Paypal конечно и во Македонија!

Статус
Затворена за нови мислења.

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.828
Поени од реакции
6.370
Службата за сајбер криминал е сигурно многу ефикасна во Буркина Фасо,Еритреа,Џибути и ДР Конго па тие се на листата на ПејПал.Абе не заебавај...
Мадагаскар и такви слични ти се уствари и најбезбедните земји - КАЈ НИВ ВООПШТО НЕ НИ ИМА ИНТЕРНЕТ........
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Луѓе, да не го тупиме.

Ние како македонци немаме право парите да ни стојат на сметка надвор од државата. Тоа е регулирано со ЗАКОН! И се додека тој закон не се смени, пејпал, манибукерс и сличните платежни провајдери се ИЛЕГАЛНИ според законот.

Манибукерс и компанија не ги интересира нашиот закон, си ги гледаат интересите, ама не е така со пејпал...
Е затоа нема пејпал кај нас. И нема да го има се додека не се смени законот за банкарство.
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Чекајте малце вие си вадите муабети од ракав министерот ти реков ми рече ,

Ќе се занимава ПејПал со некојси од Банана држава ,Ви кажувам статистика и факти,

Од човек во Банка значи банките си имаат се комплет уреден систем,Проблемот е кога ќе се направи криминал шо правиме потоа како властите се справуваат ,

Нема врска пејпал не е сметка во и не работи како Банка туку сервис за префрлање на пари и тука нема никакво кршење на закон.

Ние немаме служба која ќе ги гони сајбер криминалците и казни ако да речеме хипотетички Вие бидете обештетени преку ПејПал и барате да ви ги вратат вашите средства тогаш и ПејПал мора да бара разрешница за некоја ИКС ИПсилон трансакција.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.875
Поени од реакции
12.210
Манибукерс и компанија не ги интересира нашиот закон, си ги гледаат интересите, ама не е така со пејпал...
Е затоа нема пејпал кај нас. И нема да го има се додека не се смени законот за банкарство.
Ова е најглупавото објаснување што сум го прочитал за Moneybookers и останатите електронски сервиси за трансфер на финансиски средства преку Интернет кои ги нудат своите услуги во Македонија.

Како тоа Moneybookers работат нелегално и се свесни за тоа ?

Па Moneybookers не се од вчера, постојат веќе 10 години, основани се во Лондон и до денешен ден седиштето им е во Лондон, главен град на Британија, која патем, е држава членка на НАТО и на ЕУ, не е држава членка на евро-зоната, но сепак ги ужива сите права и привилегии кои ги носат со себе членството во НАТО и ЕУ.

Имено, Moneybookers ги нуди своите услуги во целиот свет.

Ако ова што го прават е нелегално, како тоа никој досега во Македонија не превзел мерки против ваквите нелегални активности изминативе 10 години ?

Воопшто не ти држи вода теоријата.

Ај те молам информирај не и постави линк на оваа тема на форумов, од актуелниот закон за банки, чисто колку за да се увериме во тоа што го велиш, дека македонската законска регулатива ни забранува да ги користиме услугите на електронските сервиси за трансфер на финансиски средства преку Интернет како што се PayPal и Moneybookers.

А да, и те молам кажи ни го твоето мислење околу актуелниот министер за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски.

Јас го прашав преку e-mail за PayPal, а тој ми одговори дека PayPal не спаѓа во неговите надлежности, што е точно, бидејќи PayPal повеќе е како Интернет Банка, отколку како информатичка компанија и затоа треба да се третира како странска инвестиција, а странските инвестиции во Република Македонија се под надлежност на Агенцијата за странски инвестиции, која е под надлежност на Министерството за Економија или на Министерството за Финансии, не знам точно, но знам дека дефинитивно не спаѓа под надлежност на Министерството за Информатичко Општество и Администрација.

Но и покрај тоа што преку e-mail се оградува од достапноста, односно од недостапноста на услугите на PayPal во Македонија, сепак, еве го истиот Иво Ивановски, на национална и сателитска телевизија вели дека PayPal ќе почне да ги нуди своите услуги во Македонија.

Очигледно некој греши или намерно лаже, или ти, или Иво Ивановски, дај те молам, објасни ни, грешка или лага, ти или Ивановски ?
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Член од
16 април 2011
Мислења
607
Поени од реакции
154
Еј извини брат те молам немој да ме носиш у затвор Латасе те молам јас само сакав да ја кажа истината готово го обрав бостанот сега хаааахххххххххххх:pos:
Да ама кога се ке анализираш "министеров" не кажува уствари ништо ни датуми ни кога ни што. Новинарите си брмчат само. :tapp: :pos:
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Да ама кога се ке анализираш "министеров" не кажува уствари ништо ни датуми ни кога ни што. :tapp: :pos:
Значи ќе можат само да плаќаат а не и да примаат пари значи ништо од бизнисот.

Вујче од америка ќе мора да ми праќа пари преку Банките наши со голема провизија.

Да бидеме реални ќе биде за 5 години ако се воведе ред и законот биде според ЕУ а нашата единица за сајбер криминал да си ја врши чесно работата.
 
Член од
16 април 2011
Мислења
607
Поени од реакции
154
Да бидеме реални ќе биде за 5 години ако се воведе ред и законот биде според ЕУ а нашата единица за сајбер криминал да си ја врши чесно работата.
Според мене и повеќе од 5 години.
--- надополнето: Sep 28, 2011 8:01 PM ---
pa i da kaze datum ministerot, ne mora da znaci nisto.
licno go imam prasano Ivanovski za ova
http://www.metamorphosis.org.mk/en/component/content/article/1271
i kratko mi odgovori deka on ne mozel nisto da garantira, bidejki PayPl bila privatna firma koja sama odlucuvala
Текстов ко да е од 2008 а? :) А за од Пејпал писмото што го добил во август ти кажа? :pos:
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.875
Поени од реакции
12.210
pa i da kaze datum ministerot, ne mora da znaci nisto.
licno go imam prasano Ivanovski za ova
http://www.metamorphosis.org.mk/en/component/content/article/1271
i kratko mi odgovori deka on ne mozel nisto da garantira, bidejki PayPl bila privatna firma koja sama odlucuvala
Точно, одговорот кој ти го дал лично е точен, но кога човек ќе ја прочита неговата изјава прикажана на веб сајтот кон кој води твојот линк, која ја даде уште во 2008, следува прашањето:

Зошто дава вакви изјави кога и самиот не може ништо да гарантира околу достапноста на услугите на PayPal во Македонија ?

Подобро нека си молчи, отколку да ни буди лажна надеж и дига адреналин за џабе.

Да бидеме реални ќе биде за 5 години ако се воведе ред и законот биде според ЕУ а нашата единица за сајбер криминал да си ја врши чесно работата.
Според мене и повеќе од 5 години.
Во ред, нека биде и за 5 години, па и за повеќе од 5 години ако треба, но до тогаш политичарите и медиумите нека си молчат и нека престанат да лажат, знам дека не можат да замолчат и за престанат да лажат за се и сешто, но барем нека си замолчат и нека престанат да кажат за достапноста, односно за недостапноста на услугите на PayPal во Македонија.

Текстов ко да е од 2008 а? :) А за од Пејпал писмото што го добил во август ти кажа? :pos:
Да, текстот е од 2008, уште тогаш го прочитав и уште од тогаш им ги собирам лагите на македонските политичари и медиуми околу достапноста, односно недостапноста на услугите на PayPal во Македонија.

Очигледно типот патува низ времето, можеби затоа од никаде се појави и преку ноќ стана министер за информатичко општество и администрација. :pos:
 
Член од
2 октомври 2009
Мислења
958
Поени од реакции
238
Луѓе, да не го тупиме.

Ние како македонци немаме право парите да ни стојат на сметка надвор од државата. Тоа е регулирано со ЗАКОН! И се додека тој закон не се смени, пејпал, манибукерс и сличните платежни провајдери се ИЛЕГАЛНИ според законот.

Манибукерс и компанија не ги интересира нашиот закон, си ги гледаат интересите, ама не е така со пејпал...
Е затоа нема пејпал кај нас. И нема да го има се додека не се смени законот за банкарство.
koja smetka be nadvor od drzavata ke imam ako imam paypal,, mene smetkata mi e na tutunska banka i ako otvoram akaunt paypal smetkata ke mi bide od tutunska a ne od bank of amerika, mene ne mi e jasno ova,koga ke primam pari ili ke plakam ke mi se odzema ili dodava na tutunska smetka a ne na nekja smetka od stranstvo???
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom