- Член од
- 19 март 2011
- Мислења
- 18.984
- Поени од реакции
- 40.199
Една несуштинска забелешка, чисто про форма.Ти имаш премногу прашања околу сето ова, меѓутоа се сомневам дека на повеќето од нив има одговор. Не дека "никој го нема одговорот", туку дека прашањата немаат смисла. Ова е многу чест случај кога лаици или дури филозофи се впуштаат длабоко во научни теми.
Исто е многу често кога самата наука не се разбира себе си, или не може да ги дефинира самите поставки на кои е базирана, без помош на филозофијата.
--- надополнето: Sep 18, 2011 8:03 AM ---
После книгата на Попер, Бедата на историцизмот, совршено е јасно дека било кое дрндање за иднината, и за нешто што се остварува во иднината, а сето тоа гледано низ призмата на денешниот стадиум на развој на науката, е бесмислено фантазирање. На тој начин, Попер на примерот на Маркс ја покажува бесмисленоста на било кој сон за утопијата...Како што реков, дрндање што ќе биде после сингуларитетот е само губење време.
(само си ја бранам фелата, суетеата ми страда после забелешката на Савле за филозофите)
--- надополнето: Sep 18, 2011 8:44 AM ---
Само уште една забелешка, во согласност со претходната. Ако претпоставките на Попер се точни, и ако неговата критика на историцизмот е логички коректна, како што јас мислам дека е, тогаш има еден непријатен заклучок за трансхуманизмот. Имено, и самиот бесконечен експоненцијален раст на науката, иако многу веројатен, не е извесен. Ние него го претпоставуваме базирајќи се воглавно на она што се случуваше во втората половина на 20 век, но ние не можеме со сигурност да тврдиме дека тоа така и ќе продолжи. Можеби зад првиот агол не чекаат во принцип ненадминливи препреки, еве да речеме во областа н АИ. Базирајќи се на сегашниот стадиум на развој на науката, ние можеме само да се надеваме дека нема да биде така...
Чисто методолошка забелешка, но мора да ја земеме во предвид...