Македонцки
мадрфакр
- Член од
- 23 ноември 2007
- Мислења
- 4.281
- Поени од реакции
- 635
продолжуваме
моменталниот изглед
Нова фасада на Транспорт, нов плоштад пред него
Никола Крстиќ
Вака, најверојатно, ќе изгледа новата проширена и надградена зграда на Министерството за транспорт и врски. Ќе се доградат два ката, ќе се реновира внатрешноста, но ќе се смени и надворешноста. Сепак, надлежните не откриваат дали оваа неокласична фасада е конечната варијанта за која се одлучиле од понудените на конкурсот за идејно решение. Веќе е распишан и тендер за избор на изведувач на градежните работи.
Во меѓувреме, со полна пареа се работи на просторот пред Министерстовото – се оформува Плоштадот Карпошово востание. Крајно време беше влезот во Старата чаршија да добие нов лик, велат граѓаните.
-Мислам дека треба да се заокружи, не може да остане така, влез во Чаршија е.
-Сè што се гради, сè е убаво, останува за век и веков.
-Многу убаво е, прекрасно е - велат граѓаните.
На местото на правливата калдрма и неуредното паркиралиште, ќе се надвиши нов комплекс со споменици и водоскоци. Идејното решение е на Валентина Стевановска, скулпторката која го изработи Воинот на коњ. Централно место ќе зазема фонтаната-постамент во облик на солза висока 15 метри на која ќе биде поставен 13-метарски споменик, официјално именуван само како Воин, за кој во јавноста се шпекулира дека ќе го претставува Филип II Македонски. Лево и десно од веќе поставените паметници на просветителите, ќе има два водоскока со скулптури на коњи, а на четвртиот ќе бидат поставени скулптури на мајки со деца. Ова е глинениот модел во конечната големина на една од нив.
„Ова е една од фигурите што ќе биде поставена од другата страна на мостот, односно на плоштадот Карпошово Востание. Таму ќе биде поставен воинот, ќе има повеќе придружни фигури, ќе има фонтана со уште три други помали, кои ќе претставуваат една целина. Има повеќе придружни фигури, има повеќе релјефи, има војници, коњи, лавови” вели Валентина Каранфилова – Стевановска, академски скулптор (02 07 2011).
Изградбата на комплексот му е доверена на “Бетон” кој победи на меѓународниот тендер на Општина Центар.
-Што ќе се гради овде?
-Споменик.
-До кога треба да биде готов?
-Не знам.
-А чиј споменик?
-На Филип Македонски - вели еден од вработените на градилиштето.
Поставувањето на спомениците веројатно ќе почека до наредното лето бидејќи сè уште се прават во италијанската леарница „Фондерија артистика Гуастини”. Механизмот на фонтаните го изработува „Делта”, истата италијанска фирма задолжена и за фонтаната на Плоштадот Македонија.