Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Има некој тука онлајн шо е втора/трета/четврта? Нека ми пише ПП ако има.
 
M

Mr.InF3ction

Гостин
ИНФО...па и ние сме слободни тогаш. Ваљда уште нема професор : )
 
I

Intex

Гостин
Ме интересира како ќе се формира оценката, т.е. по колку поени од што ќе се добиваат? Е фала. :)
 
Член од
15 јули 2011
Мислења
201
Поени од реакции
117
Финки сум прва и досегашен впечаток е: Ништо посебно. За жал, како со повеќето факултети, и овде гледам 80-90% непотребна теорија која НИКОГАШ нема да ја искористиме во програмирањето. Тие 10% може лесно да се научат онлајн. После ова, мислам дека никогаш повеќе нема да отидам на мак факултет, луѓево единствено неможат да научат дека КВАЛИТЕТ се цени над КВАНТИТЕТ. Па човече, набутани часови од по 8 саати по ден и тоа 2 пати во неделата, кој има концентрација да издржи толку? Жално, многу жално.
 
Toneh

is a turtle
Член од
21 август 2005
Мислења
5.510
Поени од реакции
907

Чекај бе колега, што сакаш ти на почетокот да ти кажат за програмирање?
Како се принта порака? И што ќе научиш од тоа?

Поентата на структурираното програмирање е да те научат професорите да размислуваш на "програмерски" начин, а не да те научат како да направиш апликација за администрирање на магацин. Ако сакаш такво нешто, односно ако сакаш да научиш САМО програмирање, и тоа одреден јазик, слободно отпиши се од ФИНКИ и оди на некој курс по програмирање. Ем нерви ќе си заштедиш, ем пари. Односно, за парите не е толку сигурно, пошто знаат да чинат доста и тие курсеви.

Непотребна теорија ти е да дознаеш што всушност претставува низа? Што всушност се променливите? Добро друже, може ти си напреден, и имаш учено PASCAL и BASIC во средно, па ги знаеш основите, ама има колеги кои се од медицина дојдени, или од други стручни училишта. Кога се запишуваат на факултет студентите, се запишуваат како еднакви. И наставата се одвива врз таа претпоставка да сите што се односно таму, не знаат ништо за програмирање.

Десет посто од тој материјал што велиш дека е најбитен, иако макар не е тоа така, ама ај, нека ти биде, велиш дека ќе го научиш за кратко време - и тоа на интернет. Добро, фино за тебе, ама колку од тоа наученото ќе умееш да му објасниш на некој што не знае ништо? Пошто тогаш се гледа отприлика колку ТИ го разбираш тоа што го објаснуваш.
 
Член од
21 октомври 2007
Мислења
96
Поени од реакции
13
Финки сум прва и досегашен впечаток е: Ништо посебно. За жал, како со повеќето факултети, и овде гледам 80-90% непотребна теорија која НИКОГАШ нема да ја искористиме во програмирањето. ..........
Не сум Финки и не сум прва ама одма гледам дека грешиш. Дали знаеш што е разлика меѓу калфа и мајстор - и двата ќе ја направат/произведат истата работа , и мајсторот и калфата знаат како , само што мајсторот знае и зошто. Ти ако сакаш да си калфа или ако повеќе ти се допаѓа кодер арно ти рекоа оди на курс за некоја алатка/јазик/... или читни некоја е-книга от типот Sams Teach Yourself SQL in 10 Minutes и ете готова работа, а ако сакаш да станеш мајстор/ програмер учи теорија и уште еднаш теорија.
Позз.
 
Член од
15 јули 2011
Мислења
201
Поени од реакции
117
@Toneh имаш мн повеќе искуство од мене во оваа област така што ќе почекам да поминат најмалце 2 месеци настава пред да кажам што мислам за се ова.

Десет посто од тој материјал што велиш дека е најбитен, иако макар не е тоа така, ама ај, нека ти биде, велиш дека ќе го научиш за кратко време - и тоа на интернет. Добро, фино за тебе, ама колку од тоа наученото ќе умееш да му објасниш на некој што не знае ништо? Пошто тогаш се гледа отприлика колку ТИ го разбираш тоа што го објаснуваш.
Ова си грешка, има доста солидни докази дека колку повеќе знаеш нешто, толку потешко ти е да го објасниш тоа нешто на друг. Се вика curse of knowledge (Google it) лошо е што ниеден факултет несака или незнае за ова и не се обидува да направи нешто во врска со тоа. Се оди по обратна претпоставка што е најлошо ставаат луѓе кои знаат највеќе и претпоставуваат дека ќе може да ги научат и други на тоа. Истата претпоставка што и ти ја направи. Факт е дека најдобро ќе те научи некој што тукушто ја научил таа материја и може да гледа колку толку од перспектива на некој што незнае. Така што горе ова не ти држи вода и не гледам како има врска со било што.

Не сум Финки и не сум прва ама одма гледам дека грешиш. Дали знаеш што е разлика меѓу калфа и мајстор - и двата ќе ја направат/произведат истата работа , и мајсторот и калфата знаат како , само што мајсторот знае и зошто. Ти ако сакаш да си калфа или ако повеќе ти се допаѓа кодер арно ти рекоа оди на курс за некоја алатка/јазик/... или читни некоја е-книга от типот Sams Teach Yourself SQL in 10 Minutes и ете готова работа, а ако сакаш да станеш мајстор/ програмер учи теорија и уште еднаш теорија.
Позз.
Ако ми треба столче би избрал мајстор што 100 пати направил успешно слични столчиња отколку мајстор што читал како се прават и го направил 10. Тоа твое "зошто" има лимит, глупо е да учиш асемблер ако учиш OO language. Помодерните јазици се прават за луѓето да не мора да ги учат постарите т.е. за да им биде полесно да програмираат. Целиот свет во ова поле оди да му овозможи на обичен почетник да направи нешто во некој јазик без да знае како и зошто тоа работи...бидејќи се цени креативност и иновативност пред се. Ако сакаш да учиш зошто нешто работи тоа би било зошто би сакал да биде научник ама се кладам у колку сакаш ако ги интервјуираш повеќето што се запишале на финки ќе ти кажат дека на пр. мн. повеќе сакаат да научат како да направат мп3 плеер отколку да научат некоја теоретска работа за OO. Не викам дека ако научиш зошто нешто работи е неважно него треба да има баланс а засега гледам дека го нема овој баланс на финки.
 
Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
Програмирање барем на ПМФ, а верувам и на ФИНКИ сега, беше премногу добро организирано од аспект на она што е во програмата за учење. Никакви теории нема безвезе или непотребни, барем во оваа професија што повеќе знаеш за програмирањето тоа си по звер, и најчесто за да постигнеш нешто во „кариерата“ потребно ти е многу повеќе програмерска литература од она што се учи на факс.
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
@Toneh имаш мн повеќе искуство од мене во оваа област така што ќе почекам да поминат најмалце 2 месеци настава пред да кажам што мислам за се ова.

Ова си грешка, има доста солидни докази дека колку повеќе знаеш нешто, толку потешко ти е да го објасниш тоа нешто на друг. Се вика curse of knowledge (Google it) лошо е што ниеден факултет несака или незнае за ова и не се обидува да направи нешто во врска со тоа. Се оди по обратна претпоставка што е најлошо ставаат луѓе кои знаат највеќе и претпоставуваат дека ќе може да ги научат и други на тоа. Истата претпоставка што и ти ја направи. Факт е дека најдобро ќе те научи некој што тукушто ја научил таа материја и може да гледа колку толку од перспектива на некој што незнае. Така што горе ова не ти држи вода и не гледам како има врска со било што.

Ако ми треба столче би избрал мајстор што 100 пати направил успешно слични столчиња отколку мајстор што читал како се прават и го направил 10. Тоа твое "зошто" има лимит, глупо е да учиш асемблер ако учиш OO language. Помодерните јазици се прават за луѓето да не мора да ги учат постарите т.е. за да им биде полесно да програмираат. Целиот свет во ова поле оди да му овозможи на обичен почетник да направи нешто во некој јазик без да знае како и зошто тоа работи...бидејќи се цени креативност и иновативност пред се. Ако сакаш да учиш зошто нешто работи тоа би било зошто би сакал да биде научник ама се кладам у колку сакаш ако ги интервјуираш повеќето што се запишале на финки ќе ти кажат дека на пр. мн. повеќе сакаат да научат како да направат мп3 плеер отколку да научат некоја теоретска работа за OO. Не викам дека ако научиш зошто нешто работи е неважно него треба да има баланс а засега гледам дека го нема овој баланс на финки.
Ниту еден факултет не те учи пракса шо ќе ти треба за работа. Не упишувај факултет ако ти смета.
Иако ја сметам дека некои делови се беспотребни, сепак е основа. Сите се тука за да положат и да ја фатат основата и да земат диплома, после работата ја учиш на работа (или ако имаш поише пари, на приватни курсеви као александрија и семос).

Програмирање барем на ПМФ, а верувам и на ФИНКИ сега, беше премногу добро организирано од аспект на она што е во програмата за учење. Никакви теории нема безвезе или непотребни, барем во оваа професија што повеќе знаеш за програмирањето тоа си по звер, и најчесто за да постигнеш нешто во „кариерата“ потребно ти е многу повеќе програмерска литература од она што се учи на факс.
Како можеш “повеќе да знаеш“ програмирање? Што? Синтакса? “ФИНТИ“?
Програмирањето не е само синтакса финти или било кое од тие работи. Програмирањето е “начин на размислување и одлична реализација и ЕФИКАСНОСТ“. Џабе ти знаеш као да напраиш нешто коа времето на извршување му е претерано големо па и на побрз компјутер.

Така да програмирањето се учи само на факс, пошо ако не видиш (чуеш) мајсторот како го прави тоа, тешко е сам да го сконташ.
 
Член од
15 јули 2011
Мислења
201
Поени од реакции
117
Така да програмирањето се учи само на факс, пошо ако не видиш (чуеш) мајсторот како го прави тоа, тешко е сам да го сконташ.

Колку од тие што предаваат на ит факултетиве направиле една програма за комерцијална употреба?

Иначе мајстори има колку сакаш на стотици бесплатни форуми за прогрмирање каде што можеш да прашаш какво било прашање.
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Колку од тие што предаваат на ит факултетиве направиле една програма за комерцијална употреба?

Иначе мајстори има колку сакаш на стотици бесплатни форуми за прогрмирање каде што можеш да прашаш какво било прашање.
Гуглај Владимир Трајковиќ per se.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom