gooner4life
Arsenal-Maniak
- Член од
- 11 јули 2008
- Мислења
- 7.037
- Поени од реакции
- 1.567
И нажалост, додека не сфати народов дека НЕ Е СРАМ да се говори со специјализирана личност за своите психички проблеми, ќе биде како што велиш на терет на другарот...Муабетот е треба чоек да те ислуша понекогаш... во западно европските држави тоа е психолог, кај нас тоа е комшијата/другар. На запад се плаќа за тоа, кај нас уште е гага.
И се додека маалските трачови се актуелни нема да има поголем просперитет од психолог во основно/средно училиште. Кога секој ќе почне да си ја гледа сопствената мака и работа и нема да го интересира дали комшијата спружил алишта однопаку или на лице, тогаш можеби психологот ќе има поголема функција.
Лично се осеќам како психолог на многу мои другарки , а од нив знам само една која од време на време посетува психолог, и да најголема збунка е тука што луѓето ова го мешаат со поимот ПСИХИЈАТАР. Не Психијатрите можеби имаат по друга задача, но луѓе психолозите се само луѓе кои може да ни помогнат да ги исфрлиме сите свои вдлабено во себе емоции и чувства со такви потпрашања што уствари ние и самите можеби не знаеме дека тие веќе со време се темелат во нашите нерви... и чекаат миг кога да експлодираат.