- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Значи да ја оставиме на страна економската состојба и аномалиите кои со себе ги донесе транзицијата,Сакаш да кажеш дека другите нации немаат култура на однесување во туѓ дом ?
Инаку грешка си , не треба СИТЕ ОСТАНАТИ, туку ДЕЛ ОД НАРОДОТ ........бидејќи има и такви кои не ја напуштаа државата од што мораат , туку од што не можат (бидејки и не сакаат) да го прифатат нашиот менталитет.
За 5 дена заминувам повторно надвор од Мк и потоа ке си продолжам со коментирање на форумов и дури може да се сменам и јас како тебе да почнам да ја фалам Македонија и животот во неа како што тоа го правиш ти
Кажи што убаво е во Македонија, а јас и ти ( па и останатите) сме далеку од Мк ?
Абе убавини , милина , нели ?
Добрите особини на Македонија и Македонците за разлика од западна Европа. Како прво и основно топлината , како таа на сонцето , така и на нашиот менталитет. Таа топлина допринесува да имаме огромен број пријатели и живееме тесно поврзани со фамилијата, овие работи можеш само да ги сонуваш на запад, затоа што ручек со родителите го закажуват два месеци порано а сметката најчесто ја плаќат секој посебно.
Втора многу битна работа која Македонија ја нуди а западот не е слобота. Додека овде си „скоцкан„ и спонтаноста ти е сведена на минимум, во Македонија едноставно животот е спонтан.
Следува патријахалното воспитување (зборувам за здрава македонска фамилија која успеала да ја преживее транзицијата и немаштијата , како што спомнав на почетокот). Додека на западот скоро и да нема „нормална фамилија„ и на 80 години сеуште се расправат со дечковци , кај нас тој збор не постои.
Детство, токму поради недостатокот на слобода и скоцканоста овде децата живеат неверојатно досадно детство. Јас во Македонија до 25 година во животот незнаев дека во детството постои таков збор. И навистина ги жалам сите деца кои уште на две годишна возраст имат термини , а на играње со пријатели ги носат како мали роботчиња со точно определено време на играње. Затоа моите внучиња лигите им течат кога ќе се спомне Македонија.
Гостопримливост, значи кажав дека со децата се среќават во точно одредени термини , така да може да замислите како е со останатите. Во секој случај некогаш кога им кажувам дека не е проблем кај мене да се преспие , се чудат и најчесто си носат вреќи за спиење. А кога ќе им спремиш јадење тогаш се чудат и скоро никогаш не ти го возвраќат тоа гостопримство (сум доживеал и исклучоци но ретко).
Менталитет кој не одговара на нашиот, значи никогаш ама никогаш неможам да си направам муабет како со Македонец скоро секој муабет е прилагодување (иако за човек со мој карактер не е проблем и се навикнав сепак не е тоа тоа.. Тука да го надоврзам и дружењето и седењето на маса. Под ова разбирам ракија , салата , скара , пиво или вино и муабет до смрт.
Значи може уште да се пише ама еве ова во кратки црти. Секако има и позитивни моменти особено кога се работи за професионална кариера и стандард.