Скопје 2014 (Генерална дискусија)

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?


  • Вкупно гласачи
    593
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Дарданија ми се допаѓа дискисијата но би те замолел да ги избегнеш ситните провокации од типот „се населија цели села од источна Македонија„.
Мислам дека си свесен до каде может да забегат муабетите.
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635
Да , Скопје остварува 50% од БДП-то, иако во Скопје живеат 33% од населението.
Не морало да биде вака , од преголемото форсирање на Скопје , другите делови остануваат пусти.
миграцијата село град, и окрупнувањето на метрополите е светски тренд, не се може ништо тука,за жал сегде е така, не го оправдувам но го прифакам, во европа златни средновековни села празни зјаат, во сад цели градови, во македонија целосно се изумрени најмалите селца..балканот турција грција, слично

Некои општини лесно се справуваат со проблеми затоа што централната власт им префрла милиони евра за да се реализираат некои проекти. Дали им се префрлуваат и на други општини?
верувај дека се работи (освен Куманово кое е катастрофа) и се работи токму поради децентрализацијата, пред тоа нека ти текне, ништо нигде не мрдеше, централната власт ги јадеше општинските пари за плати.

префрлањето на пари во центар е само за проектот, не одобрувам помагање на општини освен во случај на катастрофи или капитални зафати.

Скопје бил запоставуван? Се населија цели села од источна Македонија , а градот сеуште може да дише , зошто е тоа така? Затоа што темелите на градот се поставени во Титова СР Македонија.
Стигнавте и по Тито да плукате , тоа што се градеше некои сеуште не можат ни да го продадат-крадат а камо ли да го градат истото.
не си разбрал, Да во време југославија после земјотресот Скопје беше изградено и тоа од МЕГУНАРОДНИ а не Ју пари, механизација и материјали. се населија села не само од источна туку и од западна Македонија и Косово, што беше грешката на Скопје, НИЕ ДЕНЕС СМЕ НАТУРАЛИЗИРАНИ СКОПЈАНИ! или што викаат Скопје нема Скопјани.

значи збориме за ЗАПОСТАВУВАЊЕ/НЕОДРЖУВАЊЕ не спориме кој првично инвестирал и изградил.

Оди поклони им се на тие што се погрижиле за иднината на градот , за да можат овие сега да стават 100 споменици и 2 грчки хотели и пак да имаш плоштад за да славиш победи
Грчките хотели се курбан Англиско лоби во прљавите игри за името, комплексна материја чии ефекти ке видиме за десетина години.да не забегаме, што и да се глејте на хотелите како ФАБРИКА БЕЗ ОЏАК, ке вработат неколку стотини Македонци, ке инвестираат десетици милиони евра, а ке црпат странски капитал по основ нокевања и за тоа по основ данок ке ја полнат државната каса, да не навлегувам што значи Мериот брендот за Ск и МК
.
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Што ќе ти е план без пари. Еве ќе речеш ќе ја приширам една улица , но ќе треба да надоместам сопственици на куќи , а имам само 2 милиони евра за капитални инвестиции за цела година.

Најлесниот дел е да црташ улици, паркови , паркинзи ... ама без пари ништо не бидува.
Имаме градчиња во МК што се многу убаво средени а и такви кои се за никаде, што мислиш која е разликата?

Ти кажувам градоначалникот е БИТНА фигура колку го бива и како менаџер да брка проекти и пари и да ја полни градската каса а не само да седи и чека од партијата да му кажат што да прави.

Јас не сум чул некој супер проект во помал град, нека направат како проект план нека го пуштат во медиуми па може дел од спонзори дел од влада нешто ќе се финансира ама и ти си свесен дека повеќето градоначалници во помалите места се таму да си примаат плата и прават сопствен бизнис :).

Инаку Скопје мене порано не ми се свиѓаше а сеа ми е многу пофин за живеење, ете може субјективно чувство но сега се осеќам баш ко во модерен велеград :).

Многу брзаш, млада држава сме тек 20 години тек ќе се менуваат работите а културата на луѓето се надевам со тек на време ќе се подобрува, сеа сме во своја држава па пополека луѓево ќе сфаќаат дека коа нешто ќе скршиш ко кај себе дома да си скршил, и нивните родители ги плаќаат даноците нели?

Тоа е тоа, подобро нешто отколку ништо, можеше да биде и полошо, парите да ги снемаше а ништо да не се изградеше.

Ќе ни треба трпение тоа е, модерна и средена држава преку ноќ не се станува а баластот што го наследивме од распадот на СФРЈ ни беше огромен, да не потсеќам како беше, се си има како и зашто е вака како што е.

Јас сум оптимист дека пополека ќе се средуваат работите освен ако вие и ние пак не се распукаме што се надевам нема да се случи :).
 
Член од
27 јули 2011
Мислења
216
Поени од реакции
94
и што безпоотребно? плоштадот е многу поубав сега одколку порано и тоа нечини? подобро нека градат одколку да не се гради како предходните влади
Од што е толку 'убав' плоштадот паѓам во несвест секој пат кога ќе го видам...
--- надополнето: Sep 26, 2011 8:59 PM ---
Ти не ме разбираш. Темава не е во подфорум Политика или Бизнис, туку Архитектура.
Знам дека темава е архитектура не мора да ми нагласуваш, и во архитектурата имаш политика.
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635
Од што е толку 'убав' плоштадот паѓам во несвест секој пат кога ќе го видам...
--- надополнето: Sep 26, 2011 8:59 PM ---

Знам дека темава е архитектура не мора да ми нагласуваш, и во архитектурата имаш политика.
не поминувај на плоштад не го гледај, и не не замарај со твоите политички фрустрации,

постирај нешто за проектот, не се изживувај мајката
 

Романтичарка

надежна форумџика
Член од
31 октомври 2009
Мислења
382
Поени од реакции
91
Редно беше нешто да се прави во оваа наша метропола.(y)
Дури сега почна да заличува на главен град на државата.Фонтаната е преубава,а и се друго.
Само нашево Македонче никогаш не е задоволно и на се само наоѓа маани.Зошто ова,зошто она,а на крајот пак гледаш слики со истите луѓе сликани баш на тие места.
 
Член од
27 јули 2011
Мислења
216
Поени од реакции
94
не поминувај на плоштад не го гледај, и не не замарај со твоите политички фрустрации,

постирај нешто за проектот, не се изживувај мајката
Колку и да се трудам да го избегнам оној CIRCUS MAXIMUS на плоштад не можам, за жал постои
--- надополнето: Sep 26, 2011 10:05 PM ---
Редно беше нешто да се прави во оваа наша метропола.(y)
Дури сега почна да заличува на главен град на државата.Фонтаната е преубава,а и се друго.
Само нашево Македонче никогаш не е задоволно и на се само наоѓа маани.Зошто ова,зошто она,а на крајот пак гледаш слики со истите луѓе сликани баш на тие места.
Напротив, Македончето се задоволува со се што му се сервира на неговата празна чинија
 
Член од
11 јули 2009
Мислења
1.415
Поени од реакции
962
Се разбира дека е многу подобро сега.Мерак да ти е да шеташ по плоштадот или да седнеш на кафе во ТРЕНД :), а камо ли кога ќе се доврши катната гаража , портата Македонија , фасадите на зградите околу плоштадот и зградулето до Јахја Кемал (y)...А и гледам многу повеќе туристи доаѓаат , со тоа доаѓаат и пари :icon_mrgr:
 

Романтичарка

надежна форумџика
Член од
31 октомври 2009
Мислења
382
Поени од реакции
91
Напротив, Македончето се задоволува со се што му се сервира на неговата празна чинија
Тоа е можеби општо за Македончето како Македонче.
Секогаш попрво дозволуваме да размислуваат другите за нас отколку ние самите да си размислуваме за себе си.
И ова градбите,скулптурите и се друго баш ми е мило што навитина сега Скопје убаво изгледа.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.902
Напротив, Македончето се задоволува со се што му се сервира на неговата празна чинија
оф топик:
извини,ама немаш право да ме нарекуваш Македонче,директно ме вреѓаш и ми припишуваш нижа вредност..барам јавно извинување!
--- надополнето: Sep 26, 2011 10:59 PM ---
верувај дека се работи (освен Куманово кое е катастрофа) и се работи токму поради децентрализацијата, пред тоа нека ти текне, ништо нигде не мрдеше, централната власт ги јадеше општинските пари за плати.

.
Колку си само у право, а колку ме боли да знаеш:(
 
Член од
27 јули 2011
Мислења
216
Поени од реакции
94
оф топик:
извини,ама немаш право да ме нарекуваш Македонче,директно ме вреѓаш и ми припишуваш нижа вредност..барам јавно извинување!
--- надополнето: Sep 26, 2011 10:59 PM ---

Колку си само у право, а колку ме боли да знаеш:(
Уф, извини што ти кажав навистина каков си
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635
Уф, извини што ти кажав навистина каков си
не можеш да зборуваш во туго име, ако ти се чуствуваш како македонче, ако ти немаш свое јас, достоинство и гордост, не ја префрлај твојата инфериорност на другите.

гледам нов си

НЕ ПИШУВАЈ ОФ ТОПИК на сериозни теми.
НЕ НАВРЕДУВАЈ, НЕ ЕТИКЕТИРАЈ
ЗА МУАБЕТИ ИМА П.ПРОАКИ
ПОЛИТИКАТА Е ЗАБРАНЕТА НА КАЈГАНА

ако свати молам на темата.
--- надополнето: Sep 27, 2011 6:48 AM ---
ЗЕЛЕНО ПАЗАРЧЕ НА ЦВЕТЕН - КАЈ РИБАТА НОВИ ЗГРАДИ

ОПШТИНА ЦЕНТАР ГИ УСВОИ ИЗМЕНИТЕ НА ПЛАНОТ „ГОЛЕМ РИНГ-ЈУЖЕН ДЕЛ“

Аминувани двете згради спроти „Бристол“


Незадоволни од решенијата, десетина граѓани бараа одлагање на планот и повторна расправа, со критика дека деветкатниците ќе го уништат зеленилото и ќе го нарушат струењето на воздухот

Во зеленилото спроти хотелот „Бристол“ ќе се градат две деветкатници, наменети за државна администрација, одлучи Советот на Општина Центар, по 16 часа расправа на последната седница. Се работи за локација која сега е зеленило и каде што во еден негов дел се наоѓа споменикот „Риба“. Згради наместо зеленило беа актуелни и пред десетина години, како дел од истиот план, „Голем ринг, јужен дел-исток“, но под притисок на граѓаните, потоа беа избришани. Во неколку наврати разни измени во планот дури беа и неуспешно обжалувани и на Уставен суд.

Дискусиите на седницата беа долги и опширни, поради барањата на граѓани од блоковите и зградите од овој реон планот да се повлече од дневен ред, а точката да се одложи за една недела. На граѓаните од урбаната заедница „Роберт Гајдиќ“ во еден момент им беше кажано дека тој веројатно ќе се одложи за среда, односно нема да стасаат до него, бидејќи е 14 точка на дневен ред. Но тоа не се случи, советниците издржаа и седеа до пет наутро, со што го исцрпија дневниот ред. Претходно десетина незадоволни жители, кои беа во салата, всушност побараа втор увид во планот, поради нивниот сомнеж дека има измени за кои не биле запознаени. Исто така побараа и повторна расправа. Ги критикуваа урбанистичките решенија од „Голем ринг, јужен дел-исток“, со тврдење дека новите градби им го одземаат зеленилото, а им го сопираат и струењето на воздухот.

- Последната варијанта на овој план, од пред три години, беше далеку поблага. Сегашните измени се полоши, предвидени се паркинзи во зеленилото меѓу блоковите 1 и 8 и 2 и 7 кај Зелениот пазар, а кај „Автомакедонија“ катна гаража од 21 метар. Таа во претходната верзија беше седум метри, но беше избришана поради нашите забелешки - рече Петар Трајков, еден од претставниците на урбаната заедница „Роберт Гајдиќ“.

Наспроти негодувањата на жителите дека ќе останат без зеленило, општинарите и градоначалникот Владимир Тодоровиќ објаснија дека на местото на Зелениот пазар е предвидено шеталиште и парковско зеленило. Сегашното пазарче ќе се дислоцира отспротива, кај Цветен пазар, во објект што ќе биде затворен.

Опозициските советници, како што информираа центарци, не гласаа, туку ја напуштиле седницата кога оваа точка дошла на дневен ред.

Горан Мисовски , пратеник во Собранието на Република Македонија, беше дел од групата жители кои ја следеа седницата. Изјави дека не е с` завршено. Потсети дека 1.400 граѓани од урбаната заедница „Роберт Гајдиќ“ потпишале петиција против планот.

- Ќе подготвам иницијатива за граѓанска непослушност и ќе ги искористиме сите средства што ни стојат на располагање како граѓани, со цел да се спротивставиме на ваквото небулозно однесување - најави тој, без да објасни на каква точно непослушност мисли.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=A606CD02A1EE0449B5A66C16E027F593
 
Член од
13 август 2008
Мислења
827
Поени од реакции
101
Тие пари се веќе украдени и политичарите си ги трошат, а народот гладува...подобро ќе беше со тие пари да се отворат фабрики низ Македонија а со тоа и работни места..
народот за леб гладува а за интернет не http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/nad-milion-makedonci-koristat-internet-878-iljadi-fejsbuk,
иначе гледам почнале кај жена парк да градат, таму ке бидат 9катниците за администрацијата!?
 

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635
народот за леб гладува а за интернет не http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/nad-milion-makedonci-koristat-internet-878-iljadi-fejsbuk,
иначе гледам почнале кај жена парк да градат, таму ке бидат 9катниците за администрацијата!?
не, во жена парк е комплексот - споменик на паднатите херои, односно незнајниот јунак во други земји, споемник посветен на сите оние кој го дале животот низ вековите а останале незабележани. значи не за војводите и царевите туку за комитите и народот.



двете административни згради се градат карши бристол, пред коктел барот
 

Kajgana Shop

На врв Bottom