W
wernstrom
Гостин
Воопшто не сакав да асоцирам на религиозниот систем на Саудиска Арабија, а ниту малку да ги етикетирам теистите на форумот како радикалци, чисто ја посочив како пример за средина различна од Македонија. Поентата ми беше дека религијата е наметната од средината т.е. она што ти сам го одговори (во Саудиска Арабија би бил вахаби муслиман). Во државите кои ти ги спомна голема е шансата дека би бил католик или православен христијанин (Русија), но што ако ја земеме Индија, Кина, Јапонија... или да речеме си се родил во антички Рим или Грција пред 2000 и кусур години, нормално дека пак би го примал религиозното убедување на средината (би верувал во Јупитер, Сатурн, Зевс, Хера итн итн). Или си се родил во општество кое никогаш не развило концепт за божества?Доколку бев роден во Сауди Арабија, огромна е веројатноста дека ќе бев вахаби муслиман и нешто помала дека ќе бев шиит (има и шиитско малцинство таму). Причините на сите им се јасни -- религиската толеранција во на Саудиска Арабија е речиси непостоечка.
Но, доколку се родев во Шведска, Англија, Канда, Бразил, Русија што ќе бев? Дали е фер исклучивоста на вахабизмот (или било кој друг верски радикализам) да ја пресликаш на сите теисти на форумов? Гледам обвинуваш за cherry picking. Не е ли твоево аргументирање sweeping generalization?