S
smexy
Гостин
Животот нема смисла.Поентата му е дека нема смисла животот, има само обврска. Али темата е друга.
Причина за живеење? Не можам да ја најдам. Свесни битија како што сме, целиот живот сме незадоволни и трагаме по нешто повеќе. Ако некако магично имаме среќни моменти, тие мораат да бидат уништени со депресивни, порано или подоцна.
Оние кои го посветиле животот на пари - никогаш не им се доволни
Оние ко го посветиле животот на љубов - никогаш не ја наоѓаат
Оние кои го посветиле животот на семејството - никогаш нема да ја преболат нивната смрт.
Животот ни е циклус, круг од добри и лоши нешта, чувства, случки... Ако не може човек да се носи со тажните моменти, подобро е да се убие. Ако не може да се убие зашто нема храброст и тоа го фрла во уште поголема агонија, нека дојде да се напие со мене пиво, нема да му контрирам на ниту една работа што ќе ми ја каже на темата.
Се додека ти самиот не му дадеш.Не можеш да ја најдеш.
Се додека еден човек животот го доживува како обврска, и додека се обидува или да ја најде поентата на животот или полошо чека од Бога росица... не очекуваме многу од таквите.
И тие самите го знаат тоа, и не очекуваат многу од себеси.
И полека скапуваат и ги прегазува времето.
Не ни треба да бидат некогаш задоволни од успехот оние кои толку долго работеле за да го добијат.
Не е битно колку брзо трчаш, битно е никогаш да не застанеш нели?
Ако животот е циклус;
бескрајно тркало...перпетум мобиле, кој е тој, малата единка наречена човек да го нарушува тој систем?