе ги пласираат кај Француските граѓани и фирми.
Истото срање е и со тутунска чиј сопственик на NLB А ионака капиталиот не останува кај нас, си го вадат банките без проблем.
Капиталот е ДОЈДЕН и стои тука. Заедно со целата пасива. Добивката си ја вадат, но тоа е друга категорија.
Не ги потценувајте странците кои тука купиле евтино. Ајде да ве видам одете вие и купете во друга земја, еве на пример во Сенегал. Па потоа правете добивка (ако останете живи)
Само како по обичај најголемиот кур го крка најобичниот граѓанин што сака да потроши 30-40 долари за интернет купување.
За жал така испаѓа. Ситните се бркаат во Македонија (и во многу други држави). На крупните никој ништо не им смее.
Еве на пример: колку само Курди убија Турците, ама лидерот на ПКК (Абдула Очалан) е осуден само на затвор.
--- надополнето ---
и јас имам paypal сметка со Visa electron од тутунска банка и си работи без проблем,инаку парите не легнуваат на paypal туку кога порачуваш нешто тогаш ги зема дирекно од сметката во тутунска,на paypal ги имам само оние 1.5 долари што ги зема од сметка за да потврди дека картичката е твоја и после кога ги враќа седат на paypal.
1. Сам си кажуваш дека имаш сметка.

2. И сам си кажуваш дека имаш 1.5 долари кои стојат таму некаде во странство.
Тоа е она што не е дозволено: да се чуваат средства во странство. 1. е можноста, а 2. е потврда дека е така.
Знам дека е потешко за разбирање, ќе пробам од другата страна: приливите (а не одливите). Всушност таа е и побитна страна, бидејќи создава (а не троши) вредност за Македонија. Не ја напишав затоа што многу помалку македонци ја применуваат.
Еве да речеме имаш прилив. Си работел нешто (на пример си кликнал милион пати во секунда

) и треба да ти платат 20 долари. И си ја навел твојата сметка во Пејпал да те исплатат.
Кога и како ќе ги подигнеш парите?