Фан Клуб: Барселона

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.752
Поени од реакции
22.972
абе знам дека миленик ви е абидал ама то шо е катастрофа моментално е колку сакаш ти кажвај и не беше една грешка туку две, и двата со кеита ја кочат играта
Не зборувај така ќе ти се смеат. А, потцртаното ти е ептен царски. Штом биле 2, а не 1 грешка, онда ти признавам, стварно бил катастрофа Абидал.
И како тоа Абидал кочи игра кога игра стопер, пријателе? Кога и да дојде до него топка, секогаш најлесно се ослободува од неа, без никаков страв, не за џабе го викаат King of cool.
 
Член од
9 март 2011
Мислења
1.944
Поени од реакции
905
Само заради тактиките на Пеп,пробањето на 3-4-3 формацијата ние не му бегаме на РМ со 5 бода туку само со 1....
 
I

IBIZA SOUND

Гостин
bez nervozi decki,mozebi od edna strana mnogu zagubivme od ovoj natprevar,no od druga starana i mnogu dobivme
taka da se na se dobro e. A messi cesk povtorno dodavaat megju sebe,samo mene me zagrizuva pep nekako mnogu eksperimenti si prave :)
 
Член од
9 март 2009
Мислења
999
Поени од реакции
392
Тоа е тоа момци,иако на крајот можевме да си заминеме и со 3 бода,сепак е добар и овој резултат,и пеп повторно ја прави истата грешка со таа формација,јас мислам дека ако излезевме на овој меч со стандарната формација,ќе стигневме до победа...се надевам само дека на наредниот меч против Атл.Мадрид нема да излеземе со ваква формација,со тројца во одбрана,инаку ќе биде тешко и на тој меч да стигнеме до победа..
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.752
Поени од реакции
22.972
Само заради тактиките на Пеп,пробањето на 3-4-3 формацијата ние не му бегаме на РМ со 5 бода туку само со 1....
А, финтата е да играме добро, да се одберат најдобрите можни формации на почетокот на сезоната и да освоиме титула?
или
да му бегаме 5 бода на Реал на почетокот на сезоната?
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.883
Поени од реакции
10.416
А, финтата е да играме добро, да се одберат најдобрите можни формации на почетокот на сезоната и да освоиме титула?
или
да му бегаме 5 бода на Реал на почетокот на сезоната?
Ако му бегаш 5 бода значи веќе си ја нашол идеалната формација. Другиот натпревар нека го стави Кеита во напад поради мирниот карактер, Алвес голман и да игра 2-7-1 формација.
 
Член од
9 март 2011
Мислења
1.944
Поени од реакции
905
А, финтата е да играме добро, да се одберат најдобрите можни формации на почетокот на сезоната и да освоиме титула?
или
да му бегаме 5 бода на Реал на почетокот на сезоната?
Играњето добро,одбирање на тактики без освоени 3 бода е еднакво на мизерија.Мисли се човече,во 4 меча Барса киксна на 2,И ? Дали ова го правевме последните сезони ?Наместо перфектно да играме и да ја искористиме приликата дека ги имаме во тимот Цеск и Санчез,ние губивме веќе 4 бода за џабе,за експериментите на Пеп.Со вакви експерименти не се освојува титула....
 

Johnny Tran

You OK, Freckles?
Член од
25 јануари 2011
Мислења
1.943
Поени од реакции
1.363
па нека игра со истата постава и против атлетико, и против реал и ќе земеме 10 место :tapp:

уште кога видев составо пред да почне уткамицата, стемни ми се пред очите
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.752
Поени од реакции
22.972
Само едно ќе кажам, ако од секогаш во Барса вака се гледало и се критикувало БЕЗ ВРСКА за секој 1 натпревар одигран 2-2 на Местаља, во кој ние доминиравме, ако одсекогаш вака одма се барало играчите да си заминат, Барса сега немаше да постои.
Знаете ли колку години се градеше Барса за да го достигне сево ова?
После згаснувањето(условно речено) на Дрим Тимот на Кројф, бевме изгубени во просторот, па со победата на Лапорта на изборите(2003) и со донесувањето на Рајкард за тренер, малку мрднавме нагоре, за да го достигнеме врвот со легендата Гвардиола.
И сега вие(некои од вас) за 1 натпревар кој не сме го победиле овде се правите поголеми стручњаци од Гвардиола и Тито заедно.
Оладете и гледајте малку подолгорочно. Уствари најарно е сега, на спиење, а утре со ладни глави да пишувате. ;)
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.883
Поени од реакции
10.416
Брат, јас почнав да навивам за Барса во период во кој беа 15ти на табела. Поразите тогаш не болеа толку колку што болат овие резултати деновиве - тогаш толку можеа со Габри итн. и никаква атмосфера со претседатели. Што им фали сега па да си играат мајтап? Валенсија можат да ја победат мижејќи, која беше причината за мајтап играње? Боли кога знаеш дека можат ама си играат ташак.
 

Johnny Tran

You OK, Freckles?
Член од
25 јануари 2011
Мислења
1.943
Поени од реакции
1.363
Само едно ќе кажам, ако од секогаш во Барса вака се гледало и се критикувало БЕЗ ВРСКА за секој 1 натпревар одигран 2-2 на Местаља, во кој ние доминиравме, ако одсекогаш вака одма се барало играчите да си заминат, Барса сега немаше да постои.
Знаете ли колку години се градеше Барса за да го достигне сево ова?
После згаснувањето(условно речено) на Дрим Тимот на Кројф, бевме изгубени во просторот, па со победата на Лапорта на изборите(2003) и со донесувањето на Рајкард за тренер, малку мрднавме нагоре, за да го достигнеме врвот со легендата Гвардиола.
И сега вие(некои од вас) за 1 натпревар кој не сме го победиле овде се правите поголеми стручњаци од Гвардиола и Тито заедно.
Оладете и гледајте малку подолгорочно. Уствари најарно е сега, на спиење, а утре со ладни глави да пишувате. ;)
сложувам се со тебе, али пеп нека експериментира со вакви формации против послаби екипи, шо играт бункер, а не против една валенсија на местаља. оваа грешка ја направи и со милан
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.752
Поени од реакции
22.972
ОК, ве сфаќам, ама баш оти имам доверба во Гвардиола и во играчите, ќе речам дека овците се бројат во Мај. :)
 
Член од
9 март 2011
Мислења
1.944
Поени од реакции
905
Само едно ќе кажам, ако од секогаш во Барса вака се гледало и се критикувало БЕЗ ВРСКА за секој 1 натпревар одигран 2-2 на Местаља, во кој ние доминиравме, ако одсекогаш вака одма се барало играчите да си заминат, Барса сега немаше да постои.
Знаете ли колку години се градеше Барса за да го достигне сево ова?
После згаснувањето(условно речено) на Дрим Тимот на Кројф, бевме изгубени во просторот, па со победата на Лапорта на изборите(2003) и со донесувањето на Рајкард за тренер, малку мрднавме нагоре, за да го достигнеме врвот со легендата Гвардиола.
И сега вие(некои од вас) за 1 натпревар кој не сме го победиле овде се правите поголеми стручњаци од Гвардиола и Тито заедно.
Оладете и гледајте малку подолгорочно. Уствари најарно е сега, на спиење, а утре со ладни глави да пишувате. ;)
Да изгубат натпревар во кој играат со сите сили,трчаат како будали,играат во нормална формација никој нема да ги критикува.Но,што е најлошо,сами сме криви што губиме безвеза бодови.
Дали некој го критикуваше Пеп или играчите при 2-2- на Бернабе за супер купот оваа година?Не....Зошто?Затоа што играа како што знаат и можат.
И никој не треба да бара да си замине некој играч,само бараме поголема заинтересираност.Како да Пеп чека РМ да киксира па овој да прави некојси експеримент.Не ми е јасно...
п.с: И да освоиме титула годинава,пак ќе плачам за овие изгуббени 4 бода...
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.541
Поени од реакции
4.078
Видете, критика треба да стои, али плукање во никој случај, незнам зашто некои буквално плукаат по Пеп и по поедини играчи, нема потреба од тоа.
Пеп ни донесе 12 титули од можните 15, ниеден тренер не освоил толку титули за 3 сезони во било кој топ клуб, апослутно не треба да се плука, а дека заслужува критика за натпреваров заслужува.

Прво, мораше да знае дека Валенсија се убитачни по контри, го имаат Банега на средината, играч кој што е одлично технички поткован, играч кој што знае да даде одличен пас и да отвори простор.
Второ, Валенсија е тим со одлични крила и одличен шпиц во името на Солдадо.
И трето, играа на домашен терен.

Заради овие 3 работи мораше да започне со стандардната формација 4-3-3, мораше да имам позади 4 одбранбени играчи а не да игра со Дани како крило на овој натпревар.

Формацијата 3-4-3 е одлична за полнење, ама очигледно само зо слаби екипи, екипи кои не се обидуваат многу да нападнат, екипи кои немаат брзи крила, нешто што го има Валенсија. И ако сака Пеп и понатака да ја фура 3-4-3, тоа нека го прави исклучиво на домашен терен против екипи кои се дојдени само да се бранат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom