одличен пример - НИ 1 СТРАНА наназад да си прелистал, камо ли да прочиташ компарираш, недајбоже да го сватиш, одличен пример за тебе и налик таквите тебе, клетви, пцуења политика, барање кривци - со ваков карактер и склоп, вечно некој друг ке ти биде крив за твоите пропусти, ке те потсетам дека политика нема на кајгана и ке замолам за конкретни издржани дискусии, за бабински муабети..барај си...баби?
ајде пак за мрзливите
Неверојатен раст на економијата од 5,3 отсто
И во вториот квартал БДП забележа добар раст од 5,3 отсто, благодарение на градежништвото и проектот „Скопје 2014“
Соња Маџовска
Економијата во вториот квартал од годинава порасна за неверојатни 5,3 проценти, во споредба со истиот период од минатата година, соопшти вчера доцна попладне Државниот завод за статистика. До 17 часот беше неизвесно дали воопшто ќе излезе овој податок, иако Статистика 22 септември го има утврдено како датум кога треба да го соопшти растот на домашниот бруто-производ за второто тромесечје од годинава.
Овој добар раст, како во првиот квартал така и во второто се должи на растот на градежништво од 26 проценти, и секторите е-трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила, мотоцикли и предмети за лична употреба и за домаќинствата од 18 отсто, како и на секторите вадење на руди и камен, преработувачка индустрија и снабдување со електрична енергија, гас и со вода од 12,8 отсто.
утрински
--- надополнето: вчера во 09:19 ---
Само од туризам новото Скопје би го исплатиле во 2035 година
Ако се задржи сегашниот обем на посетеност на градот, како и сегашните цени на угостителско-туристичките услуги, за 24 години од туристичката такса и од ДДВ платен за хотелско сместување и за ресторански услуги би собрале околу 80 милиони евра, колку што, според Владата, чини целиот проект
Кога би ни се вратиле парите од најголемиот проект во земјава?
Државата би си ги вратила парите вложени во целиот проект „Скопје 2014“ за 24 години ако останат сегашната посетеност на Скопје од туристи и сегашните цени на хотелските и на угостителските услови. Парите, вкупно 80 милиони евра (според тврдењата на Владата, ако не се земат предвид обвинувањата од опозицијата дека сето тоа чини 200, па дури и 500 милиони евра), на овој начин би се извадиле од туристичката такса и од ДДВ за сместувањата во хотели и за оброците во рестораните. „Воинот на коњ“, според оваа математика, би го исплатиле за три години. Но оваа проекција е ако сé остане исто, иако и властите и туристичките работници предвидуваат дека со новиот проект Скопје ќе се продава многу подобро отколку порано, па тој период би се скратил.
Голем дел од проектот е веќе изграден или при крај. Сите се сликаат пред спомениците и пред новите старински објекти. Сега ни требаат добра туристичка стратегија и добри приказни за секој споменик и за секој објект поединечно ако сакаме новото Скопје добро да го продадеме кај странските, но и кај домашните туристи, односно ако сакаме на маса да ја поставиме економската оправданост на проектот. Таа особено се истакнува периодов, бидејќи Скопје традиционално во септември е најпосетуван.
Впрочем, секоја бизнис-логика го наметнува ова прашање, како и кога ќе имаме поврат на парите вложени во овој грандиозен проект. А Владата тврдеше дека „Скопје 2014“ во голем дел ќе се потпре на туризмот, бидејќи градот со своите зданија ќе привлекува многу повеќе туристи од досега.
Затоа, врз основа на бројот на туристи и бројот на ноќевања забележани од Државниот завод за статистика, на туристичката такса, која е задолжителна според Законот за таксата за привремен престој, како и врз основа на дневната потрошувачка за оброци и за пијалаци, направивме математичка проекција колку туристи треба да дојдат во Скопје и за колку години ќе може да ја исплатиме инвестицијата во „Скопје 2014“. Засега, за жал, никој од институциите на локално и на централно ниво сé уште нема смислено стратегија како новото Скопје ќе им го продаваме на туристите.
Може да се пофалиме со вкусна, богата и свежа храна и со национални ресторани на секој чекор. И кафулињата ни се јака страна. Кафето вкусно, имаме вино и пиво за гордост. Да претпоставиме дека еден странски турист во просек би трошел по 50 евра на ден, односно по 3.000 денари (за барем два оброка, кафе и за вечерно излегување), државата по основа на ДДВ дневно би заработила од туристот по 540 денари. Ако туристот остане во Скопје три дена, тогаш би се собрале 1.620 денари или 26 евра од данок. Ако данокот го помножиме со бројот на туристи во Скопје, би добиле сума од 3,3 милиони евра. Со пари собрани на ваков начин, „Воинот на коњ“ би го исплатиле за три години, а „Скопје 2014“ за 24 години.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=92111838481&id=9&prilog=0&setIzdanie=22386
површен текст,
не се земени предвид огромните заштеди по основ на кирии и ефикасност на монистерствата, паркинзите, заживувањето на центарот околните бизниси и чаршијата,нормалното зголемување на бројот на туристи, развој на внатрешниот туризам и ред други фактори. ама ај...сепак мислам дека на половина проект со овие бројки ке им се затвори устата и на најголемите скептици!