Манибукерс и компанија не ги интересира нашиот закон, си ги гледаат интересите, ама не е така со пејпал...
Е затоа нема пејпал кај нас. И нема да го има се додека не се смени законот за банкарство.
Ова е најглупавото објаснување што сум го прочитал за Moneybookers и останатите електронски сервиси за трансфер на финансиски средства преку Интернет кои ги нудат своите услуги во Македонија.
Како тоа Moneybookers работат нелегално и се свесни за тоа ?
Па Moneybookers не се од вчера, постојат веќе 10 години, основани се во Лондон и до денешен ден седиштето им е во Лондон, главен град на Британија, која патем, е држава членка на НАТО и на ЕУ, не е држава членка на евро-зоната, но сепак ги ужива сите права и привилегии кои ги носат со себе членството во НАТО и ЕУ.
Имено, Moneybookers ги нуди своите услуги во целиот свет.
Ако ова што го прават е нелегално, како тоа никој досега во Македонија не превзел мерки против ваквите нелегални активности изминативе 10 години ?
Воопшто не ти држи вода теоријата.
Ај те молам информирај не и постави линк на оваа тема на форумов, од актуелниот закон за банки, чисто колку за да се увериме во тоа што го велиш, дека македонската законска регулатива ни забранува да ги користиме услугите на електронските сервиси за трансфер на финансиски средства преку Интернет како што се PayPal и Moneybookers.
А да, и те молам кажи ни го твоето мислење околу актуелниот министер за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски.
Јас го прашав преку e-mail за PayPal, а тој ми одговори дека PayPal не спаѓа во неговите надлежности, што е точно, бидејќи PayPal повеќе е како Интернет Банка, отколку како информатичка компанија и затоа треба да се третира како странска инвестиција, а странските инвестиции во Република Македонија се под надлежност на Агенцијата за странски инвестиции, која е под надлежност на Министерството за Економија или на Министерството за Финансии, не знам точно, но знам дека дефинитивно не спаѓа под надлежност на Министерството за Информатичко Општество и Администрација.
Но и покрај тоа што преку e-mail се оградува од достапноста, односно од недостапноста на услугите на PayPal во Македонија, сепак, еве го истиот Иво Ивановски, на национална и сателитска телевизија вели дека PayPal ќе почне да ги нуди своите услуги во Македонија.
Очигледно некој греши или намерно лаже, или ти, или Иво Ивановски, дај те молам, објасни ни, грешка или лага, ти или Ивановски ?