Новите автобуси (даблдекери, кинески и украински) во Скопје

Член од
11 јуни 2007
Мислења
1.505
Поени од реакции
1.302
Ма само по еден џандар у автобус кај нас и ригорозни казни за секој фатен како шкрта или крши нешто, под ригорозни мислам над 500 евра...
Само така може да им дојде памет на децана, коа ќе му дојде белешка дома на татко му да плати 500 евра...
Слушнав за некој случај кога во новите автобуси две Албанчиња се потпишувале на седиштата а шоферот го забележал тоа се јавил во полиција и веќе на некоја од наредните станици ги привеле Алфи и ги однеле во полиција ! Им стегнале казна од по 500 евра поединечно !
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
Ма само по еден џандар у автобус кај нас и ригорозни казни за секој фатен како шкрта или крши нешто, под ригорозни мислам над 500 евра...
Само така може да им дојде памет на децана, коа ќе му дојде белешка дома на татко му да плати 500 евра...
(y)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.786
Поени од реакции
12.261
Ај што се оштетува од граѓани...такви случаи имало и има, овде и во сите држави...не е македонска измислица. Казни и слично...
Ме чуди како ноншалантно се дава изјава дека постојат фабрички грешки.
Дали не постоел тим од Македонија кој треба да изврши инспекција во фирмите/фабриките од каде се преземаат возилата? Ако постоел, зошто не ги забележал пропустите. Ако не постоел таму, зошто при прием на возилата во Македонија не е сигнализирано за грешките, зошто не се вратени возилата со грешки...и така натаму. Дури и да е само 1 автобус, за истиот би требало да се погрижи производителот.
Официјални изјави каде само се потврдува/утврдува состојба дека постојат фабрички пропусти во за нас голема зделка/набавка, едноставно ми делуваат несериозно.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
Ај што се оштетува од граѓани...такви случаи имало и има, овде и во сите држави...не е македонска измислица.
Ме чуди како ноншалантно се дава изјава дека постојат фабрички грешки.
Дали не постоел тим од Македонија кој треба да изврши инспекција во фирмите/фабриките од каде се преземаат возилата? Ако постоел, зошто не ги забележал пропустите. Ако не постоел таму, зошто при прием на возилата во Македонија не е сигнализирано за грешките, зошто не се вратени возилата со грешки...и така натаму. Дури и да е само 1 автобус, за истиот би требало да се погрижи производителот.
Официјални изјави каде само се потврдува/утврдува состојба дека постојат фабрички пропусти во за нас голема зделка/набавка, едноставно ми делуваат несериозно.
Кои фабрички пропусти?
 

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
има у текстот. Самото раководство на ЈСП тоа го признава. Има и у други написи, има дефекти и грешки. Кој контролирал, што гледал...
Џабе објаснуваш Лурц, Цитро и другарчињата се водат по мотото "На подарен коњ забите не му се гледаат", небаре Грујо и компанија извадија пари од сопствен џеб, па ни ги подарија автобусите.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.484
Поени од реакции
7.969
Автобусите се чесно платени, и затоа треба да бидат чесно изработени, а не да поминуваат кај конторла на квалитет онака ноншалантно па после на првиот дожд патници да отвраат чадори во автобус.
--- надополнето: Sep 27, 2011 4:03 PM ---
Нови автобуси се тоа ок супер ама добро како може внатре да се слуша Орце Стефковски тоа е epic sound :pos:
Лотарија ти е тоа, некогаш Орце Стефковски, некогаш Пол ван Дајк :pos:
 

Романтичарка

надежна форумџика
Член од
31 октомври 2009
Мислења
382
Поени од реакции
91
Баш конечно да се пуштат во употреба.Инаку добри се со клими внатре.
Најинтересно ми е што луѓето не се научени да се качуваат на горниот спрат во тие двокатните,па се гужваат на долниот спрат,а горе празно.:pos:
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.822
Поени од реакции
1.576
Се е убаво тука само малецки се и требало да ги обучат прво шофериве незнат да ги возат а не па клима да пуштат. Плус немаме култура да ги чуваме новиве автобуси
 
Член од
13 август 2008
Мислења
827
Поени од реакции
101
новите автобуси се ТОП, и двокатните и украинските. за мене се подобри двокатните затоа што има повеке место за седење, има многу подобра клима и дека е двокатен
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
новите автобуси се ТОП, и двокатните и украинските. за мене се подобри двокатните затоа што има повеке место за седење, има многу подобра клима и дека е двокатен
И се движат со 2 на саат и веднаш почнале тие маските за сенка на прозорците да се одлепуваат од надвор.

Да прашам нешто. Таа бројката што е кај скалите означува колку места има СЛОБОДНИ за седење или колку се ЗАФАТЕНИ?
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Мене новите автобуси ми се одлични.Само мислам дека ЈСП во вторник и петок треба да ги пушта старите со знак: Превоз за пензионери
Не е хумано тоа што се случува овие денови само за да си се повозат некои луѓе,а и плус мрчат нон стоп дека автобусите биле вакви-такви,не им одговарале,било многу студено внатре,многу тесно не знам што.Па како побогу нема да ти биде тесно кога си се натоварил како магаре?:mad:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.786
Поени од реакции
12.261
И се движат со 2 на саат
Ако ја знаеш раскрсницата од бутел 2 кај што почнува нагорнината десно кон железара, каде и за лека кола е потребно максимално да намали и каде до Железара улиците имаат многу лош наклон на кривините (на кривина за десно, наклонот те исфрла на лево)...како тек таму возат шоферите со двоспратен автобус. Чудно е што ставиле двокатна 26-ка на таква релација.
А тек во зима со двокатните...

Само мислам дека ЈСП во вторник и петок треба да ги пушта старите со знак: Превоз за пензионери
Не е хумано тоа што се случува овие денови само за да си се повозат некои луѓе,а и плус мрчат нон стоп дека автобусите биле вакви-такви,не им одговарале,било многу студено внатре,многу тесно не знам што.Па како побогу нема да ти биде тесно кога си се натоварил како магаре?:mad:
дајбоже ко ќе остариш... И да, потесни се единечните од старите единечни, имаат еден ред повеќе седишта. Затоа од кај шоферот до средна врата не моеш да се разминеш.
Мене новите автобуси ми се одлични.
да, одлични беа и икарус и санос...додека беа нови...пред 20, 30+ години. И ние кога бевме млади, ништо не крцкаше ни зглоб ни кичма
 
Член од
27 септември 2011
Мислења
423
Поени од реакции
682
Понекогаш ми се чини дека јас сум единствената што не ги сака новите ДВОКАТНИ автобуси, но тоа е не затоа што сум критичар на се што е ново, туку затоа што навистина мислам дека не се практични. Долу едвај има место за 10 души, а за нагоре на никој не му се ризикува да се качува по тесните скалички за неколку станици, кабината на шоферот е толку одделена што кога треба да се купи карта се ствара огромна гужва. На изглед се ок, ама не се практични.
 

Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
И се движат со 2 на саат и веднаш почнале тие маските за сенка на прозорците да се одлепуваат од надвор.

Да прашам нешто. Таа бројката што е кај скалите означува колку места има СЛОБОДНИ за седење или колку се ЗАФАТЕНИ?
Слободни :) Ама негде се точни, негде не
 

Kajgana Shop

На врв Bottom