Кој и како известува во Брисел за состојбите во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Се извинувам вака, ама да ставевте што се разговарало на панел (или какви и да е) дискусијата и што тоа анти-македонско изјавија овие што биле регуларно поканети? За Миленко и Мирка е снимено, јасно е документирана нивната безвременска глупост. Дајте постирајте некое видео или некој релевантен извор за тоа што всушност Борјан и компанија изјавиле, затоа што за сега освен плукање ништо не изложивте за нив. Чисто ме интересира.
 
Се извинувам вака, ама да ставевте што се разговарало на панел (или какви и да е) дискусијата и што тоа анти-македонско изјавија овие што биле регуларно поканети? За Миленко и Мирка е снимено, јасно е документирана нивната безвременска глупост. Дајте постирајте некое видео или некој релевантен извор за тоа што всушност Борјан и компанија изјавиле, затоа што за сега освен плукање ништо не изложивте за нив. Чисто ме интересира.

Иако сум згрозен од тебе и налик таквите на тебе кој пцуењето на грчки европратеник го оправдуваат на штета на сопствениот народ, ќе се зафатам на дискусија:

КОЈ Е НАСЛОВОТ НА ДЕБАТАТА?

.
 
Добро не е тема ама ме интересира како тоа, по кој основ се класифицира јавен линч дискусии на социјални мрежи?
http://sky.mk/makedonija/2630-ЗНМ-бара-заштита-од-полицијата-за-новинарите-од-А1,-кои-се-предмет-на-говор-на-омраза-и-закани.html
„Доказ за тоа (јавниот линч) се дискусиите на социјалните мрежи, начинот на кој дел од медиумите и новинарите информираат, поттикнувајќи насилство со говор на омраза и дисквалификации од типот предавници, платеници и слично“, се вели во писмото од ЗНМ.
Како да ги класифицираме нивните активности, настапи и истапи последните 10-15 години? мечки
 
иако сум згрозен од тебе и налик таквите на тебе кој пцуењето на грчки европратеник го оправдуваат на штета на сопствениот народ

Јас не знам зошто би бил згрозен од мене, невистина немам изјавено ништо со што би го оправдал гркот и неговиот назаден начин на работа. Не го оправдав ни изборот за тоа кој да оде на таа дискусија. Насловот на темата е како се известува за состојбите во Македонија (пред се во новинарството) и мене ме интересира како? Има нешто каде што можам да прочитам па да донесиме заклучок? Нешто што не е фејсбук или друг ирелевантен медиум?
Незнам зошто ваква омраза и поделби на едно прашање кое секој би го интересирало? Ако мислиш дека завземам некоја страна се лажеш. Посебно за конкретниов случај, затоа што е најсвеж.
 
Јас не знам зошто би бил згрозен од мене, невистина немам изјавено ништо со што би го оправдал гркот и неговиот назаден начин на работа. Не го оправдав ни изборот за тоа кој да оде на таа дискусија. Насловот на темата е како се известува за состојбите во Македонија (пред се во новинарството) и мене ме интересира како? Има нешто каде што можам да прочитам па да донесиме заклучок? Нешто што не е фејсбук или друг ирелевантен медиум?
.

на панел дискусија на тема „Состојбите во новинарството во Македонија“.
 
Јас не знам зошто би бил згрозен од мене, невистина немам изјавено ништо со што би го оправдал гркот и неговиот назаден начин на работа. Не го оправдав ни изборот за тоа кој да оде на таа дискусија. Насловот на темата е како се известува за состојбите во Македонија (пред се во новинарството) и мене ме интересира како? Има нешто каде што можам да прочитам па да донесиме заклучок? Нешто што не е фејсбук или друг ирелевантен медиум?
Незнам зошто ваква омраза и поделби на едно прашање кое секој би го интересирало? Ако мислиш дека завземам некоја страна се лажеш. Посебно за конкретниов случај, затоа што е најсвеж.

Ако насловот е состојбите во новинарството во Македонија, што бараат:

1.Секуловска, Борјан и Тања Милевска (внука на бојран) екс новинари на криминална телевизија? Кој им го плати патот??? И по кој основ???


2. Беличанец и Петар Стојковиќ. организатор на протестите за убиството на Мартин Нешковски, стипендист на македонскиот Сорос и дека во Белград посетувал обуки за организација на протести???


3 Уставен судија на БиХ и НВО претставник на Република Бугарија???

3ошто иако најавени другата група новинари беше оневозможена да разговара, не им се даваше акредитација, беа пракани лажни броеви за контакт, и не беше погледаната обемната документација - НЕЛИ Е ОВА ДЕБАТА ???

Да редам кој се Калцин и Јорго???
 
Сите ги знаеме антимакедонските ставови на Борјан, внука му, Секуловска и другите.
Не мора да гледаш две страни, гледај ја твојата.
И што значи ова ,која е оваа "твоја"
--- надополнето: Sep 22, 2011 3:17 PM ---
тој месијата тие премиер патем речено и ако нејкеш веќе да го спомнеш името тогаш и или не го спомнувај или ке го наречиш со премиерот. човек кој не ги почитува другите не се почитува ни самиот себе и не може да очекува ништо подобар третман.
а незнам за тебе ете можеби си во војска или само се занесваш ( по сликите на профилот) ама кога мој сограѓанин во туѓа држава го вреѓаат сметам дека нема тука ништо смешно дури е и навредливо посебно за војник кој истата таа држава треба да ја брани вклучувајки ги и граѓаните на истата. е тука ти е грешката
Си го слушнал негде ова ама не знаеш да го употебиш не му го знаеш значењето,Миленко и Мирка може колку сакаат да ги навредуваат ич не ме дира
--- надополнето: Sep 22, 2011 3:24 PM ---
Не ми треба некој да ми го каже тоа што сите го гледаме. Дека Борјан, Тања и пријателите се идиоти. Дека европратениците поготово грчките не се цвеќиња за мирисање.
Тоа сите го гледаме, само што тебе повеќе ти одговара да ја носиш темата во друг правец.

ти цело време повторуваш едно те исто ,секој коментар на темата ти е ист ,толку ти е менталниот капацитет да само ова едно те исто можеш да го измозгаш или што е работата
--- надополнето: Sep 22, 2011 3:28 PM ---
Се извинувам вака, ама да ставевте што се разговарало на панел (или какви и да е) дискусијата и што тоа анти-македонско изјавија овие што биле регуларно поканети? За Миленко и Мирка е снимено, јасно е документирана нивната безвременска глупост. Дајте постирајте некое видео или некој релевантен извор за тоа што всушност Борјан и компанија изјавиле, затоа што за сега освен плукање ништо не изложивте за нив. Чисто ме интересира.
Ништо ,се глуми дека изјавиле нешто анти-македонско и сега сакаат нас да не убедат во тоа ,значи плукаат без да постои основа за плукање,а ние сите треба да замислиме дека постои и така да го тераме муабетот
--- надополнето: Sep 22, 2011 3:31 PM ---
Нас ни требаат модерни гемиџии па да сотрат се’ што е трулеж и штетно во државава. Штета што Миленко ја има таа идеја, ама нема пари да ја финансира.

Сите што викаат Грујо фашист бил, Хитлер бил, незнам што бил, се гледа оти последната читана книга им е букварот.

Имено, настрана од сите масакри што ги има наредено и холокаустот, за време на Хитлер Германија го доживува најголемиот процут, напредок и изградба во целата нејзина историја...
Пази да не останат само луѓе со два реда школо или оние со диплома од приватен факултет значи необразованата маса со која лесно се манипулира
 
И што значи ова ,која е оваа "твоја"

ти цело време повторуваш едно те исто ,секој коментар на темата ти е ист ,толку ти е менталниот капацитет да само ова едно те исто можеш да го измозгаш или што е работата

Одбрана багра идиоти од новинари одат во Брисел и плукаат по се живо во земјава и тоа го прават неколку години наназад.

Европратеник се однесува како обезбедување дури и навредува.

Ти го читаш почетниот пост кога се вклучуваш во дискусија, ги читаш останатите постови или само го цитираш оној со кого сакаш да се караш?

Јас немам намера да се повторувам тука а и на секоја тема, да објаснувам за моронот Борјан за Секуловска па уште помалку Тања Милевска за која и сопствената мајка е овца.

Твое е дали ти во обид да ги одбраниш немајќи што да кажеш ќе пробаш да ме навредиш на било каков начин како што се трудиш сега. Со истиот потег ти ги оправдуваш не само нив туку и однесувањето на европратеникот кој впрочем застапува грчки интереси. И исто како и другарчето твое, темата сакаш да ја однесите во друга насока затоа што не ти одговара да се зборува против Борјан, Тања, Секуловска, Беличанец, Героски и одговорниот Владе Милчин.
 
ако насловот е состојбите во новинарството во Македонија

што бараат

1.Секуловска, Борјан и Тања Милевска (внука на бојран) екс новинари на криминална телевизија?кој им го плати патот??? и по кој основ???
2.Беличанец и Петар Стојковиќ. организатор на протестите за убиството на Мартин Нешковски,.стипендист на македонскиот Сорос и дека во Белград посетувал обуки за организација на протести.?????????????????
3 уставен судија на БиХ и НВО претставник на Република Бугарија?????????????????

зошто иако најавени другата група новинари беше оневозможена да разговара, не им се даваше акредитација, беа пракани лажни броеви за контакт, и не беше погледаната обемната документација - НЕЛИ Е ОВА ДЕБАТА ???

да редам кој се Калцин и Јорго???

Ај да пробаме со одговор на прашањава, иако веќе одговорив на повеќето, т.е. го кажав моето мислење.

1. Секуловска и компанија веќе кажав дека НЕЗНАМ што бараат, т.е. не ја знам причината зошто баш тие се поканети. Исто кажав дека и јас не сум импресиониран од изборот на новинари, пособно зошто не се направил по-интелигентен и шаренолик избор. Новинарите колку удел имаат во криминалот на А1 не е докажано, ако воопшто имаат, и би било фер да не го асоцираме (сеуште недокажаниот, иако веројатен) криминал на Рамковски со нив. Настрана тоа, овие новинари се сеуште НОВИНАРИ, посебно околу политика. А1 може не работи, но тие со тоа не ја губат струката новинар. Како успеале да влезат таму треба да се прашат во ЕУ затоа што тие ги поканиле, и подобро така, нема сигурно на власта да и дадат да бира. Имаше веб сајт каде јасно стое дека биле поканети од ЕУ.

2. За организаторот на протестот не знам ништо, но од мене имаше (и има) поддршка протестот против полициска бруталност како таков.

3. Не разбрав ова што е. Не сум запознаен што и кои се овие.

На крај, велиш дебата. Ок, дебата не е форум. Не ги собира сите во просторијата, затоа се работи со покани. Како влегле Миленко и тајфата и кој нив ги финансирал е вистинското, и далеку поинтересно прашање мора да се согласиме. И на крај да се потсетиме, на Миленковците име беше дозволено да бидат дел од панелот (и јас незнам како), тие седеа во своите комфорни столчиња се додека не направија намерен инцидент. Од кога направија инцидент и почнаа да се дерат ко пред кооперацијата им беше покажана вратата, сосема легитимно. Ако ти ме навредиш на форумот или јас го направам тоа - ќе летне бан. Исто е и таму, и секаде каде што има ред.
Гркот, уште еднаш да повторам, реагираше типично балкански и селски и треба и тој да лета.
 
E1B56F8C79FEBF42B2A78DF51FFB7D16.jpg

Двете групи македонски новинари кои вчера учествуваа на панел-дискусијата во Брисел целосно ја посрамотија и дискредитираа професијата, оцени вчера Здружението на новинарите на Македонија кое се огради и го осуди нивното однесување.
ЗНМ го осудува и однесувањето на европратеникот Јоргос Шацимакакис, кој вчера на дебата за состојбата на медиумите во Македонија организирана во Европскиот парламент, навреди македонски новинари со погрдни зборови.
- Сметаме дека европратеникот Шацимакакис треба да се однесува со почит кон македонските новинари како што се однесува кон секој европски новинар - нагласува ЗНМ.
Организација на новинарите во земјава смета дека скандалот е резултат на партиско новинарство која се развиваше во изминатите дваесет години.
- Наместо дебата за подобрувањето на состојбите две групи новинари се потрудија да ја дисквалификуваат работата на ЗНМ водејќи се од лични и други интереси спротивни на интересите на новинарите во Македонија. Овие новинари кои излегуваат со есктремни спротивставени ставови, не ја одразуваат реалната состојба на медиумите и новинарството, туку претставуваат исполитизирани ставови за слободата на медумите.


Најголем дел од овие наши колеги се дел од проблемот на македонското новинарство и не можат да бидат дел од решението. За нас овие скандали се очајнички обид да се одржи состојбата на статус кво во новинарството, од кое најмногу профитираат овие колеги - се потенцира во соопштението на ЗНМ.

Во реакцијата се потенцира дека нема да дозволи мала група на новинари да претстави во јавност погрешна слика дека виновни за лошата состојба на медиумите се самите новинари.
- Најодговорна за овие состојби е актуелната власт, но од одговорност не можат да се амнестираат и сите досегашни влади. Неприфатливо е при известувањето за овој настан новинарите да користат меѓусебни дисквалификации и навреди и говор на омраза.
За осуда се и повиците за линч на новинари заради сопствените ставови. Проблемите на медиумите и новинарите се решават во Македонија, а меѓународните институции можат да го помогнат процесот. Најдобар начин да се решат проблемите е да продолжи започнатиот дијалог меѓу ЗНМ и другите професионални здруженија со државните институции - се нагласува во реакцијата

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=9F4BEE41B845BC4D9C1422591C5CA387
 
Каде пишува дека Борјан и остнанатите плукале по се живо ,па во Дневник каде што имаше цела репортажа од настанот поради учеството на нивен новинар не пишуваше дека овие плукале на дебатата по Македонија ,тие говореле после излегувањето од просторијата на Мирка и Миленко значи дотичните не сведочеле на никакво плукање од страна на Борјан и останатите,а сепак ги нападнале дека се предавници.
Ги прочитав сите коментари ,сите и нешто кажуваат и дискутираат ,ти ко навиен цело време едно те исто она болдираното ,цело време една реценица во десет варијации а со исто значење ,така да ако има некој што нема што да каже си ти ,не те навредив ,само не може човек да не констатира дека цело време се повторуваш во темава со коментари па решив да те прашам што е работата
Не знам за што треба да ги оправдувам кога ниеден од вас не кажа што направиле погрешно во дадениов случај ,дај цитирате нешто што било кажано од нив против Македонија сега на дебатата па за да дискутираме,не знам зошто не би разговарала за лицата Борјан и останатите ама ајде дајте тесто за да месиме ,без тесто што впрочем ние месиме ,воздух????

Не бе европски пратеник со грчко потекло и застапувач на грчки интереси ги повикува поранешните новинари и членови на невладина сите под капата на Владе Милчин за да кажуваат златни работи за земјава. Повикани да говорат за слободата на медиуми во Македонија. Со оглед на сценариото на А1 сигурно тие се најубаво ќе кажат после часовите по глума.
Треба ли да се трошат зборови за да се објаснува нивното гледиште кон Македонија и Македонците низ месеци и години наназад? Треба ли да се објаснува како настапуваат сите под капата на Владе и пиљарот? Објаснувања бараат само оние кои не знаат како да ги бранат, токму тие како тебе кои се обидуваат истата тема да ја однесат во друга насока. Според насловот темата не е само за оваа дебата а според досега нивниот придонес на сите освен тебе ни е јасна причината за нивното присуство таму.
И повторно го занемаруваш недоличното однесување на европратеникот кој застапува грчки интерси.

Ти имаш намера со мене да се расправаш ќе ти речам повели на пп кажи си ги маките.

Бидејќи те мрзи да читаш ова е воведниот пост.
Колумната на другачката. А Тања бре сопствената мајка и е овца за неа според нејзината изјава?
Години наназад да коментираат лошо за сопствената земја (не само власта) и притоа здружувајќи се со грци.

Ај сега ти напиши по некој убав збор за гркот, заТањица, за Секуловска, за Борјан, за Беличанец, за Милчин, па после почни да ме навредуваш мене и после овие другиве тројца.
 
Си го слушнал негде ова ама не знаеш да го употебиш не му го знаеш значењето,Миленко и Мирка може колку сакаат да ги навредуваат ич не ме дира
Е ај веќе кога се понуди дај ти објасниго значењето, па за во иднина да ми е појасно и мене и на другите кои ете не знаат.

Јас зборував генерално за сите граѓани на државата, што значи и за овие. Сега тебе ако не ти се по вкус или си земаш право ти да кажуваш за кој смее а за кој не смее да не дира тоа е друго и така можеш само дома кај тебе да си кажуваш , а за тоа дека тебе ич не ти дира , тогаш можам да ти кажам дека мене не.

Ич ама ни најмалце ку..т не ме заболе дали тебе нешто и некаде те дира или не, и на што тоа ти се дираш.
 
Пошто А1 ја нема веќе не можам да ви го пастирам линкот кој беше на оваа телевизија, така да долуспоменатото е превземено од еден форум каде своевремено била ставена веста од А1

Талер: Лектира за Мирка, Латас и Миленко

Тања Милевска
08.03.2011 18:51

``Зоран Талер им препорачува лектира на Мирка, Миленко, Латас и компанија во неговиот одговор на нивното невкусно писмо до Европскиот Парламент во кое тие ги вреѓаа и напаѓаа речиси сите амбасадори и европратеници кои највеќе и помогнале на Македонија во изминатите години.

Талер ги повикува петтемина на отворено соочување и дебата.

На писмото на Латас, Мирка, Миленко и компанија, европратеникот денеска одговори смирено и со факти, потсетувајќи на неколку основни принципи.

„Вашето писмо отвора многу прашања“, пишува Талер.

„Легитимно е да се запрашаме зошто една група независни новинари би имала потреба да испраќа писмо со толку политизирана и идеолошка содржина до пратениците во ЕП.

- Новинарите и уредниците имаат задача да се осигураат дека новинарските професионални стандарди се почитуваат“.

Во писмото во кое петтемина странците ги нарекуваат непријатели на Македонија потсеќа на некои други времиња, вели Талер.

„Во минатото некои режими биле многу инвентивни во постојаното измислување внатрешни и надворешни непријатели на државата. Успешните демократии се способни да разговараат за проблемите додека авторитарните режими имаат постојана потреба да ги истакнуваат своите „успеси“. Се надевам дека Македонија нема да тргне по тој пат“, им пишува Талер.

Тој потоа им одржува куса лекција за тоа што значи членство во ЕУ, како функционира оваа организација и потсетува дека процесот на зачленување во Унијата се темели на низа договори и документи кои се достапни и транспарентни.

Тој се согласува дека работата на дипломатите може да биде предмет на критика. Но не и да се нарекуваат „непријатели на Македонија“.

Известувачот за Македонија понатаму пишува и за неколку непријатни искуства што ги имал со некои медиуми во земјата кои погрешно ги пренесувале неговите изјави.

За крај, Талер на петтемина потписници на невкусното писмо им препорачува да се фатат за книга и да ја прочитаат „Злосторство во 19.30“ , „балканските медиуми во војна и во мир“ на Кемал Курспахиќ која „елоквентно образложува, колку катастрофална улога може да одигра „активистичкото новинарство“ во едно општество“.``

Болдот се надевам го видовте.Пред три дена во брисел на Панел требаше да се дискутира за состојбите во новинарството во Македонија``, кога од петтмината кои во март биле повикани на ``јавно соочување и дебата`` тројца од нив отидоа ( доудуша овој пат без покана да учествуваат) се случи malakа malaka

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=DBOYjSiqDlc

А за советите што да се чита од г-дин Талер во овој едиторијал убаво му напишале:

Prime time crime
22.03.2011

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=198A5CDC91B3C0439A94E08379E0DF6C

Словенечкиот европратеник Зоран Талер вчера поднесе оставка откако весникот „Сандеј тајмс“ објави дека тој и уште двајца европарламентарци биле вмешани во корупциски скандал. Според новинарската сторија, Талер се согласил за сума од 12.000 евра да поднесува амандмани од име на некои лобисти. А, лобистите биле новинари.

Овој словенечки политичар, кој постојано ја препорачуваше книгата на босанскиот новинар Кемал Курспахиќ „Злосторство во 19.30“ („Prime time crime“) сега ќе треба да ја објасни својата позиција.
 
arifi-sacimarkakis-500.jpg


...Во него се додава дека еропратениците изразиле очекување Македонија со забрзано темпо да работи во остварување на европската агенда и изразија поддршка и помош во овој процес.

- Заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија Теута Арифи, изрази надеж дека Извештајот за напредокот на нашата држава ќе биде реален и избалансиран во пораките за нашите достигнувања на политички и економски план и ќе ја повтори препораката за отпочнување на преговори за членство во Унијата. Упатените критики Република Македонија ги разбира како позитивни укажувања, мотив повеќе и насоки во реализацијата на активностите во процесот на приближување кон Унијата, стои во соопштението.

http://kurir.mk/makedonija/vesti/43175-Arifi-ostvari-sredba-so-Sacimarkakis
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom