Јеховини сведоци

  • Креатор на темата Креатор на темата зунза
  • Време на започнување Време на започнување
Иако сум атеист (не верувам во бог кој може да мисли), Јеховините Сведоци секогаш ми биле пријатни луѓе за муабет и ги сметам за најблагородни меѓу теистите.

Јас секогаш кога ќе ми дојдат на врата, пијам по едно кафе со нив. Отсекогаш ми било амбиција да преобратам еден Јеховин сведок во загрижен атеист...:)
 
не е баш слично како Амишите туку Адвентистите се слични како Амишите,а што се однесува за јеховини сведоци тие се далеку погрешно протолкување околу библијата;)

Не беше покојниот претседател Борис Трајковски во Адвентистите !?

Инаку тотално не ми е јасно од каде потребата за смислување религии. Зошто не може една да е само и толку. Ако сите се засноваат на Господ како олицетворение на доброто и Ѓаволот како олицетворение на лошото, тогаш зошто е потребата да има повеќе религии кои ќе го толкуваат истото !?
Можам само да констатирам дека религиите се создаваат да се раздели народот, а не да се соедини.
 
Ми дојдоа на врата пред некое време и ме прашаа што ме правело среќен ? :D ама не ми кажаа дека се јеховини сведоци, ваљда пошо луѓе многу паничат од необјасниви разлози, и ми дадоа некои книги што ги знам :D
Да, обично делат Стражарска кула и Разбуди се, во кои со цитати од Библијата, се нудат решенија за секојдневни проблеми. Проблемот е што си допуштаат своеволно толкување.
 
Да баш тие две ми ги дадоа. И не ги прочитав цели само првите неколку страни во едната пишуваше како црквата сака да го сокрие вистинското име на Бог, кое нели е Јехова...
 
Инаку тотално не ми е јасно од каде потребата за смислување религии. Зошто не може една да е само и толку...
Не е тоа посебна религија, туку гранка на Христијанството. Знаеш, и кај нас во Македонија се случува, еден ист закон, тројца различни судии различно да го толкуваат и различно да казнуваат за исто. Не може нешто создадено од човечка рака да се толкува унифицирано, бидејќи од самиот факт дека е човечко, значи дека е индивидуално / пристрасно / тесногледо.

Да биле сите тие книги пишани од раката на едниот господ, немаше да има религии оти сите ќе ја знаеја вистината.
 
Не беше покојниот претседател Борис Трајковски во Адвентистите !?

Инаку тотално не ми е јасно од каде потребата за смислување религии. Зошто не може една да е само и толку. Ако сите се засноваат на Господ како олицетворение на доброто и Ѓаволот како олицетворение на лошото, тогаш зошто е потребата да има повеќе религии кои ќе го толкуваат истото !?
Можам само да констатирам дека религиите се создаваат да се раздели народот, а не да се соедини.

Покојниот претседател Б.Т. беше Евангелист,а не Адвентист.
И мене не ми е јасно за религиите и дека наместо да соединуват,а се разделуваат но едно знам дека сите религии имаат истиот Бог кое ги обожаваме но со различни имиња за да монасите,свештениците,оџите и др. сакаат да владеат како папите,поглаварите,улемите и сл. како (кај политичарите и кралевите),значи останува едно, а тоа е народот самиот ќе се определи кое е најправилна религија преку изучувања,проучувања и протолкувања од оригинална библија;)
 
Имам 3 книги за Јеховини сведоци дома, сега ми текна дека ми стојат во иста фиока со Библијата :D
,,Младите прашуваат делотворните одговараат"
,,Тајната на семејната среќа"
,,Мојата книга со библиски приказни" таа ја имам прочитано, бидејќи е направена како сликовница за помали деца но има интересни приказни.
И не чувствувам како да сум направил некој грев со тоа што ми стојат дома и сум прочитал една од нив.

Во книгите нема ништо страшно, иако самото име така звучи.

И да, не сум јеховин сведок а и не се чувствувам таков.

Малку оф топик.
Еве ви статии за село Колешино, струмичко, село со најмногу вери во Македонија.
http://www.vest.com.mk/?ItemID=911D18C6C4E3F04F97315D34DB351ED6
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1511842234&id=9&prilog=0&setIzdanie=22175

Често одам на Колешински водопади, и на самиот пат има 2-3 ,,цркви" Јеховини сведоци, Адвентисти... Не знам колку може да се нарече тоа цркви бидејќи тоа се обични куќи само напред имаат мермерна плоча на која пишува за која вера се работи.
 
Блазе си ти:rolleyes:
 
Ми звонеле неколку пати кај мене и секогаш им затварам врата пред нос , појма неам зашо можда пошо многу ги реметат у американски филмови :pos:
 
И кај мене имаат звонето и ги избркав:pos:
 
Не верувам во Исус а каму ли во богот Јахве!
Едно прашање
Што е тоа Атеист прв пат слушам?
 
Порано пред 3-4 години ми доаѓаа дома две стари жени со книги за Јехова.Јас само се однесував добро со нив,ајде ги зедов и книгите.Па после на секои 1-2 месеци доаѓаа пак.Секој пат кога ќе доаѓаа ме неривираа се повеќе ама срам ми беше да ги избркам.Се додека еден ден кога ми дадоа пак книга и само што отидоа тие јас ја искинав среде улица.
После 10-15 минути гледам пак поминуваат пред мојата куќа и ја видоа искинатата книга и веќе не дојдоа.
Се спасив :D

Иначе порано во Тетово имаше некои Јеховини сведоци ама сега во последно време не гледам!
 
Ги има уште! Пред некој месец беа кај мене на врата ги отерав во мајчината:)
 
Има една тричлена фамилија татко,мајка и син(сега би требало да има 16-17 години).Таткото секогаш е во одело облечен и носи една актовка,понекогаш и со точак го гледав.И синот понекогаш ќе облечеше одело.
 
Ги има уште! Пред некој месец беа кај мене на врата ги отерав во мајчината:)

Да има... Се собираат во „салата на кралството“ на патот накај Гостивар.
Јас редовно кога ги среќавам си поправувам муабет со нив, во принцип станува збор за многу добри луѓе (културни, љубезни, добродушни), кои за жал се заслепени од религијата... Инаку обавезно им ги земам најновите броеви на „Разбуди се“ и „Стражарска Кула“... Им ги обожавам публикациите.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom