Знам дека е тотално аут да се фотографираат ромчиња, а и патетично делува по малку али ова девојче ми беше многу слатко...Требаше да ја ставам оригиналната фотка - има поморанџеста коса како морков, целата бушава и нечешлана и ми беше многу смешна и интересна...
Со оглед на тоа што сеуште вежбаш, не се многу замарај дали е аут да сликаш ова или е ин да сликаш тоа, сликај се што ти се допаѓа, се што те привлекува, не ја следи многу многу “модата“ на сликањето. Јас лично сликам се, ич не ми чуе дали е во мода или не. Се што мене ми се допаѓа го сликам. Ти предлагам и ти да правиш така, ако ништо друго барем додека не се усовршиш.
Ќе се согласам со Тончи, избегнувај да ги ефектизираш сликите премногу, ефектот не ја прави сликата добра, туку ги прави способностите за ефектизирање слика добри. Има одредени фотографии кои ги сликаме со цел да бидат во одреден стил (стари оштетени, блек енд вајт, сепија) ама сепак, тоа е со точно таа цел. Не предпочитам лупање рандом ефекти на фотографија.
Јас лично сум заљубен во црно бела фотографија, или пак vintage. Но, кога сликам не сликам слика со тоа да после пробам и да видам дали е добра со ефект или без, туку сликам слика што знам дека ќе биде црно бела, па избегнувам премногу контрасти или ситни стварчиња шо ќе изгледаат грдо, или пак сликам vintage, па дозволувам горење до одреден степен, или пак силни контрасти.
Напишав лектира цела во постов, ама поентата ми беше, направи си инстант концепт пред да ја шкрапеш сликата, на почеток е тешко, пошо нема да знаеш шо како, со малку пракса, ќе видиш дека е многу корисно, неможеш секогаш концепт да правиш, пошо некои слики едноставно испаѓаат добро по чиста случајност, но сепак, добро е да размислиш секунда две пред сликата, а и пред да ја фотошопизираш.
Ај баш закачи ја оргиналната, ако ја чуваш, ако не ја чуваш, и за тоа би те искарал, никогаш, ама никогаш не го едитувај оргиналот, направи си копија, па прави шо сакаш на копијата. Затоа шо после тоа, ако не си задоволна со резултатот, оргиналот е сеуште тука.
Се иам заебано на почеток со неколку фотографии така, ти кажувам од лично искуство.