Ако морам да одберам: татковината или парите, што би одбрал?

Кој е вашиот избор?

  • Вкупно гласачи
    360
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Сакаш да кажеш дека другите нации немаат култура на однесување во туѓ дом ?

Инаку грешка си , не треба СИТЕ ОСТАНАТИ, туку ДЕЛ ОД НАРОДОТ ........бидејќи има и такви кои не ја напуштаа државата од што мораат , туку од што не можат (бидејки и не сакаат) да го прифатат нашиот менталитет.

За 5 дена заминувам повторно надвор од Мк и потоа ке си продолжам со коментирање на форумов и дури може да се сменам и јас како тебе да почнам да ја фалам Македонија и животот во неа како што тоа го правиш ти :)

Кажи што убаво е во Македонија, а јас и ти ( па и останатите) сме далеку од Мк ?

Абе убавини , милина , нели ? ;)
Значи да ја оставиме на страна економската состојба и аномалиите кои со себе ги донесе транзицијата,

Добрите особини на Македонија и Македонците за разлика од западна Европа. Како прво и основно топлината , како таа на сонцето , така и на нашиот менталитет. Таа топлина допринесува да имаме огромен број пријатели и живееме тесно поврзани со фамилијата, овие работи можеш само да ги сонуваш на запад, затоа што ручек со родителите го закажуват два месеци порано а сметката најчесто ја плаќат секој посебно.
Втора многу битна работа која Македонија ја нуди а западот не е слобота. Додека овде си „скоцкан„ и спонтаноста ти е сведена на минимум, во Македонија едноставно животот е спонтан.
Следува патријахалното воспитување (зборувам за здрава македонска фамилија која успеала да ја преживее транзицијата и немаштијата , како што спомнав на почетокот). Додека на западот скоро и да нема „нормална фамилија„ и на 80 години сеуште се расправат со дечковци , кај нас тој збор не постои.
Детство, токму поради недостатокот на слобода и скоцканоста овде децата живеат неверојатно досадно детство. Јас во Македонија до 25 година во животот незнаев дека во детството постои таков збор. И навистина ги жалам сите деца кои уште на две годишна возраст имат термини , а на играње со пријатели ги носат како мали роботчиња со точно определено време на играње. Затоа моите внучиња лигите им течат кога ќе се спомне Македонија.
Гостопримливост, значи кажав дека со децата се среќават во точно одредени термини , така да може да замислите како е со останатите. Во секој случај некогаш кога им кажувам дека не е проблем кај мене да се преспие , се чудат и најчесто си носат вреќи за спиење. А кога ќе им спремиш јадење тогаш се чудат и скоро никогаш не ти го возвраќат тоа гостопримство (сум доживеал и исклучоци но ретко).
Менталитет кој не одговара на нашиот, значи никогаш ама никогаш неможам да си направам муабет како со Македонец скоро секој муабет е прилагодување (иако за човек со мој карактер не е проблем и се навикнав сепак не е тоа тоа.. Тука да го надоврзам и дружењето и седењето на маса. Под ова разбирам ракија , салата , скара , пиво или вино и муабет до смрт.

Значи може уште да се пише ама еве ова во кратки црти. Секако има и позитивни моменти особено кога се работи за професионална кариера и стандард.
 
A

Antigona

Гостин

Благодарам за експлицитниот одговор. Сум била на страна, сум живеела, сум прифатила други вредности и сум се навикнала на друг начин на живеење. Повторно ќе идам, овој пат во друг правец и намерно ќе ставам во распоред за работа кај мене Австралија и Азија за да го анализирам народот таму и ќе правам споредба со македонците.

Можеби во 70-те , 80-те години убаво се живеело во Македонија и луѓето биле топли, гостопримливи , си помагале меѓу себе .........но денес постои голема разлика и не ми е јасно што е причината што се има изменето нашиот менталитет....... па дури може да се каже дека кај нас може да се најдат фамилли кои се многу ладни, дури поладни и од германците ( за кои се верува дека се ладен народ)

Жал ми е што на своја кожа можам да ја осетам таа љубомора, лицемерие , завист , желба да те згазат тука во Мк , пријателството ми е сведено на НУЛА .....затоа ништо нема д ами недостига од Македонија.....ниту дечко, ниту другарки, ниту работа, ниту моите ( со нив во секој момент ќе можам да се гледам или тие да дојдат кај мене или јас на ден-два тука)

Додека ти зборуваше за детството во Македонија, децата во некои земјии се развиваат со спортски дух и со желба за победа, за напредок....не се мрзеливи ко македончињата....
За скара, ракија и вино , ќе се пијат доколку има причина, а не секој ден и секој саат да се излежаваат пред ТВ..........

Сепак, некој како мене и тебе што одбрал да живее во странство, значи по автоматизам ја одбива државата и веќе одбрал пари на оваа тема.....затоа нема потреба од правење патриоти....... Знаеш тоа ќе му додје како ,,,,,,ми се јавува вчера другарот кој си дошол на одмор од Италија и ми вика “ ајде да се видиме, ќе се почастиме во кафани, да ја осетиме македонската кујна и музика„

И што сега ??? Ако му е дојдено до Македонија што не останал тука , а не сега частење додека е тука овие 10 дена па голем патриот ке ми се прави.
 
Член од
20 ноември 2010
Мислења
738
Поени од реакции
749
Порано ќе одберев татковината :) Но кога ќе подразмислам малку,кога ќе видам со какви кретеноидни морони живеам окулу мене... избирам да фатам џадето што подалеку :)
Хаха, се согласувам во целост! :)
 
wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
Jaс бирам парите.

Татковината во срцето, но егзистенцијата пред се!
 
Член од
2 август 2011
Мислења
139
Поени од реакции
44
jas bi go odbrala prvoto da odam vo stranstvo da zarabotam pari i da se vratam vo makedonija.ke prasate zosto? zatoa sto vo makedonija perspektiva nema postojat BOGATI ISIROMASNI.koga bi imala pari i bi bila bezgrizna nemam takva dusa a da ne pomognam na toj sto ke pobara pomos od mene, zatoa sto znam sto e da se nema .
 
Член од
23 август 2010
Мислења
163
Поени од реакции
55
Нормално дека парите ќе ги изберам. Ги поддржувам сите луѓе кои на било каков начин се трудат да успеат, па и тие што вадат Бугарски пасоши. Кога е во прашање сопствениот живот и животот на најблиските не те боли кур ни за државата ни за ништо. Секој гледа за себе да си стокми а и така треба да биде.
Мои роднини работат насекаде низ Европа. Јас сум бил на посета кај роднини во Швајцарија и морам да признаам дека најмногу ме бендиса таму.
Стрико ми работи можеби на скеле ама е експерт во неговата работа и заработува 8.000 франги во месецот. 4 собен стан плус 2 вц заедно со се парно, струја, вода трошковите беа 1.200 франги.
Храната е ефтина ако знаеш кај купуваш. Турските продавници се ефтини. Бутици има толку скапи умот да ти се заврти ама таа облека не можат ни Швајцарците да си ја дозволат. А просечно да се облечеш, што кај нас може да се смета за прескапо таму е преефтино. Истате фармерки што пред две години сум можел во Швајцарија да ги земам за 30 франги тука ги глеам летото над 3.000 денари.
Безграничен интернет (а и не ти треба пошто цела зграда има и можеш да крадеш без проблем) 50 франги месецот.
Мразам луѓе кои ко ќе дојдат на одмор тука се жалат дека ринтаат ко коњи е не Богами тоа на друг да го кажуваат. Ако им е толку лошо ќе се вратат. Гледам како живеат моите роднини низ странство и дека земаат големи суми на пари да напоменам и дека се полуписмени.
Стрико ми работи од 5 до 5 исто 5 дена во неделата. Си има слободен викенд. И сабота да си излезе со друштво и да се напие и недела да се одмори и рашета ко човек низ градот. Секоја зима одмор од две недели, секое лето од 4 недели.

Е сега доколку сакаш стан да купиш(а паметно е), пристоен стан околу 100.000 франги кој можеш да си го допуштиш ако кренеш кредит нормално ама и за тоа ти треба работен стаж од најмалку една година и редовно плаќани сметки. Земањето стан е паметен потег, зашто ќе дојде време кога ќе сакаш да си дојдеш назад и можеш да го продадеш. Ем истите пари назад ем не си фрлал по пустина секој месец плаќајќи кирија.
Не за џабе западниот дел на Македонија за останиот изгледа ко Дубаи. Нема таму човек што не е во туѓина. Ама луѓето се пробиле пред многу години и сега нормално помладите генерации ем се образуваат таму, ем заработуваат, ем со 25 години купиле и станови таму и најскапи коли и тука градат куќи нешто што просечен Македонец 3 животи тука не би го псотигнал. Ама знаат луѓето да се пробиваат. Ќе наполнат 50 години ќе се вратат тука ко бегови ќе наотвараат кафичи, ресторани и пак ќе живеат ко шефови.
Затоа секој кој меле на темава како во Македонија е подобро сигурно сон гледа. Нема да работам тука цел живот за 200 евра во месецот и секој да ме понижува и потценува. Во странство барем го ценат трудот. И прашината да им ја избришеш 100 пати фала ќе ти речат и од срце парите ќе ти ги дадат. Нема останување тука ниту да ме врзат. И така оваа држава нема корист од мене. Ќе одам некаде каде што ќе ме искористат и ќе ги искористам.
Ете можеби сме немале среќа да можеме на некого да се закрепиме во странство а не да почнуваме од нула ама ич ја не му ја мислам. Зошто ни дал Господ раце и ум ? Да го искористиме. Да го ебаме животот дур не почнал тој да не еби оти многу касно ќе е. Секој што има желба да замине во странство му посакувам многу среќа и дури да не успее важно ќе знае дека пробал. Не се губитници тие што изгубиле туку тие што не пробале.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
163
Поени од реакции
55
А и тоа дека во Македонија излегувањата и забавата била подобра е стварно смешно. Европските држави ги имаат најјаките дискотеки, клубови итн.
И не е народот воопшто ладен. Нормално за луѓе кои заминале на една недела дека им изгледало ладно, пријатели не се стекнуваат преку ноќ. И само уште нешто да спомнам, културата не само да им е на повисоко ниво од нас туку може и вода да им носиме. Балканциве се единствени таму што пцујат по улици, пијани по улици шутираат празни флаши, се дерат ко несаглам во 3 сатот на полноќ да се тресе цела зграда.
 
Decoturf

Базинга
Член од
30 октомври 2010
Мислења
504
Поени од реакции
74
кој кај сака нека иде, јас живеам за се она што моментално ме опкружува , си го сакам животото тука, и никогаш не би отишол странство, премногу луѓето се фокусирани на парите, тие не се се во живототт, зае*и животот без фамилија и пријатели блиску до тебе
 
А од воздух ли ќе живееш ?
 
Decoturf

Базинга
Член од
30 октомври 2010
Мислења
504
Поени од реакции
74
А од воздух ли ќе живееш ?
ако сакам да имама барем јас можам и во македонија да имам доволно за еден скромен живот, не сонувам за раскошот и богатствотот на нашите иселеници што само тие знаат како го постигнале и знам дека немаат време кај да ги потрошат парите, работат 24часа дневно
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.894
А од воздух ли ќе живееш ?
А умрел ли некој од глад во Македонија? Не искрено,најди ми статија,вест или било што објавено дека некој од глад умрел.. до кога со таа кретенска фраза :tapp:
 
Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.129
Поени од реакции
790
ако сакам да имама барем јас можам и во македонија да имам доволно за еден скромен живот, не сонувам за раскошот и богатствотот на нашите иселеници што само тие знаат како го постигнале и знам дека немаат време кај да ги потрошат парите, работат 24часа дневно
Ако под скромен живот мислиш на кутија цигари и флаша пиво тогаш си во право... Секој може да си приушти таков живот со некоја работа.
Но дали можеш да створиш нешто работејќи во оваа земја? Да си го решиш стамбеното прашање, да се ожениш, да си го школуваш детето/децата, да си приуштиш еден одмор во годината, да плаќаш сметки за струја/вода/телефон/телевизија/интернет, да плаќаш данок на имот, да си го наполниш резервоарот на автомобилот...
За такво нешто сака нешто повеќе од просечната македонска плата... таква земаат некој 10-15% од вработените...
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.444
Поени од реакции
18.432
А умрел ли некој од глад во Македонија? Не искрено,најди ми статија,вест или било што објавено дека некој од глад умрел.. до кога со таа кретенска фраза :tapp:
Е па дефинирај тогаш што е тоа, кога си кратиш од работите кои редовно си ги конзумирал порано...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom