Македонија - Русија, (меч за третото место) 18.09.2011, 16:30 часот

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ќе победиме ?

  • Да!

    Гласови: 236 86,8%
  • Да!

    Гласови: 36 13,2%

  • Вкупно гласачи
    272
Докузовски на крај плачеше ако не приметивте!
 
Симич има нови веѓи, малер! :pos:

simicvegja.png

Ахахаха ме изнасмеа за сите пари... :)))
 
Многу слабо игравме, комплетно како тим не функциониравме добро а ни како поединци, се на се комплетно слаба игра од сите наши играчи а со таква игра тешко сепобедува Русија.
Од Дамјан невидов ништо добро изиграно ни на еден меч од ова првенство, и мислам дека не заслужува да игра понатаму а особено не во клучни моменти како овој со Русија. :)
Брат, сфаќаш дека со ова си потпиша смртна пресуда?!?!
 
БРАВО МАЈСТОРИ,БРАВО ЅВЕРОВИ,ШО МОЖЕМЕ ДА КАЖЕМЕ ОСВЕН БРАВО!!!!
Иначе кога ќе посакате да го пцуете Дамјан нека ви текне дека никој не очекуваше ни ГРУПИ да поминеме,па така да 4то место е премија за нас.
 
Ни Русите не беа нешто подобри ама ете животот продолжува понатаму се додека не освоиме прво место баскет не правам муабет и точка.
 
Јас Дамјан на првенствово го паметам само по лошо...
Прва грешка што му ја паметам е личната над Домеркант при удар за три, на секунда до крај на прво полувреме:tapp:
Домеркант ги даде сите, после тоа се извадивме...
И со Шпанија направи таква грешка....
Денеска 3 лични за 30 секунди...
И капакот промашувањето...
Сепак очекувам да се врати посилен од се, и во иднина да биде шутерски лидер на репрезентацијата...
Што знам после можеќе размислувам поубаво, али сега сум крајно разочаран.
Едноставно по очајното прво полувреме, мораше да го добиеме мечот.
Го имавме во рака, 3 поена предност, 4 лични на Кириленко, на Мозгов на Ворночевиќ...
И сетоа тоа да не се искористи...:place:
Самарџиски катасторфално изигра во одсбрана откако влезе...
И ова е голем успех, преголем...:cuc:
Ама влакно бевме до медал:place::place::place:
 
Секој може да згреши, големи ѕвезди грешеле во клучни моменти. Тоа дури и не беше кош за победа, но ќе не оставеше во живот. Како и да е, нормално е екипа со 7 души на терен која одигра 12 утакмици во жестока борба, да почне и да греши. Дури и во таква состојба ние дадовме се од себе, за разлика од некои „фаворити“ кои се прошетаа на Еуробаскет и се вратија дома.

Дамјан и Македонија, главата горе!

За русите, ни фалеше уште еден центар, затоа со Тоше во состав ќе ги победиме на турнирот за Олимпијада. Ставете си во букмарк ако сакате.

Честитки уште еднаш до сите играчи и стручниот штаб за се што направија.
 
Ајде честито нека ни е, истотака честито и на нашите кошаркари. Направија Историја за нас, за прв пат сме меѓу четирите најдобри земји во Европа!
Тоа што му се случи на Дамјан, може да му се случи на секој!
Ало луѓе зарем малку направија за нас ?? 4 место не е малку, сите балкански земји се зад нас!
Уште еднаш честитки до нашите кошаркари!

И Русите заслужуваа, замислите само еден пораз имаше Русија и тоа од Франција!
 
Не постои медал кој може да ја награди играта на овие момци, срце оставија на терен и го кренаа целиот народ на нозе повеке пати.

Затоа вечно ке им бидам благодарен.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom