Јеховини сведоци

Член од
27 јули 2011
Мислења
216
Поени од реакции
94
Да има... Се собираат во „салата на кралството“ на патот накај Гостивар.
Јас редовно кога ги среќавам си поправувам муабет со нив, во принцип станува збор за многу добри луѓе (културни, љубезни, добродушни), кои за жал се заслепени од религијата... Инаку обавезно им ги земам најновите броеви на „Разбуди се“ и „Стражарска Кула“... Им ги обожавам публикациите.
Навистина мислиш дека се љубезни и добродушни, мене не ми изгледаат како такви...Она во кое тие веруваат не е признато како религија, тие се секта
 
Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.130
Поени од реакции
795
Навистина мислиш дека се љубезни и добродушни, мене не ми изгледаат како такви...Она во кое тие веруваат не е признато како религија, тие се секта
Покрај тоа што се љубезни и добродушни често знаат да волонтираат за развој на заедницата, а истовремено и прибираат средства за некакви хумани потреби (најчесто храна за сиромашните).
Секоја религија во суштина е секта... Разликата овде е само бројот на следбеници.
Нашето нискоинтелигентно, традиционално и пакосно општество, на чело со црквата и поповите од нив направија некакви изроди и сатани кои треба да ги мразиме и да ги бркаме од пред врата.
 
Во право си кога велиш дека секоја религија е секта, и јас го мислам истото...јас сум против секоја религија
 
Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Aтеиста е човек којшто верува во богот Aте ( англиски "Ate") што значи "изеде". Тие веруваат дека настанала битка помеѓу сите богови пред 2011 години и дека нивниот бог Ате бил многу гладен , им влегол и ги изел сите од Мухамед до Буда. Потоа тој се облекол у зелено сако и влегол во локалната меана и нарачал дупло виски . Утредента дошол во истата меана и келнерот го прашал "што че пиеш" а богот Ате му рекол "исто" - од тука доаѓа тоа Атеиста.

Поздрав и се надевам дека научивте нешто за нас ... hardcore атеистите
Да не го гледаше Green Lantern синојќа !? :)
--- надополнето: Sep 26, 2011 7:35 AM ---
Покојниот претседател Б.Т. беше Евангелист,а не Адвентист.
И мене не ми е јасно за религиите и дека наместо да соединуват,а се разделуваат но едно знам дека сите религии имаат истиот Бог кое ги обожаваме но со различни имиња за да монасите,свештениците,оџите и др. сакаат да владеат како папите,поглаварите,улемите и сл. како (кај политичарите и кралевите),значи останува едно, а тоа е народот самиот ќе се определи кое е најправилна религија преку изучувања,проучувања и протолкувања од оригинална библија;)
Сум ги помешал изгледа работите со претседателот, ама па и онака не знам која е разликата помеѓу Адвентисти и Евангелисти.

Инаку за другото се сложуваме. Најверојатно религијата за тоа ја злоупотребуваат, разделување меѓу народот за да може да го контролираат.
 
Член од
11 август 2011
Мислења
266
Поени од реакции
169
Јеховините сведоци се единствената религија која не учествувала во војна или било какво насилство. Двете нивни списанија се најтиражни во светот со по 40 милиони месечно и сето тоа подржано со доброволни прилози. Јас мислам дека се најсериозната религија.
А wuuh. од каде се дезинформираш?
 
С

сашенко

Гостин
Навистина мислиш дека се љубезни и добродушни, мене не ми изгледаат како такви...Она во кое тие веруваат не е признато како религија, тие се секта
И тоа ги прави нељубезни? Тоа што се секта? Не заборавај дека за некого и црквата е секта, па тоа не значи дека ги сметаат тие што одат во црква за нељубезни.Кога учев во птт често минував покрај салата на царстово во аеородром шо им е и се случуваше да ми направат маубет некој кога поминувам од таму и баш се љубезни.Не се согласувам со тоа што го зборуваат ама сепак се љубезни луѓе, не е фер тоа да не им го признаеме.И дома ми имаат доаѓано и "серено" за тоа нивното ама и покрај тоа што секогаш поставувам прашања од кои оприметувам им станува непријатно :pos: сепак остануваат љубезни, довршуваат шо имат да кажат и со насмевка си заминуваат.Од мое искуство со нив супер ми се, само незнам како заглавиле со религијата толку.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
13
Поени од реакции
0
Многу ми изгледаат сериозни и нападни. Како што реков имам другарка Јеховен Сведок и никогаш не ме повикала дома, ниту пак ми дошла на роденден. А не сум слушнала дека волонтираат и слично. :)
 
Во религија нема шали. Ако тврдиш дека си христијанин ќе одиш според Библијата, ако не одиш тогаш нема што да се занесуваш. А и родендени не слават, ниту пак други празници освен Господаровата вечера.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.651
Поени од реакции
59.624
Не. Јеховните Сведоци одат секој четврток во собрание, тоа е вид собрание каде што се собираат од 10 до 120 луѓе. Кога прв пат одите таму ве крштеваат со крстена вода и од тој момент вие сте Јеховен Сведок. Некои викаат дека нема враќање, ама мислам дека може животот да се врати во нормала..
А што е нормала?
 
Hyperz

Изгубен во времето и просторот...
Член од
13 август 2011
Мислења
715
Поени од реакции
423
Пријатни луѓе се, барем дел од нив.Само незнам како заглавиле со религијата.Знам дека можат многу повеќе од тоа но...
 
С

сашенко

Гостин
А што е нормала?
Па гледаш од што све морале да се откажат? За нив враќање во нормала е да си ги вратат старите добри навики од порано.Сеа колку биле добри зависи :pos:, ама наместо на бог својот живот си го посветуваш себе си и на твоите потреби.Славиш кога ти се слави, се пијанчиш кога ти се пијанчи, и сите работи кои јеховините сведоци ги сметаат како погрешни и кои те оддалечуваат од бога а ти сметаш дека те прават среќен и те задоволуваат на некој начин.Ова и еден куп други работи од животот кој го живееле пред да влезат во таа секта (доколку имале таков живот, пошто некои се од раѓање таму) се на некој начин враќање во нормалното..
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.651
Поени од реакции
59.624
Па гледаш од што све морале да се откажат? За нив враќање во нормала е да си ги вратат старите добри навики од порано.Сеа колку биле добри зависи :pos:, ама наместо на бог својот живот си го посветуваш себе си и на твоите потреби.Славиш кога ти се слави, се пијанчиш кога ти се пијанчи, и сите работи кои јеховините сведоци ги сметаат како погрешни и кои те оддалечуваат од бога а ти сметаш дека те прават среќен и те задоволуваат на некој начин.Ова и еден куп други работи од животот кој го живееле пред да влезат во таа секта (доколку имале таков живот, пошто некои се од раѓање таму) се на некој начин враќање во нормалното..
Да, ама мислам дека девојчето ќе пише друга дефиниција за нормала. Јас трета, некој друг четврта...

Нема нормала. Од нивна гледна точка, тоа е нормала. Немој да ги жалите зошто не сакале да се пијанчат и не славеле Божиќ и Велигден, како да пропуштиле нешто јако битно. Родендените и онака вредат до 30 после ти се темни од нив.

Патем, што ги дефинира како секта? Имам еден другар што за сите протестанти вика дека се секташи. Залудно му објаснувам дека во светот ги има повеќе од православните. Ако православниот залута да живее во Ирска, дали тоа таму го прави секташ? Не можам да разберам, бројката е во прашање или има некои други работи?
 
Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.775
Поени од реакции
5.100
Овие луѓе и да сакаш неможеш да ги изнервираш o_O

Последен пат кај еден другар ги начекав .. маж и жена , тој со оделце ..таа фустан , така скоцкакни ко за на свадба :D , таткото на другарот само шо отвори врата :pos: цитирам " и вие ли , мрш у *&’„*!!! " :mad: ... а они :) "фала и извинете за бла-бла.." не сменија емоции :unsure: . Као остануваат така фини , за респект.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.651
Поени од реакции
59.624
Овие луѓе и да сакаш неможеш да ги изнервираш o_O

Последен пат кај еден другар ги начекав .. маж и жена , тој со оделце ..таа фустан , така скоцкакни ко за на свадба :D , таткото на другарот само шо отвори врата :pos: цитирам " и вие ли , мрш у *&’„*!!! " :mad: ... а они :) "фала и извинете за бла-бла.." не сменија емоции :unsure: . Као остануваат така фини , за респект.
Ја успеав да изнервирам еден од двајцата иако секогаш сум културен, само не му се допаѓаа моите погледи и тоа што инсистирав да збори со мене, а не со дедо ми и баба ми како што сакаше. Во нивна одбрана, не знам дали беа Јеховини, не стигнав да ги прашам. Книгите одамна ги имав купено и прочитано, па ги раздадов на гости што ги гледаа на полица и ги бараа. Онака ми се допаднаа, фина литература. Глупа, ама фина.
 
С

сашенко

Гостин
Да, ама мислам дека девојчето ќе пише друга дефиниција за нормала. Јас трета, некој друг четврта...

Нема нормала. Од нивна гледна точка, тоа е нормала. Немој да ги жалите зошто не сакале да се пијанчат и не славеле Божиќ и Велигден, како да пропуштиле нешто јако битно. Родендените и онака вредат до 30 после ти се темни од нив.

Патем, што ги дефинира како секта? Имам еден другар што за сите протестанти вика дека се секташи. Залудно му објаснувам дека во светот ги има повеќе од православните. Ако православниот залута да живее во Ирска, дали тоа таму го прави секташ? Не можам да разберам, бројката е во прашање или има некои други работи?
Абе незнам зошто реков секта, можеби затоа што повеќето така ја викаат па тоа е автоматски од моја страна искочи.Инаку дефиниција за нормала нема.Нормално однесување и живеење една моја професорка го сметаше дека е начин на живот според општоприфатени вредности и навики.Прифатени од општеството и средината во која живееме.Е сега и јас живеам во средина во која не делам исти или слични животни сваќања или пак имам навики и правам работи кои не се прифатени од нив ама сепак јас сметам дека живеам нормален живот.Секој ке си го дефинира тоа различно и затоа која и да е дефиниција не е со сигирност точна.Во мојот живот гледам да си ги задоволам своите потреби, да се надградувам, имам свои цели кои сакам да ги постигнам и сите работи кои ги правам и кои ме водат по таа патека би ги рекол како нормални.Да се тргнам од тоа и да го посветам мојот живот на некој бог за мене не е нормално и затоа од таму доаѓа моето размислување на темава.Едноставно почнуваш да живееш живот како што некој друг го замислил, и ти се губиш тука, немаш никакво значење.Не си битен повеќе во твојот живот, сега тука е бог на кој се посветуваш (зборувам за Јеховините сведоци ова, пошто тие тоа го прават).И тоа го сметам за нешто што не е нормално.Бидејки за луѓето нормално е само да си го живеат својот живот.Сите други работи кои ги додаваме под нормално се разлилни сваќања и искуства на луѓето.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom