Причина за живеење...

  • Креатор на темата Креатор на темата PrincezZ
  • Време на започнување Време на започнување
Вистината за тоа кој сме е и што сме,осознавањето на нашата вистинска суштина и издигањето на свеста над страдањата кој ги нуди овој материјален свет е смислата на животот според мене,или поточно смислата на мојот живот во моментов,било кој други материјална причина или смисла за животот според мене се погрешни бидејки како што веке си свесна овој материјален свет и овој материјален живот колку и да изгледаат прекрасно и колку и да ни е убав животот,не се ништо во споредба со суштинското постоење во целосна и апсолутна љубов(тука не мислам на лјубов кон друга личност)туку на постоење кое е целосно исполнето со љубов.Дури во моментот кога ке ја осознаеме таа наша суштинска природа ке разбереме и зошто биле потребни сите тие страдања ,и сите тие рани кој останале од страдањето ке бидат излечено од изворот на исконската љубов.
 
Пронаоѓање на себе и пронаоѓање на правите луѓе во животот - две паралелни работи. Една постојана потрага на нови хоризонти во светот и нови карактеристики кај луѓето. Сакам да знам што се` може да ме заинтересира и што се` можам да направам, што се` можам да работам, со кој се` да се дружам, кои све интереси да ги имам...Сакам да знам што ќе се деси понатака, дали и како ќе напредувам јас и луѓето околу мене.
Љубопитноста/интересот е тоа што не` одржува. Не за џабе на глупаците од Idiocracy им е сеедно дали се живи или мртви.
Друго нешто, мора да се прифати фактот дека не се случува се` одеднаш и дека цел живот ќе учиме и ќе се пронаоѓаме. Совет за оние што немаат причина за живот е да работат и да се трудат колку што можат повеќе и да имаат исполнето секојдневие. Човек мора да искуси тешкотија за да се радува потоа на своето слободно време и да го искористи паметно а не со седење во чек дис аут.
 
Прво, треба да знаеш што е среќа, што всушност не прави нам среќни- кратко и едноставно, оние работи кои ни се пријатни кога се случуваат но РЕТКО.
Еве да се земам јас пример.. Ќе ме направи среќен ако налетам на билјон долари.. WOW стварно ќе сум среќен, но што ако тоа ми се случува секој ден? Тогаш нема тоа да има никакво значење...

Постои добра изрека , "Пази што посакуваш", ....ако сега јас посакувам да најдам билјон долари, а веројатноста е 0 тоа да се случи, па секој ден ќе си ја чукам главата во зид, сакам да најдам билјон долари - епа нема...

Е сега твојот проблем... незнаеш што те прави среќна така? Тогаш ти не посакуваш ништо, да знаеш дека многу луѓе би дале се да не посакуваат ништо вклучувајки ме и мене :) тоа те прави среќен, исполнетоста или да кажам немаш недостаток од ништо. Но како што реков среќни не прави само она кое трае кратко, па тогаш и константа среќа нема да те направи да се чуствуваш среќно...

Мој совет: Немој да си земаш здраво за готово дека целта во животот е да ствараш фамилија, маж, жена, деца... ова е само наметнување од општеството. Ако си верник ќе имаше цел, претпоставувам не си, за жал и ти како мене.. тогаш целта ќе мора сама да ја пронајдеш (ако сакаш да имаш цел) иаку јас несакам :) но разликата кај мене е што знам што ме прави среќен.. е сега мора нешто да постои што те прави среќна.. ако навистина ништо ама баш ништо неможе да те направи брем малку среќна тогаш ти препорачувам да се посоветиш со стручна личност. ( а можеби си совршен човек кој нема никакви потреби) но и сепак не си бидејки имаш потреба од среќа (сакаш да бидеш среќна?) ...колку што те разбрав ;)
Поздрав
 
Па добро ама не можев да се помирам со тоа дека комшивката умрела...
Ама сигурно дека нема цел живот да жалам за тоа...

Ох леле, тоа ли било работата? Ахаха да знаев немаше да пишувам олкав текст-
На смртта гледај како авантура, јас така гледам...
Исто така постои добра изрека: Најголемиот жив мудрец, е поголем будала од најголемиот мртов будала!
Зошто? Затоа што мртвиот будала знае што и како е после смртта...
Ако нема ништо незнам дали може да си замислиш не постои ништо свеста не ти постои.. 0 нема празнина нема исполнетост... ти не постоиш пробај тоа да го сватиш на позитивен начин ако можеш.. само имај на ум дека и тоа е можно..
А ако пак од друга страна останува свеста или се преродуваме или незнам ти што како.. тогаш е вистинска авантура! ;)
 
Тортата што ја јадев пред десет минути ми дава причина за живот.
 
....Човек се раѓа, за да даде некому љубов. Оној, којшто никому, дури и на куче, не дал ниту капка љубов, тој напразно дошол на овој свет. Подобро ќе беше, ако мајка му место него родила камен. Таков човек не познава мака и среќа, нема да остане во срцата на луѓето, и нема да го запомнат по добро. Таков човек - по ѓаволите!
извадок од уводниот дел на стихозбирката од 1957 г од П.Пенев „Секој своја патека си има“
 
If one finds life meaningless, one is almost not fit to live. A.Einstein

Секој сам си наоѓа причина за живеење.
Барајте смисла луѓе, филозофирајте, образувајте се, учете нови работи, љубопитноста е најголема долготрајна движечка сила во животот, умереното задоволство ќе ве одржува среќни и живејте мирен живот.
 
Секој ден нешто ново,без разлика добро/лошо!Си ја прајме интересна!
 
Да се направи нешто што ке помогне на идните генерации.
 
da se odzhivee bidejki toa ne bilo nash izbor., koga sme veke tuka da e barem so bel obraz;)
 
Denes!
Da najdam del za kolata
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom