Tој аргумент не држи ама баш воопшто вода...никој не ја негира фантастичната игра против Шпанија,ниту против Литванија,итн...но денес,во веројатно единствената шанса во кариерата на Влатко Илиевски и Гечевски да освојат медал на големо натпреварување целиот тим освен Бо и Илиевски потфрли.
Не е проблем кај Дамјан што не знае да даде кош од едно метро,да одиграше добар меч,ке се прости...затоа на крај требаше да шутнат или Бо или Владо затоа што ја заслужија таа одговорност.
Проблемот е што Дамјан не погоди ништо,направи 3 фаули кои не ставија во бонус за 1 минута,заради кои директно не водевме по 3-та четвртина и направи 4-ти фаул на 4 секунди пред крај на истата,фаул без топка,со кој им подари уште два поени на Русите со кои водеа 52-50 наместо да влеземе во последната со нерешен резултат.Колку пати во текот на првенството правеше такви фаули?Фаул за 3 во последна секунда,фаул-кош,итн.
Една работа е умор а друга 3 фаули на Самарџиски за 2-3 минути,надвор од рекет,бунари и изгубени топки на Чековски,итн.
Јас сум прегорд на играчите и затоа ми е толку криво што не се враќаат со медал...не за мене,за нив.Уште повеќе ми е криво кога ќе видам дека немаме младина.Па луѓе мои играме со 5(со Гечевски 6)
играчи цело првенство.Освен 2-3 тројки против Грција,Чековски,Дамјан и Соколов тотално потфрлија и Докузовски не можеше да ги одмори првите 5 ни минута без да падне резултатот.
Срамота е да се ставаат Соколов,Чековски и Дамјан во исти пакет со Бо и Илиевски...тоа е реалноста,а ако сакаме да се мериме кој е поголем патриот ти можеш слободно и Симоновски да кажеш дека имал придонес во играта.
Како и да е,не знам за другите ама по 20 години спортска беда не можам да го игнорирам фактот дека изгубивме ваков меч,боли и нема утеха.
Пред 2 денови напишав пост по мечот со Шпанија,дека најмногу сум горд на фактот што овој тим игра со самодоверба,верба и без страв...Дамјан денес покажа дека сеуште треба да јаде вреќи леб за да има таков менталитет,затоа што немаше никаква верба во самиот себе,слика што ја гледаме 20 години наназад.