Причина за живеење...

S

smexy

Гостин
Поентата му е дека нема смисла животот, има само обврска. Али темата е друга.

Причина за живеење? Не можам да ја најдам. Свесни битија како што сме, целиот живот сме незадоволни и трагаме по нешто повеќе. Ако некако магично имаме среќни моменти, тие мораат да бидат уништени со депресивни, порано или подоцна.

Оние кои го посветиле животот на пари - никогаш не им се доволни
Оние ко го посветиле животот на љубов - никогаш не ја наоѓаат
Оние кои го посветиле животот на семејството - никогаш нема да ја преболат нивната смрт.

Животот ни е циклус, круг од добри и лоши нешта, чувства, случки... Ако не може човек да се носи со тажните моменти, подобро е да се убие. Ако не може да се убие зашто нема храброст и тоа го фрла во уште поголема агонија, нека дојде да се напие со мене пиво, нема да му контрирам на ниту една работа што ќе ми ја каже на темата.
Животот нема смисла.
Се додека ти самиот не му дадеш.Не можеш да ја најдеш.

Се додека еден човек животот го доживува како обврска, и додека се обидува или да ја најде поентата на животот или полошо чека од Бога росица... не очекуваме многу од таквите.
И тие самите го знаат тоа, и не очекуваат многу од себеси.
И полека скапуваат и ги прегазува времето.

Не ни треба да бидат некогаш задоволни од успехот оние кои толку долго работеле за да го добијат.
Не е битно колку брзо трчаш, битно е никогаш да не застанеш нели?

Ако животот е циклус;
бескрајно тркало...перпетум мобиле, кој е тој, малата единка наречена човек да го нарушува тој систем?
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308

:) Малата единка не може да го наруши системот. И животот нема смисла, има обврска. А мотивирачки текстови се секогаш добредојдени, произлегоа од религијата во којашто не веруваш. :)
 
Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.852
Поени од реакции
20.353
Зар треба да имаш добра причина да живееш?.. ехеее до сега ако одело по тој терк имало да има тро дупло самоубиства, причината е доволна да се разбудиш и да имаш со кого кафенце да се напиеш се друго плус ти доаѓа, ако за се си бараме причина ќе ни требаат два века за да го добиеме она што го сакаме, знаејќи го човека како лакомо суштество и два па и три веке нема да му бидат доволни да си најде причина, или да се насити од животот, затоа е и толку болна смртта и огромен стравот од истата.
 
its_ok_im_new

brake lights
Член од
24 август 2010
Мислења
402
Поени од реакции
216
Koga bev tinejdzer, bev bez granici. Piev, pusev, tripav i se toa bez da bidam svesen za sebe ili svetot okolu mene. Ednas mislam bev na rabot, i se uplasiv, mnogu. Neznaev deka e mozno, ama preku nokj gi smeniv razmisluvanjata i zivotnite naviki. Stanav covek. Stanav nesto sto ne go gledam vo 90% od lugeto koi sekojdnevno gi srekjavam. Ziveam mnogu pokvalitetno, pravam raboti koi gi sakam. Znam deka za 100 godini nema da go imam vlijanieto sto go imam sega, i iskreno ne mi e griza-naprotiv, mi pomaga da funkcioniram besprekorno.
I vo vakva ubavina, stvarno nemam vreme da ja baram "smislata" na zivotot ili da gi tolkuvam razmislite na Aristotel.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.780
Поени од реакции
8.235
Зар треба да имаш добра причина да живееш?.. ехеее до сега ако одело по тој терк имало да има тро дупло самоубиства, причината е доволна да се разбудиш и да имаш со кого кафенце да се напиеш се друго плус ти доаѓа, ако за се си бараме причина ќе ни требаат два века за да го добиеме она што го сакаме, знаејќи го човека како лакомо суштество и два па и три веке нема да му бидат доволни да си најде причина, или да се насити од животот, затоа е и толку болна смртта и огромен стравот од истата.
Aко ја избегнеш реалноста на денешницава да те стрефи срце додека менуваш долен веш и ти се случи моментот "смртна постела", а околу тебе нема никој, ќе те исполни со елација тоа дека барем секое сабајле си пиела кафенце со комшиката?
Не ме сфаќај погрешно, ама пиењето кафенце :))) и останатите социјални активности денес се дадени од старт. Нив ги губиш ако си наметнеш комплекс и станеш асоцијална.
Рутината, бар за мене, е препрека во потрагата.
 
Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.852
Поени од реакции
20.353
Aко ја избегнеш реалноста на денешницава да те стрефи срце додека менуваш долен веш и ти се случи моментот "смртна постела", а околу тебе нема никој, ќе те исполни со елација тоа дека барем секое сабајле си пиела кафенце со комшиката?
Не ме сфаќај погрешно, ама пиењето кафенце :))) и останатите социјални активности денес се дадени од старт. Нив ги губиш ако си наметнеш комплекс и станеш асоцијална.
Рутината, бар за мене, е препрека во потрагата.
Тоа со пиењето кафе чисто ко узречица го ставив, замисли секој ден да стануваш и да си бараш причина зошто си жив? Мислам дека премногу замрање со некои работи не е баш од полза, ќе доведе до страшно лош исказ на нештата, знаеш како викаат помалку информации повеќе среќа, колку повеќе знаеме јбга ти текиња колку е саат, па згора на се да бараш причина за живот, мислам дека сите бараат одговор како да ја избегнат смртта, а за живот им е доволно и кафето утринско и не со комшиката туку со оној кој љубат да бидат во друштво. Се друго се поставува од тезата страв, страв да умреш, страв да немаш причина за живот, оние кои не нашле причина а биле свесни за истата се некаде во некоја енергија околу нас или споменот останал 2 метра под земја , кој како љуби.
 
Мене ме мачи comfortably numb сценариото на буквалистите у однос на постоењето парадокс во генетскиот склоп на луѓето. Ако стравот од смртта или генерално стравот како инстинкт за преживување ни е вроден, треба ли да се земе as it is и да се живее пасивно пред тие факти на нашиот морталитет?
Уште пострашно, светскиот цивилизациски поредок денес ни набива вредности кои ни ги пацифизираат стравовите за тоа дека сме ја сјебале нашата улога во таа, замислена или не, транседенција на постоењето.
Совршено го долови тоа дека тезата страв не е двигател да човекот проактивно делува на сопствената бесмисленост, туку проблем кој се решава со посета на доктор, психијатар или со куршум у череп. Упорно не убедуваат дека сите прашања кои заслужуваат одговор се веќе одговорени. Дека метафизичката потрага е бунт против разумот и трошење време и дека вистинската причина за живеење лежи во хиерархијата моќ>статус>пари>кариера.

Настрана булшит муабет за тоа како не ебе капитализмот и глобализацијата на духовен план... пиење кафе со ближниот свој, 250 лајкови на фб статус "Zemjotreeeees", пиење чај пред камин, покриен со ќебе, заедно со твојата љубов која те скокотка таму кај препоните... се многу бре ефтини за да бидат причини за живеење. :)
 
Јас потполно се слагам со тебе мај дијр Разиел, арно ама неможеш некому да искорениш нит па да му вкорениш разум и да ги гледа работите така, ако ги отвори очите и види дека има повеќе од кафе пиење и ебење отиде јабана, ќе се збунат бре, кој користи мозок денес да се омара околу тоа „кој ја ебе кокошката, а не е петелот“, кога имаш каде да конзумираш одоговри на тацна дали биле од капитализам или сл жими таквото поредоци... ноу сенс е да се дебатира ма да мора некој да има и да дуби да проба на некому очите барем за милиметар да му ги отвори, дека за да си жив ти треба сенс и до некаде да знаеш убаво што сакаш од истиот тој факин живот, затоа и мојте постови се полни со сарказам и кафе пиење, затоа што ќе звучам јас за на психијатрија ако отвориме дебата што всушност треба да не одржува живи.
 
Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.998
Се радувам кога идам на утакмици на Вардар,кога Јувентус победува,кога кошаркарите и ракометарите газат,живеам за денот кога ќе ја видам фудбалската репрезентација на светско или европско првенство,се радувам кога стискам мускули пред огледало,живеам за да најдам убава работа,за да се оженам со девојка која ќе ме сака,за да израснам деца кој нема да бидат наркомани или пијаници,а ако толку не ти се живее бар влези со калаш у грчки парламент у пуцај дур не те...,бар ќе бидеш запаметена како херој на татковината:cuc:
 
Член од
21 јули 2009
Мислења
77
Поени од реакции
11
Амебите се размножуваат со делење...
Рибите немаат секс...
Некои инсекти се раѓаат бремени...
Некои видови гуштери исто така без секс...

Сите овие едноставно треба да...исчезнат?
Rekov deka se sostoi vo prenesuvanje na genite (bez razlika dali e polovo ili bezpolovo razmnozuvanje), a koga rekov fucking mislev za lugjeto t.e za vidot Homo Sapiens :) Mozeme da filozofirame do utre i da ja naogame smislata vo razni aktivnosti pocnuvajki od muzika, umetnost, religija, nauka, semejstvo, prijateli no ako se zamislime podlaboko ke vidime deka i ovie aktivnosti se vo sluzba na prethodnive, poprimitivnite ako sakate taka da gi vikame. Problemot e sto nie lugjeto ne sakame da si priznaeme deka i nie sme eden vid na zivotni (mislenje koe sto si vleci koreni od sreden vek pa se do denes koga glaven opinion maker bila crkvata so toa sto vestacki go odvojuvala covekot od drugite zivotni, velejki deka nie imame dusa, koja sto e pak celosno imagniren koncept koj ima za cel manipulacija na masite, a zivotnite nemaat) i deka zakonite sto vazat za drugite, vazat i za nas kako vid kaj koj sto mozokot kako organ po nekoja slucajnost evoluiral na povisoko nivo i koj sto mu ovozmozuva podobra adaptacija za razlika od drugite zivotni, a so samoto toa i pogolema sansa za prenos na svojot genetski materijal - znam deka ova zvuci mnogu bezdusno i nehumano, no za zal ili za sreka toa se zaklucocite na modernata nauka, bez razlika dali nam ni se dopagja ili ne.(y)
 
Член од
31 јануари 2011
Мислења
779
Поени од реакции
382
Животот е рандом, хаотичен, и нема смисла. И според тоа единствена причина поради која сме уште живи е задоволството. На крај се се сведува на тоа. Дали задоволство добиено од љубов, семејство, кариера, гледање на добар филм, музика, дрога, секс, алкохол, пријатели, спорт, и др. Како и да е уствари сите ние сме робови на сопствените желби.
 
S

smexy

Гостин
:) Малата единка не може да го наруши системот. И животот нема смисла, има обврска. А мотивирачки текстови се секогаш добредојдени, произлегоа од религијата во којашто не веруваш. :)
Малата единка не ни треба да го наруши системот.
Малата единка треба да се интегрира себеси во системот без да ги промени своите карактеристики, дури и како канцер.
Возможно е, дури и кога сите на неа ќе фрлаат со копја и камења.

Мојот говор не е мотивирачки, туку едноставна интерпретација на она на кое за жал не обрнуваме внимание, а последиците и самиот ти ги спомна неколку пати.
--- надополнето: Sep 27, 2011 5:19 PM ---
Rekov deka se sostoi vo prenesuvanje na genite (bez razlika dali e polovo ili bezpolovo razmnozuvanje), a koga rekov fucking mislev za lugjeto t.e za vidot Homo Sapiens :) Mozeme da filozofirame do utre i da ja naogame smislata vo razni aktivnosti pocnuvajki od muzika, umetnost, religija, nauka, semejstvo, prijateli no ako se zamislime podlaboko ke vidime deka i ovie aktivnosti se vo sluzba na prethodnive, poprimitivnite ako sakate taka da gi vikame. Problemot e sto nie lugjeto ne sakame da si priznaeme deka i nie sme eden vid na zivotni (mislenje koe sto si vleci koreni od sreden vek pa se do denes koga glaven opinion maker bila crkvata so toa sto vestacki go odvojuvala covekot od drugite zivotni, velejki deka nie imame dusa, koja sto e pak celosno imagniren koncept koj ima za cel manipulacija na masite, a zivotnite nemaat) i deka zakonite sto vazat za drugite, vazat i za nas kako vid kaj koj sto mozokot kako organ po nekoja slucajnost evoluiral na povisoko nivo i koj sto mu ovozmozuva podobra adaptacija za razlika od drugite zivotni, a so samoto toa i pogolema sansa za prenos na svojot genetski materijal - znam deka ova zvuci mnogu bezdusno i nehumano, no za zal ili za sreka toa se zaklucocite na modernata nauka, bez razlika dali nam ni se dopagja ili ne.(y)
Види, можеш колку сакаш да ги паралелизираш луѓето и животните, ако се чувствуваш дека еден пес е достоен да се рамни со тебе, ако сите тие споредни активности за тебе се баналии, и не укажуваат на битие кое се издигнало над другите, на овој или на оној начин, поради оваа или онаа причина, тогаш зошто
на форумов пишуваш токму ти, а не твојот пес?

Многу долго пред црквата луѓето знаеа, и се диференцираа себеси од останатите земски животинки.
Атињаните беа пред црквата...и многу други.
Луѓето можеби и немаат душа, но како битија се премногу сложени за да бидат споредени со песови и мачки.
А искрено, кога седам дома и думам Ајнштајнова релативистика, тоа искрено ме вреѓа.
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Види, можеш колку сакаш да ги паралелизираш луѓето и животните, ако се чувствуваш дека еден пес е достоен да се рамни со тебе...
Само сети се, кога ти си излезен и ти се моча, што бараш прво?
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Се она што стои зад аголот и што стои на отворено. Ако човек нема доза на непредвидливост, рутината ќе го задави, а ако нема рутина, веројатно сам себе ќе се уништи. Како и да е, мотивацијата лежи некаде во средина. Вистината е дека сме рутинизирани роботи, колку и да сакаме да се убедиме дека правиме нешто посебно. Единствено некој надворешен случај ќе не штипне од страна, да не разбуди од светот во кој се нешто ни недостига.

Јас доживеав еден таков момент, кога дознав дека една многу млада личност со која работев некое време, е сериозно болна. Во тие моменти сето коркачење исчезнува. Ставено на вага со стравот кој човек потенцијално може да го добие на лотарија на која несвесно игра, се изгледа така добро. И нес кафето со моите колеги, и турското со брат ми.

Get Well Soon
 
S

smexy

Гостин
Само сети се, кога ти си излезен и ти се моча, што бараш прво?
Озбилен си?
Споредуваш закржлавени физиолошки потреби и човечка комплексност?
Крај краева, ние, луѓето го измисливме клозетот...
Не песовите, не кравите...тие сеуште серат и мочаат насекаде.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom