Алкохолот како гориво

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.179
Поени од реакции
2.859
Возраст
40
Моторите на алкохол се еколошки и со поголем степен на искористеност на горивото. Најдалеку во реализација на таа идеја отиде далечниот Бразил.
Идејата дека моторот може да користи и други погонски средства освен нафтата и нејзините деривати е стара неколку децении. Приказната за примената на алкохолот во автомобилската индустрија во Бразил почнува во далечните шеесетти години, т. е. во времето кога владата на најголемата јужноамериканска држава одобри средства за проект кој имаше за цел да се намали увозот на нафтата во таа земја. на почетокот етанолот се добиваше од шеќерната трска што во Бразил ја има во изобилство.
На почетокот се појавија многубројни проблеми што е и нормално при почеток и развиток на секоја нова технологија. Произведувачите требаше да ја усвојат и да ја усовршат технологијата на производството на алкохолот, да ја намалат неговата производна цена и на крајот да започнат со производство на мотори на алкохол.
Уште во далечната 1976 година, во време кога на Бразилскиот пазар се појави познатиот фиат отпочна да се размислува за користење на алкохолот како погонско гориво. Така настана познатиот модел Фиат 147. Со производството на овој модел отпочна реализацијата на идејата на Бразилската владина програма. Кон крајот на седумдесетите се отпочна со масовна примена на алкохолот како погонско гориво. Моторите на аалкохол во наредниот период бележат се поголем раст, а најголемата експанзија производството на моторите на алкохол, доаѓа период на влегување на странскиот капитал во Бразил, што резултира со пад на производството и во 1998 година престанува да се произведуваат автомобили на алкохол. во тоа време голем број лиценцни проекти останаа недовршени, меѓу нив и денес познатиот и атрактивен VW Beetle.
Алкохолот кој обично се користи како погонско гориво за моторите со внатрешно согорување, е 93% етанол, добиен со преработка на шеќерна трска. Алкохолот е еднокомпонентно гориво за разлика од бензинот кој е составен од лесни и од тешки фракции на нафтата. Имено, станолот испарува во потесен дијапазон на температурните граници за разлика од бензинот кој континуирано испарува во зависност од температурата. Ова својство и на едниот и на другиот погонски агрегат директно влијае врз ладниот старт на моторот. Бензинските мотори полесно стартуваат при температурите под нулата, додека подвижувањето на моторите што работат на алкохол е отежнато веќе на 15 степени c, бидејќи алкохолот не е испарлив во сите температурни услови.
Спротивно на тоа моторите што работат на алкохол работат во режим на многу поголем степен на искористување на погонското гориво. Причина за тоа е фактот што етанолот содржи во себе 35% кислород и истиот го користи во процесот на согорувањето. Данапоменам дека процентот на кислород во бензинот е 0%.
 
Една напомена, алкохол се добива од овошјето т.е храната така да што сакате повеќе да бидете најадени или навозени
 
Нешто слична е прикаската и во европа, со био дизелот. Според она што го читам на нет, био дизел се прави од било кој матерјал кој содржи јаглерод: трева, лисја... Така да со распаѓањето, можи да се издвојат јаглеводородите и да се произведи био гориво. Ама како и секое решение, така и ова, си дреми во нечија фиока, додека нафтата ем ја снемува ем ја плаќаме едно 4-5 пати повеќе споредено со пред 20 години.

Една напомена, алкохол се добива од овошјето т.е храната така да што сакате повеќе да бидете најадени или навозени
Кој рече дека мора едното да страда за да го има другото? Имаш инфо колку тони храна се фрла од домаќинствата низ европа и америка... се тоа можи да се преработува за био гориво. Ако се сака.
 
@Dzish
Па има право Chemical Angel Што пишал дека мора едното да страда бидејќи нашиов свет не е UNLIMITED. Tака да сите тие производи, дали биле овошје,зеленчук итн, треба да се искористат за најпаметното нешто, односно според мене за живот. ПОшо незнам дали гледаш али во светов скоро
 
Дали некој слушнал, видел, прочитал, за македонецот кој правел гориво од пластични шишина???????
(ме мрзи да барам на гоогле)
 
Една напомена, алкохол се добива од овошјето т.е храната така да што сакате повеќе да бидете најадени или навозени

Тогаш ќе има поголема причина да се посади повеќе овошје. Има алкохол што се произведува по вештачки пат, не е ова алкохол за пиење, може да се произведи вештачки па пак да се вози.
Исто така ако посадиш повеќе ќе имаш повеќе, нема да се појави глад, веруј ме пошто ти нема в резервоар да ставиш едно јаболко а тоа да се претвори во алкохол:)
 
За воа алкохолов незнам ама знам дека колите можат да работат и со зејтин, ова го видов мислам митбастер го напраивја исто работи колата нема разлика помеѓу бензин и зејтин.Звучи чудно ама тоа е:)
 
Дали некој слушнал, видел, прочитал, за македонецот кој правел гориво од пластични шишина???????
(ме мрзи да барам на гоогле)
ништо ново. он прави на некој начин реверс на продуктот, затоа што пластиката е нафтен дериват. во светот тоа го правеле пред 20-30 години и еве сега некој македонец го направил истото... инаку мислам дека од струга е човекот...
 
Знам од што се прави пластиката! Но пред некој ден слушнав за човекот во МКД. Па се прашував дали е точно тоа, очигледно дека е ДА. Дали има некое видео, или слики на нетов. баш би сакал да видам.
Факт е дека се повејќе се оди на тоа да се рециклира материјата и повторно да се користи. Нели материјата не се губи , само ја менува нејзината форма.
 
да не беше тоа за енергијата а?
 
Согорувањето на алкохолот нема влијание врз ефектот на стаклена градина. А Најголемата предност на алкохолот во овој аспект е тоа што се добива, од биомаса што се обновува, за разлика од нафтата која од таа страна е ограничена и ќе ја снема до капка до 2040 година...
 
Не, за материјата беше. (отвори учебник по физика или хемија од осмо или помало одд.)
мене ли најде да ми кажуваш? јас сум во бизнисот со електро хемија. те зезав малку, затоа и ти го поставив прашањето... да во право си ама сега веке половично.... материјата не се губи, само ја менува својата форма... ама и за енергијата е исто... не се губи туку се трансформира од еден тип во друг...
 
Не, за материјата беше. (отвори учебник по физика или хемија од осмо или помало одд.)
Не си во право. Енергијата е таа што преминува од еден во друг вид и не може да се уништи или создаде од ништо.
--- надополнето: Sep 20, 2011 1:21 PM ---
мене ли најде да ми кажуваш? јас сум во бизнисот со електро хемија. те зезав малку, затоа и ти го поставив прашањето... да во право си ама сега веке половично.... материјата не се губи, само ја менува својата форма... ама и за енергијата е исто... не се губи туку се трансформира од еден тип во друг...
А материјата што е? Исто така енергија. секоја материја е различна интерпретација на енергијата со различна фреквенција...
 
Не си во право. Енергијата е таа што преминува од еден во друг вид и не може да се уништи или создаде од ништо.
--- надополнето: Sep 20, 2011 1:21 PM ---

А материјата што е? Исто така енергија. секоја материја е различна интерпретација на енергијата со различна фреквенција...
Абе дечки , пред 12 год завршив со овие хемија и физика, па сепак добро ми е сеќавањето НЕЛИ :cool: Поздрав!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom