Македонија - Русија, (меч за третото место) 18.09.2011, 16:30 часот

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ќе победиме ?

  • Да!

    Гласови: 236 86,8%
  • Да!

    Гласови: 36 13,2%

  • Вкупно гласачи
    272
Ајде Марин ги сакаше Русите зошто полесно ќе биде со нив па да видиме
 
Неколку од Велес што отидоа немаа ни Н од навивачи. Ве молам, да не мешаме политика на сите ни е јасно како се добиваат тие гратиси.

Јас секако немам план да одам и не ми е нити мака нити гајле кој ќе оди, но сакам да ечи салата од нашите навивачи а не да се губат, да не знаат зошто се појдени. :)
 
Јас секако немам план да одам и не ми е нити мака нити гајле кој ќе оди, но сакам да ечи салата од нашите навивачи а не да се губат, да не знаат зошто се појдени. :)
И јас тоа сакам, и навистина не треба да се меша во секое ебано место политика, дури и сега во оваа радост. Треба да одат ВИСТИНСКИ навивачи! Што ќе знаат како да кренат атмосфера, а не да седат таму и да чукаат аплауз некој што еднаш у живот немаат на утакмица отидено. И крајно ме иритира тоа, Владата спонзорира (?) Како тоа Владата спонзорира? Од џеб си ги извадија парите? Мачкање очи, на се да се ќарело поени богати.

Кога веќе пушташ, пушти навивачи, а не по партиска основа, јас се исфрустрирав кога видов кои отишле.

Едит, секој партиски трол што ќе ми реплицира да ми мрчи или да ме разубедува не планирам да му враќам.
 
Незнам зашто,но јас сум некако сигурен дека ќе ги тепаме Русија и ќе ја освоиме бронзата :vozbud:
 

Зошто 10 разлика? Зошто да не на пример...хммм... да им ѕвекнеме тројка на 0.1 секунда до крај? :)

Самарџиски имаше добра изјава денес, дека во трета четвртина почнале да играат на резултат, малку ги понесе тоа и шпанците искористија. До сега имавме успеси по стариот добар рецепт: ги држиш да не се одлепат и чекаш да ги фати паника, пошто се под притисок. Така треба да играат и во недела, макар што ќе биде тешко зошто иако знаат дека никој нема да им замери за пораз, потајно сите горат за медал. Тоа е опасна ситуација, создава притисок. Мора да пробаат да останат со ладни глави.
Првиот болд, истото го приметив и пишав тука. Тука од пресудно значење е и искуството кое го имаат шпанците и добрите и јаки натпревари кои ги имаат скоро сите нивни играчи кои искочија на паркетот. Да се надополнам, како една од поважните причини за поразот е прифаќањето на нивната игра, почнавме да играме брзо, сакавме побрзо да дадеме кош за да резултатски се приближиме и го искористија тоа шпанците.
Јасно е дека играле на резултат кога отидоа на полувреме со поен разлика во нивна полза, али што е тука е.
Вториот болд, викаш горат? Јас ќе речам плачат!!!!
Реално не е невозможно, највеќе од причина што видовме како изигравме против нив и против литванците. Ќе биде многу тежок натпревар пред се од физички аспект за кошаркарите зашто да играш со тоа темпо со кое играа досега не е ни мала работа, но мислам дека со желбата, храброста и паметната игра која ја прикажуваат до сега ќе го надминат тоа барем за уште дополнителни саат време.
 
Што и да биде утре имам само едно да кажам :
265836

http://vukajlija.com/zabava/posteri/265836
 
Колку само на Русите им фали играч од типот на Владо Илиевски, немаат никаква организација на играта ама среќа имаат добри шутери и добар центар па се влечат некако инаку да би бил Владо плеј на русија овие би освоиле се што е можно :)
 
Мислам дека ќе биде срамота ако изгубиме.....
Мислам дека не би требало да дискутираш на теми за кои немаш основно познавање.
Води се според ова правило, не само за спортот, туку и за било која останата дискусија која сакаш да ја започнеш со некого. И можеби нема да излезеш смешна.
 
Едно бронзено медалче добро ќе ни дојде како завршница на ова ЕП,сепак за мене доволно е и другарчињата којшто ни ја претставуваат државата да се вратат со празни раце тие сторија и повеќе од доволно за да бидеме горди и среќни ,а Грците шо ги тепавме тоа ти е исто како златно медалче ,се надевам на дека ќе победиме против Русите и ќе се закитиме со Бронзата . :/
 
Зошто 10 разлика? Зошто да не на пример...хммм... да им ѕвекнеме тројка на 0.1 секунда до крај? :)

Самарџиски имаше добра изјава денес, дека во трета четвртина почнале да играат на резултат, малку ги понесе тоа и шпанците искористија. До сега имавме успеси по стариот добар рецепт: ги држиш да не се одлепат и чекаш да ги фати паника, пошто се под притисок. Така треба да играат и во недела, макар што ќе биде тешко зошто иако знаат дека никој нема да им замери за пораз, потајно сите горат за медал. Тоа е опасна ситуација, создава притисок. Мора да пробаат да останат со ладни глави.

Проблем е што и Русија игра на сличен начин, секако со нешто појака клупа,и се се сведува на среќа, кој ќе го има последниот удар кон кошот, а тоа може да оди both ways...
Франција на пример направи разлика 10-12 и ја одржуваше рутински со Русија цело време.
 
Тесна ќе биде, ќе се игра на нерви. Се надевам ќе ги задржиме до крај. Што би рекол Игорче: така, смирено, пушти ги да се доближат, од тука шутирај колку сакаш... :)
 
Антиќ ќе го истетовира знамето кај срцето
„На градите ќе истетовирам медал, ако го освоиме. А 100 отсто ќе го ставам македонското знаме во пределот на срцето“, порача Перо Антиќ преку српски „Курир“. „Некако сум посилен со тетоважите - ги имам синот, жената, православен крст, се' и сешто“.

Тој се' уште е под импресии од мечот со Литванците, велејќи дека сите, веројатно, ќе завршат на инфузија. „Живееме во тешко време, луѓето одвај составуваат крај со крај, а издвоија големи пари и поминаа неколку илјади километри за да не' бодрат. Па, како да не се бориш?“
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom