Помош, софтверски проблеми и совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Sase91
  • Време на започнување Време на започнување
Сега му реков и тоа да направи, фала иначе, инаку Ф8 се стискаше за сејф мод така?
Одамна не сум користил тоа па сум заборавил.
Да F8. Би требало така да работи. Ако нејќе не знам дали си пробал едноставно десен клик на фајлот Properties>Security и да види дали е селектиран Everyone. Ако не е тогаш кликни Edit одбери Everyone и ок.
 
Google Chrome го користам најчесто и пред некој ден ми се појави под адрес барот „Would you like to change your search engine to google.mk?“ така нешто и стиснав yes. Е сега како може да го вратам назад по дифолт ко што си е, зошто ова на македонски ме нервира, не ради јазикот, туку ми го нема од gmail барот што се јавува кога го користиш Google а доста често го користам. А прво да одам на google.com па да пребарувам нејќам зошто имам навика адрес барот да си го користам како Google :)
 
Како се вика кабелот со кој се поврзува лаптопот со телевизор.На страната од кај лаптопот да биде усб а од страната на телевизорот да биде со пинови?Колку чини отприлика?
 
Ова треба да ти помогне. :)
Поздрав.

Како се вика кабелот со кој се поврзува лаптопот со телевизор.На страната од кај лаптопот да биде усб а од страната на телевизорот да биде со пинови?Колку чини отприлика?
Усб ??
 
Ако мислиш на ваков, чини некаде до 300ден.
images
 
Дали е безбедно и корисно да се инсталираат програми од www.ninite.com автоматски или подобро е рачно?
 
Ако мислиш на ваков, чини некаде до 300ден.
images

Како што можам да забележам ова не е усб туку хдмл излез а а влезот за телевизор е вга порт.Значи мене ми треба со усб и во телевизорот да влегува преку пин (оние црвено,жолто и бело за двд што се коритат).На еден час професорот ни презентираше нешто на ој начин преку лаптопот на телевизорот во училиште и тоа од обичните телевизори.Овој кабел на сликата е за плазма телевизори.
 
Не ми се верува дека било преку усб, туку преку vga излезот од лаптопот. Ваков кабел ти треба. Во Македонија не сум сретнал досега а ми кажаа дека го имало во сите поголеми продавници за компјутерска опрема и бил по 400 денари.. Али го има на amazon и ebay, и тоа доста ефтино по 3-4 долари, само ако има кој да ти го порача..
 
Ne znam dali e bash za tuka ali aj .. sakam da napravam klipce sostaveno od sliki i u pozadiina da ide muzika ... mi kazaa deka mozelo so movie maker ... arno ama ke moze li nekoj da mi objasni podetalno :D
 
Ептен е едноставно.Незнам како да ти објаснам.Ако не го сватиш мувимејкерот како работи тогаш воопшто не почнувај да правиш клипче.Барем клипче со слики е преедноставно да се направи.Јас го користам power director 11 од сајберлинк.Принципот на сите програми за видео едитирање е ист.Кај комерцијалните имаш само далеку повеќе опции но и тие работат слично на принципот на мувимејкер.
 
Ми паѓа нетот секогаш кога работам со домашниот, односно фиксниот телефон. Па да прашам дали е тоа нормално и дали се случува кај сите.
Инаку користам интернет од Макс АДСЛ 30гига, мислам дека коллен сурф2 пакетот. Нормално поврзувањето е со рутерот, со телефонот заедно, веројатно знаете како оди тоа.
 
исто е и кај мене :/
 
Кај мене не е така, ама сум забележал на повеќе места каде што имаат приклучено по ДВА фиксни телефони.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom