Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Не се бунете, и ние сме имале по 5-6 саати математика во еден ден:) Убедливо најситно пишувам од сите а никако под 12-14 страни А4 формат не можев да потрошам на математика ден:)
 
Многу боље е така. Еден предмет во еден ден. Од лани почнаа така и на ПМФ, пред тоа имаше се и сешто во еден ден, предмети кои везе немаат еден со друг. Предавања математика, вежби програмирање, аудиториски нешо сосем трето... Вака е супер... имаше и анкета, демек дали да се продолжи со тој систем, скоро сите одговорија со ДА.
Така да веруј, боље е шо имате математика цел ден, барем знаеш само тој ден е и ќе го издржиш како така. :D
Идиотско беше порано со вежби и предавања од три различни предмети во еден ден, ти се меша се и сешто... на пр. предавање математика во понеделник, а вежбите дури во петок, ќе заборавиш шо си учел до тогаш.
 
Ајде некој да ни каже нешто за професориве што предавале на ПМф и на ФЕИТ :)
 
Може некој да ми каже кои се портали или како и да ги наречам, постојат за логирање на ФИНКИ сајтот каде што може билошто да се прави?

Мислев го направија едноставен како што треба, они пак 10 различни страни за логирање за различни нешта... Наместо се да е на едно место... И оценки и пријави и предмети и материјали...

Некој од бруцошите да ми одговори ќе може? Ипак повеќе сте во тек ради уписите...:)
 
Некој од бруцошите да ми одговори ќе може? Ипак повеќе сте во тек ради уписите...:)

http://www.students.finki.ukim.mk

За ова пратија линк уште на ФЕИТ додека бевме, демек да си направиме корисничка сметка, само некако ептен безврска ми стои барем засега. :)
 
http://www.students.finki.ukim.mk

За ова пратија линк уште на ФЕИТ додека бевме, демек да си направиме корисничка сметка, само некако ептен безврска ми стои барем засега. :)
А тоа едно join.finki...? И уште едно трето имаше, знам на скајп ме бомбардираа со линкови.
 
А тоа едно join.finki...? И уште едно трето имаше, знам на скајп ме бомбардираа со линкови.
Тоа демек за идните студенти да си пресметуваат бодови од матурата таму. За нас е ова students... што е некој чуден спој на сервиси од ФЕИТ и ПМФ, па и windows live акаунти ни отварале... уште се чудам како ќе функционира ова.
 
А тоа едно join.finki...? И уште едно трето имаше, знам на скајп ме бомбардираа со линкови.
http://courses.finki.ukim.mk/
Ваљда ова ти е третото. :) Најбитното.
Онлајн предавања, лаб и ауд вежби... известување за резултати, колоквиуми, испити, тестови... Фактички истиот систем е преземен од ПМФ, незнам на ФЕИТ што сте имале.
 
Поарно тоа, отколку од 8 до 5 и 10 да имаш софтвер некој бла бла.

:) софтвер ами шо , ти да не забрај на каков факулет се запиша :unsure:
ако сакав математика по цел ден ке си одев на ПМФ
 
И што сеа, распоред уште нема за нас што се пребацивме од ПМФ, пишува во текот на денот ама изгледа не пишале кој ден.
 
Тоа демек за идните студенти да си пресметуваат бодови од матурата таму. За нас е ова students... што е некој чуден спој на сервиси од ФЕИТ и ПМФ, па и windows live акаунти ни отварале... уште се чудам како ќе функционира ова.
А зашто електронскиот дневник не се отвара? Кај сите или само кај мене? Сакам да си ги видам оценките на пример...
--- надополнето: Sep 18, 2011 5:36 PM ---
Немате никакви привилегии да го користите системот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom